е неможе никој да ми каже дека не е најдобра серија што ја имало до сега! уште малце имам од 6-та сезона одвај чекам 7 да ја почнам
Ааа преубава серија.. Редовно ја гледав додека ја даваа на А1, сега и не баш толку многу. До пред некое време ја гледав на FoxLife, меѓутоа мислам дека FoxLIfe веќе нема и сега немам од каде да ја гледам.
Серијава прво ја загледав баш заради тие наративни делови што ги кажува Мередит на крајот на секоја епизода, едноставни а толку вистинити. Продолжив да ја гледам заради преубавите песни, а се заразив од ликовите и (не)секојдневните ситуации, љубовните фрки и солзите.
Одлична серија, ги обожавам овие медицинскиве, а и ми се допаѓа како е вклопено со приватните животи на ликовите
Знам дека ја има ама поубаво ми е, кје си ја симнам, па на USB од УСБ на двд плeер и пред тв со пуканките и сокчето. Убавини!!! Инаку сега одам да га гледам новата анатомија и плус од Приватна пракса.
Кристина рокс Спојлер А како можеше жената толку да го сака мажот и покрај тоа што знае дека е заљубен во друга жена? Затапеа малку, треба да ги размрдаат работите...
Hе следам цело време,чат-пат ја начекувам на тв,некогаш колку жални сцени има Oмилена ми беше изи,а и онаа дебелката симпатична ми е Спојлер а девојки која сезона е оваа,каде што кристина има врска со еден плав така?
Ја гледав серијава и кога ја имаше порано на А1 , кога престанаја да ја даваат , ги спуштив сите сезони и сите ги имам изглеано , за мене е преубава серија и моја омилена. Ако се запишам медицински факултет ќе биде само заради оваа серија, со неа ја засакав медицината многу
Ја гледавте новата епизода? Како заврши Спојлер А баш ја гледам сцената со Кали и Аризона и си викам еве типична американска сцена, она си гледа во Кали, не во патот и никому ништо. И одеднаш БАМ! Уф... И за жена му на Ричард ми е жал... Истата приказна пак го снаоѓа. И Дерик и Мередит како се гледаа, а знаат дека и на нив тоа може да им се случи... Добра епизода.
Леле како ја уништиле епизодава Едвај ја догледувам, ужас жив. Спојлер Кали умира, овие пеат... На вака сериозна серија не и личи ова некако
лелеее ни случајно да не им текне пак нешто слично да направат како последната епизода. Ај со првата песна ок беше (ми се свиѓаше песната не за друго)... ама па натаму, без врска. И само пеење, ништо не се случи цела епизода. Спојлер Само на крај коа се изнаплака Мередидит и мене ми идеше да заплачам. Па најизмачен пар ми се со Дерек од серииве.
Епизодава ми беше некако трогателна. Спојлер За Кали и бебето, со колку работи мораа да се справат... И не ми се веруваше што направи Мередит. Јас мислам дека не требаше да го прави тоа, на некој можеби му ја зема среќата, така требале да бидат работите и не зна како сеовеста нема да ја гризе А Алекс се прави дека е без срце, ама го има и тоа големо