Пишува дека е емитувана последната епизода со него на 24ти ноември. Што значи дека нема да го има воопшто повеќе. Нели во последната епизода беше кај мајка му, што може да значи и дека нема ни да се врати повеќе. Останува да видиме и со Џо што ќе биде.
Да, 350та епизода му беше последна, но можат да го убијат ликот со off-screen appearance, односно во несреќата што се случи во mid season финалето.
Не знам како тоа би го извеле, ама би било тотално без почит кон фановите кои со години ја следат серијата. Ич не е фер и што туку така испадна дека ќе си оди, а е еден од првите ликови во серијата.
Ептен би било без врска ако го убијат, нема смисла. Подобро нека го пратат некаде како Кристина, барем жив да остане.
Алекс не е мртов, дадоа објаснување дека заминал да се погрижи за мајка му.. Џастин(Алекс) заминал од серијата поради тоа што сакал да глуми во други проекти и несакал неговата каријера да биде позната само поради една улога... Истата причина поради која и глумицата што ја глумеше Кристина замина иако после Грејс не гледам дека некаде глуми Сега кога Алекс замина и Амелиа е трудна од Овен можеби ќе ги спојат Линк и Јо иако вака визуелно си одговараат Ми се допаѓа и новиот доктор интересен е за почеток ќе видиме што ќе биде понатака и со кој ќе го спојат..
Како најголема смотаница не можам да најдам линк за новиве епизоди од 2020та. Да не знае некоја да сподели?
Па се беше во ред, ама сега за да го тргнат Алекс измислија дека тој е кај мајка му и средува некои проблеми. Ама во последнава епизода, Џо се жалеше на Амилија дека тој не и возвраќал на повиците Најверојатно ќе смислат нешто и ќе ги разделат, не верувам дека ќе ја остават Џо така без партнер, да тупка во место
А со кој мислиш дека ќе ја споја Џо? На нет некои пишуваат дека можеби Линк доколку излезе дека не е таткото на детето на Амелија, иако и со Џексон не би биле лош пар, и така тој и Меги ми се многу досадни, новиот педијатар го чуваат за Мередит изгледа...
Амелија уште не направи тест, ама би било убаво да останат заедно Џексон и Меги не се заедно веќе, тој е со Вики - од Стејшн 19 Де Лука ми е супер со Мередит, овој новиов на Џо нека и го
Очај. Spoiler Таков лик, со години граден... Со Изи, ко божем за верување е и дека Џо така ќе ја остави. Катастрофа невидена.
Затоа не се ни осмелувам да ги гледам новите епизоди откако прочитав дека ќе ја напушти серијата. Имаше убедливо најдобар character development од сите ликови. Колку и да ја сакам серијава, колку емотивно сум се соживувала со секоја епизода низ годините, мислам дека е време за крај.