Спојлер: ФИНАЛЕ Амелија и Линк се еден од најпогодените парови што сум ги видела до сега во која било серија. И баш ми е мило што тука излезе се како што треба, стварно Амелија премногу пропати, конечно нешто убаво да и се случи и на неа. Линк е срцка. Кога се појави на почетокот со таа језивата фризура, малку ми беше како мутав лик од стрип, ама веќе се повеќе ми е при срце. Со Ричард многу добро ги поврзаа работиве и баш ми е мило дека не и прогледа туку-така на Кетрин, затоа што стварно жената ги помина сите граници на лудост. Де Лука сепак мислам дека ќе испадне дека има манија и некако во цела таа каша најверојатно ќе се отвори простор за Мередит и Кормак. Мислам дека они дефинитивно ќе завршат заедно, ем пошто некако ја развлекуваат приказнава за подолго да им трае целото тоа бркање, ем пошто Кристина и го пушти и нормално ќе излезе во право дека се еден за друг За Теди не знам што да кажам. Би ги спакувала и неа и Хант и не мора ич да се појават во наредна сезона. Не знам од каде Теди испадна толкав приоритет за цела сезона да и билдаат приказна и да ја прават еден од ликовите со најголема минутажа. Како и да е, таму тек ќе има драми и повраќаници. Се уште си ја гледам серијава од некоја навика, ама за жал далеку се од тоа што беа. Се надевам дека наредната сезона ќе биде последна.
Финалето ништо посебно. Спојлер Цела сезона не ги споија Мередит и Кормак (ми стана многу симпатичен), мислев барем бакнеж ќе падне на крајот, а таа и за пијачка го одби. За Ричард ми е мило што излезе дека не е неповратна штетата, ќе беше безвезе и него да го уништат со некоја смртоносна болест. За Хант ми е многу жал. Не заслужи ли да биде среќен човекот?
Прекратија со снимање, требаше да има уште некоја епизода, ама со ситуацијава... Спојлер И мене ми беше некако мех, мило ми е за Линк и Амелија само. Меги пренајдосадна, немам уште некој суперлатив да додадам, сите приказни беа многу досадни. Ова со Теди е очај, и дадоа од нигде никаде нешто а да е демек интересна и да се објасни аферата со Корасик. Корасик само ми е крајно симпатичен и по сите маки што ги поминал заслужува многу подобро од Теди. Не знам ни зашто и се мољака, требаше веднаш да ја откачи. И за Де Лука ми е сеедно можеше и во затвор да си биде. И колку го пумпаат ова со бременостиве, демек животот ќе им се смени, а после од децата ни трага ни глас, си тераат сите исто. Ха.
Стигната сум до 8 сезона,многу ми се допаѓа.Серијата е топ досега ама се плашам да продолжам да гледам заради сите негативни коментариКако ли можат да расипат нешто толку добро??
Знае ли некој кога ја даваат реприза епизодата што ја има секој четврток од 21.00 часот на Фокс Лајф?
Тоа се старите сезони, и нив ги следам по две епизоди ги даваат. Инаку мислев за новата сезона, што даваат по една епизода неделно.
Точно е дека 17та сезона ќе биде за вирусов?? Луѓево немаат абер во догледно време да стават крај на серијава..
Сосема во право си за Теди, голема грешка им беше што отпуштија fanfaves и Теди ја направија regular.
Од кога почнува 17 сезона? Многу ја сакам серијава, ама како што минуваат сезоните, сфаќам дека требаше да престанат со снимање после 12 или евентуално 13 сезона. Без Дерек, без Марк, без Лекси, Кристина,, па и капак мислам беше што си отиде Алекс... Ја гледам од навика, ама баш ме интересира во врска со вирусов ако има некоја епизода во 17 сезона, како ќе биде прикажано.
Дали некој знае каде ќе ја има премиерната епизода од новата сезона на Grey's anatomy и Station 19?Прочитав дека е утре но не и во колку и каде
Пишува на abc премиера ама не отвора дека од друга држава. А за друго место не знам, а едвај чекам да ја гледам.
17x01 Ова беше мачно да се гледа. Не знам како се истера цела сезона Уште на почеток кога ги прикажаа сите со маски, се наежив Само оние кои секојдневно се борат со короната знаат како им е
Ја изгледав од почеток летово, какви драми имаше првите сезони ова не се споредува, откако ги тргнаа Кристина и Дерек тргна надоле, па Кали и Аризона накрај Алекс (омилен ми беше), Меги, Џексон и Теди (не знам ни зашто ја вратија) досадни в крај... Спојлер Ја гледав и новава, освен со Ковидов што се занимаваа, ништо посебно, па и средбата со Дерек само 5 секунди