Мене па ми е некако во застој пак серијава. Spoiler Ме нервира што ги поделија, Алекс помалку го има, со Мередит не се дружат воопшто, и нејзината приказна доста ја застранија. Меги ми е ептен антипатична, ми се чини како да не знаат баш што да прават со нејзиниот лик. Бејли трудна, мех, нитшо посебно, ќе се породи и толку од детето ќе биде, не дека ќе влијае некако на приказната. Им треба да внесат нешто повозбудливо.
Фала ти, се снајдов во меѓувреме, почнав на попкорн да ги гледам, до 4та епизода стигнав. И мене ме нервира поделбата, некои ликови скроз ги запоставија со приказните. Меги ми е одвратна буквално, ама затоа пожарникарката Вик и Џексон ми се супер пар, многу се секси и двајцата
Леле стварно ми е досадна сезонава. А баш некако се оправи еден период серијава. Spoiler Ми нема поента вака, не е серијава за оправање на болница од нула, треба да ги вратат назад како знаат. Мередит во затвор.
Не мислев дека ти смета, туку дека баш е одамна. Од 2005 е. Тоа се скоро 15 години, мислам го сруши рекордот на ER. 350та епизода се емитуваше пред две недели. Се сеќавам кога почнав да ја гледам на а1 беше, детиште бев.
Досадна стана веќе серијава, треба малце адреналин, неизвесност... И Мерлука ми се толку вештачки, толку не си одговараат, нема никаква хемија. И другиве љубовни врски им се ептен млитави. Некако безвеза. Линк еднаш по Мередит, сега со Амелија, Џексон и Меги добро што раскинаа, не се издржуваше колку беа некомпатибилни. Треба некој бум да се случи оти ептен забегаа.
Со други зборови треба да убијат некој Искрено да, досадна е, ајде нека се случи некоја несреќа многу среќни ги направија и Амелија и Овен. Новата генерација се досадни сите освен девојката што и се развика на Бејли. Геј парот е ептен досаден. Другите не ги ни вклучуваат во приказната. Лука и Меридит се Подобро ако не со Линк да ја оставеа имаше повеќе хемија.