Ја гледаше некој денес новава? Ептен ми беше ко на времето - напната. Spoiler: S15E24 Мередит да ја укашка, некој да ја спасува...саобрачајки, тензии до крај. И Теди ме изненади за Овен. Напето и кај овие со шаторов. Едвај чекам следна, не можам да осетам што ќе бидне. Што мислите?
Spoiler Мене не ми беше воопшто за изненадување дека така постапи Де Лука. Се надевам ќе го пикнат во затвор и нема да го видиме веќе. Нема тоа да биде сигурно, може да го влечкаат случајот, ама не ми се верува да оди во затвор. Ова со маглата беше интересно, Овен може да биде повреден, кома или нешто, некоја драмичка тука да има, нели сега кога Теди сфати дека го сака. Убаво му рече Амелија на Корасик, ама реши да не ја послуша. Баш ми е жал за него. Се надевам Гас ќе ја добие крвта, навистина. И дека Џо ќе успее пак да се избори со демоните. Ќе биде возбудливо финалето.
Spoiler Еј да, ич не ми се пар Мер и Де Лука,ама ич. Он онака ок ми беше, ама сеа ми е ептен лигав. А со Ригс ми беше ептен спојка, ама тоа е.
Spoiler И фановите не ги сакаат заедно, се надевам ова ќе им биде начин некако да го тргнат, а не да му падне во вечна благодарност Мередит. Ни трошка хемија немаат, ич не знам зашто упорно ги туркаат заедно.
Последниве сезони се ектремно досадни, ништо интересно и возбудливо не се случува. Здосадува постојано да гледаш епизоди како прават некоја операција без ништо екстремно да се случи. Колку само беа интересни епизодите во почетните сезони, дури и ми фали убивањето на главните ликови на крајот од секоја сезона. Потребна е некоја голема трагедија за финалето, инаку не ја бива работата. Читав некои теории и се претпоставува дека најголеми шанси да умрат имаат Овен, Теди, Џексон или некој од практикантите иако лично мислам дека нема да убијат никој од ликовите и ова финале. Крис, Џејк и Грег се промовирани во series regulars за следната сезона. Освен Линк, останативе двајца немаат некои интересни storylines и ќе бидат regulars, а Сара и Џесика ги отпуштија иако беа fan favorites и имаа многу поинтересни storylines од овие двајца. Уште не можам да го преболам ова, и премногу ми фали Аризона со нејзината позитивна енергија, имав чувство како да ја освежува секоја епизода и покрај големата трагедија што ја доживеа.
Urgh. Spoiler Мораше да му каже те сакам. Кој ќе ги гледа следната сезона заедно. Џексон и Меги конечно си сфатија зашто не се еден за друг и дека си глумат само. Се надевам Џексон ќе биде добро. Меги и така никој не ја сака, може да не се појавува повеќе. Ептен нереалистично беше со Гас, ама ај, греј е ова. За Теди и Овен ми е мило, ама за Том... Како можеше да не му се јави никој? Гревче.
Го даваат ли на Фокс Лајф уште и во кој термин? Некаде до 9 или 10 сезона ми се гледани...појма неам точно, одамна беше. Сега имам малку повеќе слободно време па сакам пак да продолжам.
Не го даваат, скоро заврши последната 15та сезона. Гледај го онлајн, на гледалица го има, јас таму го гледам.
Spoiler Го уапсија Ендру, Мередит му кажа дека го сака. Малово Гас ќе прими крв,бајаги критично беше. Теди се породи, и со Овен си изјавија љубов, на Том никој не му кажа, а и ја спремаше детската соба. А да, и Џексон исчезна.
На Фокс Лајф ја даваат 13та сезона во сабота и недела од 20 часот. Мене додуша цела 12та сезона не ми е гледана, верувам не пропуштам ништо и онака Дерек го нема.
16та сезона официјално е во продукција, но не мора да значи дека ќе има и 17та. Серијата е обновена за нови две сезони од мрежата, но ако продукцијата одлучи да завршат со 16та сезона, или Елен не сака да снима повеќе, може и да нема 17та.