Јас со нетрпение ќе ги чекам на Фокс лајф новите. Аиии Бејли трудна, па нели Овен ќе беше со Теди и детето?
Последнава епизода беше најдобра во сезонава Дури пуштив и солза, толку добра беше Сите тие сеќавања, испадот на Мер, па и толпата која дојде да збори за Мер, се беше НАЈС
Ја изгледав, за разлика од претходната со судењето која ми беше ептен клише оваа беше малку повозбудлива. Spoiler: S016E09 “Пакетот“ не ми е воопшто убав, ама има некоја искра помеѓу него и Мередит. Ќе има рчкања меѓу нив, а веројатно и некој жежок секс ќе падне понатаму. Жал ми беше за Бејли многу, додека Амелија многу ме нервира со нејзината еуфорија... хаха сега ќе излезе детето дека од Овен е, интересно, интересно
Пакетот ме изненади ептен позитивно. Актеров го гледав во Shameless и ми беше одличен, се надевам добра приказна ќе направат и ќе мрднат малку работите. И Алекс фали, мора малку повеќе да го има значи.
serijeonline.net Има една апликација Stremio, ја имам инсталирано и можам да ги гледам сите серии, дури и Беверли Хилс 90210 што ја нема на нет Можеш да си ставиш превод автоматски, ако најде пребарувачот на преводи Таму ја имаш Грејс исто така
Што акцент има новиот? Некако различно ми звучи. Mcwidow Spoiler Моментот со Бејли беше ептен тажен, па и кога Амелија ја праша за полот ...да си поплаче човек. Оддамна не бев плачела на епизода. Леле Овен душичка, комплицирано до комплицирано, ама па кога и самиот не знае кого сака. Сакам да ја видам Јо со некој друг поромантичен како овој пожарникарот. Алекс ми е некако прегруб за неа. Од друга страна Ричард и Кетрин ми се комедија. Фацата на Кетрин кога и кажа болничарот дека Ричард е со сопругата priceless SPOILER]
Сосема си во право за Јо и Алекс, на почетокот беа слатки ама сега некако досадни се.. Можеби Јо би си одговарала повеќе со Линк, мислам во 13 сезона пробуваа и со Андру да ги спојат
Абе ајде... на најинтересното! Мислев цела сезона наеднаш ја даваат, не знаев дека има паузи на сред.
Да, почнаа и со midseason finale. Имаат пауза за празниците, па ќе продолжат јануари, на 23ти е следната епизода. Значи има доста за чекање.
Добро луѓе, дали прочитавте дека Алекс ја напуштил серијата? Готово, нема да го има веќе, последната епизода со него е емитувана, https://people.com/tv/justin-chambe...gGoqPs2iMh2dU6NuZHrsX8y1GqvLDO7ATfI8-iHghe4Ck