Јас па мислам да не се смири со бившиов и така да се повлече... Иначе многу ме копка што сторил Џексон што мајка му од ум се скрена...
Јас мислам кријат нешто од Џексон, и затоа таа има потпишано таков договор. Најверојатно ќе дознае нешто порано што се случило па ќе и се лути.
Обновена е и за 15та сезона, машала. Се изедначува со ER по сезони. Интересна беше последнава со колачињата, фалеше малку хумор. Или не спремаат за крваво финале.
Искрено мислев којзнае што се крие од Џексон. Оно дедо му дека бил женкар Повеќе драма очекував. Ама ај дека излезе во јавност се крена прашина троа..
Мередит решавачката на проблеми. Омилена ми е Добра беше сезонава, не и фалеше ништо. Имаше хумор, солзи све тоа тоа. Ете епизодава видовме Аризона како ќе замине, сеа остануе Ејприл да видиме. Го ѕирнав промото за финалето, ќе има плачење.
Не е за финалето, туку за последната епизода пред финалето на сезоната, сезоната ќе има 24, а наредната е 23 А имаку Ејприл по промото за 23 се гледа дека ќе доживее несреќа и сигурно така ќе умре
@RainBow има нова епизода на замунда. моментално ја гледам ама не можев да не ти пишам-изгледа конечно ќе се дознае што ќе е со Кепнер.
Спојлер Знам, ја изгледав прееска. Па, ќе видиме дали ќе преживее. Не е поминато финалето. Секогаш може некоја компликација да се случи. А баш сакам да си одјаваат со Метју во зајдисонцето, доста им се несреќи. Ама... Ми се свиѓа со Аризона како ја решија ситуацијата, се надевам така ќе остане, без гол во девееста минута.
Спојлер А ќе има уште епизоди? Се мислев 23 дека се. И јас би сакала да преживеат и двајцата. Јадна колку ги тешеше дека не била донесена мртва а знае дека беше... Ми се допаѓа начинот на кој заминува Аризона. Инаку Џексон колку ја почитува Кепнер ми е за восхит!!
Спојлер Оваа беше 23та, следната е финалето. Џексон какви емоции пренесе кога плачеше и се молеше, и јас пуштив некоја солза, прекрасна изведба. Сакав да кажам, иако сум з Кепнер да преживее, не е малку нереална ситуацијава со Метју? Убаво е да се заедно, ама штотуку умре жена му, кој нели, беше љубовта на неговиот живот, има мало бебе, Кепнер го остави пред олтар, како поминал преку се ова? Па и уште неколку месеци биле заедно. Промото навестуваше дека ќе и се случи нешро, затоа преживеа, ама кога знаеме дека актерката ќе си оди ништо не може да не изненади.
Спојлер Jас се поомневав дека нели, Кепнер му го спаси детето, и потоа се сретнаа во собата за молитва ама ни мене не ми беше очекувано дека така ќе заврши. А и добро е за промена да вадат ликови без смрт. Онака па се умираа, едино Кели што отиде во Њујорк и Кристина за Швајц. Само некако не знам... штуро станува.... фалат луѓе од стариот тим...
Спојлер Јасно беше дека за тоа го вратија Метју, ама лошо го изведоа. Не ја видовме романсата и тешко е да се поверува.
Ауууу, е ова стварно беше пресврт. Спојлер Среќно финале. Најнајнајмило ми е за Овен, ќе биде татко конечно. Не беше толку цврсто нештото со Амелија за да ми биде криво, повеќе ми одговараат со Теди. Аризона со Кали, скоцкано само за фановите, ништо повеќе, не ја ни видовме Кали и не ми е веродостојно ова. Исто како Ејприл и Метју. Па и се венчаа толку брзо. Што ќе биде со Алекс и Џо? Само уште они да си отидат фали.
Спојлер Ја изгледав уште кога ми даде линк ама не пишав. Одличен финиш на сезона. Малце сум тажна да не си отиде Алекс , навистина ми се допаѓа како лик. Можно е и Кели да се врати чим веќе раскинала со девојката во Њујорк, не се знае...како тргнале со исклучување на глумци нема да ме изненади да се вратат.. А баш помислив дека ќе се смират Овен и Амелија иако повеќе со Теди ми одговараат. Инаку кога е следна сезона?