Spoiler тој еднаш го видов да работи, се на некоја се пушта. ко одржувач да изиграва.. баш без везе е. И дефинитивно фали џексон. Се надевам наскоро ќе се појави.
Spoiler Ете, му дадоа дете со рак на the new guy да спаси и сега треба да ни биде неодолив. Not. Одлична беше епизодата со потсетувањето на крај, колку ликови изгуби серијата, а ете, уште е една од најгледаните. Мислев нема да ја гледам после Дерик, ама не додржа срце јуначко... Ејвори важно се врати, фалеше и он. А Овен... Како не му кажа Теди кога и збореше колку сака да биде татко. Како може и да помисли да му го скрати тоа?
Spoiler Леле. Со Делука, сериозно? Па кога имале допирна точка? Го исфорсираа максимално. Не можеа да најдат некој постар, успешен, секси? Овој со Меги беше, или заборавија?
@RainBow мене Делука во ова сезона ми е мнг сексКако одеднаш да стана маж. А она лиглено плавиот не го можам Навивам за Делука
Редно е да стават крај на серијава. Веќе смешно почнува да станува, исцрпеа се што можеа, тонат само подлабоко и ја рушат меморијата на серииштето кое беше грејс во првите неколку сезони.
Spoiler Прозборе италијански и готово. До пред некоја епизода беше решен да трча по таа ДеБело ли беше. И што беше со извисувањето? Не може една порака ли да прати? Ја направија ептен недофатлива дека е.
Не знам како се праи спојлер Мередит недостижна риба ептен испадна Баш ме интересира како ќе се одвиваат работите понатака и на кого ќе му падне .
Spoiler Навистина се смешни. Ко братче и е. Мене никаква хемија ми немаат. Ниту пак со Линк, тој исто ми е несериозен. Алекс ми фали, сакам малку повеќе да го има, ама да не им ја чепкаат врската со Џо. И за Бејли ми е мило. Иако беше многу неправедна со Бен, многу. Копчето за спојлер е горе кај слика што се става и видео, последното во редот.
Досадна последнава епизода, ко за епизода за рушење рекорди. Spoiler Зошто не ја ставиле претходната? Најдолга операција, баш ќе беше соодветно за епизода со која станува најдолга медицинска серија. Леле не можам да ги гледам со Де Лука. Сериозно, одамна толку лош пар немало. Како да се преправа дека е маж. толку недораснат ми е, крајно.
Денес ми е на репертоар последнава. Инаку ко што разбрав уште оваа сезона е. Нема повеќе да се снима.
Се уште не се знае дали ќе ја продолжат или откажат, но многу веројатно е дека ќе ја обноват и за 16та сезона, уште е една од сериите со висок рејтинг на ABC. Можно е 16та да е последна, сигурно ќе има најава, нема туку така да ја откажат по толку време без планиран крај.
Договорот на Елен (Мередит) важи за уште една сезона, значи 16 ќе има, ама дали ќе биде последна, не се знае
Последнава епизода... Одлична, потресителна, сурова, реална. Spoiler Разговорот на Бен со Так, секој треба да го има со својот син. Секој. И за Џо е претажно, да знаеш дека си дошла несакана на овој свет, дека не си производ на љубов, туку на омраза и насилен чин. Кога сакаше да ја фати мајка и за рака и таа се тргна... Едвај како да ја гледаше Џо, нешто што толку сакала да го заборави и се врати како вчера да било. Предобра епизода, одамна немало ваква.
Навистина добра. Жална но добра.. Spoiler Само уште да не го исклучува карев.. Сепак човекот е уз неа за се.
https://ew.com/tv/2019/05/10/greys-...utm_term=418BF78C-7341-11E9-872E-3EE539982C1E Серијата е обновена за уште две сезони. Којзнае дали ќе ја утепаат на крај. Ама сигурно имаат идеја како понатаму, се надевам барем.