Последните сезони се стварно досадни, ама ги гледам онака од навика. Кристина ми беше омилена, од ко си замина некако све тргна надолу. Новите епизоди ги изгледав,ништо посебно, единствено крајот ме усреќи беше скроз неочекувано Да не спојлнувам, ќе гледате
Еј баш супер што сподели, се израдував! Еве ја и првата епизода, може да ја гледате тука: https://fmovies.to/film/greys-anatomy.npx0n/2omq3jq
Spoiler Еххх, колку само недостига Дерек... Си поплакав убаво. Никој со кој ќе биде Мередит нема да го има тоа нешто што они го имаа. Ситуацијата со Теди ужасна, аман нека го оправат тоа зашто е крајно глупаво. Баш во никаква насока ја отераа приказната. Уште му вика на Овен да се смириме?! Во кој универзум тоа? Глупости. @LiliBoz https://flixtor.is/ види тука, одлична е страницава
Spoiler Ахх Дерек, нема поубав пар да има на серијата од него со Мередит. А за Теди мислам дека не заслужува ни со Овен ни со Том да биди, двата ги повреди и мислам дека секој од нив треба да продолжи со својот живот, да се прекини глупавата ситуација и тензија меѓу нив.
Не очекував, дали дека не знаев, па им се изнарадував на епизодите. Реин фала за линкот... дефинитивно од сеа таму ќе гледам се Spoiler: спојлер Коа се сопна се утепав од смеење Мило ми е што снимиле за ковид, да ги доближи луѓето до реалната слика. Дека не бира години и пол... Теди не знам како воопшто имаше муда да му се обрати на Овен.Па уше немала шо да каже ете... и кажа он..со снимката.Па и Џо убаво и кажа... Мило ми е за Меги. Конечно среќна.Амелија... од жена која имаше трауми од првата бременост, заврши со три деца Се на се, супер..
Ајде малку помош -во која сезона Spoiler Дерек умира? До таму сум стигната со гледање а тоа е пред години и години па не ни паметам.
Порталите и страните на фб што спојлаат за секое едно нешто од новиве епизоди ми се не знам, најодвратно нешто. Апла со слика со сè на насловната, богами не треба ни да кликнеш за да дознаеш што се случило следно. Исто ко да сум ги гледала, така се осеќам. Колку ми се досадни дежурните спојлерџии, не можам да ги смислам. Ми ја уништија сезоната уште непочната. Немам ни желба да ја гледам, што кога сè си знам, сè ми е јасно.
Ех, ништо не пропушташ. Spoiler Мислам дека имаше ваква ситуација коа се давеше Мередит и не сакаше да излезе. Башка, мораше ли Мередит да фати корона? Знаеме дека секако нема да умре. Досадно.
Знам, ама многу ми смета. Кај што е лош почетоков па уште спојлери ми фалат. Две епизоди погледнав само и мислам дека ќе ја гледам серијава до крај чисто така од сентименталност и ништо повеќе. Не прашувам што ме очекува понатака, еве се си гледам со помош на порталите смотани.
Многу тупат веќе со тие спојки со Station 19. Сум пробала да ги гледам, досадни ми се, премотувам до моментот кога ќе видам познат лик од Грејс. Последниве не ги ни гледав. Пропуштам нешто битно? Spoiler: Впечатоци за сезона 17 Искрено не ми пречи што темата на оваа сезона е корона, дури и очекував затоа што отсекогаш биле со агенда да дискутираат за актуелни општествени и политички случувања. АМА кога веќе сме тука, не сум расист, не сум мразач на никој и ништо, ама превише гњават за правата на црнците, за тоа како ковид повеќе ја напаѓал црната раса и тоа се во некои рандом моменти.... Па има истражувања дека ковид повеќе ги напаѓа и мажите, лица со даунов синдром и така натака. Што не ги спомнаа нив. Знам дека е Шонда ленд и секој си влече накај своите ама сепак. Не сакам да ми бута некој нешто упорно под нос, дури и да сум поддржувач на некоја идеологија, со таквиот однос ми ја прават одбивна. Дури и трговија со деца начнаа...се е каша попара сезонава. Очигледно е дека се чувствуваат како некоја платформа со голема публика па сакаат да опфатат се и сешто. Мередит знаевме дека ќе фати корона, ќе беше изненадување да не фати. Можеби и стварно ќе заврши целиов серијал со нејзината смрт, за општо изненадување на сите Иако стварно би било тапа од тоа да умре, а и генерално иако серијава веќе диши на апарати (за мој вкус), би сакала да заврши со дејствие неповрзано со ковид. Том ако го умрат ќе ме изнервираат, еден од ретките ликови што малку раздрмува расположение. Чисто од носталгија после мноогу мнооогу години, пред некоја недела повторно пуштив да ги гледам од прва сезона, прва епизода...и нема споредба. Ова сега го следам ете од навика и некоја чудна поврзаност со серијава, пошто е факинг 17 сезона. Ама доста им е. Нит Меги нит Теди нит Леви ме занима. И това. Последниве години кога и да пишам во темава мрчам ај кент хелп ит
Леле исто. Многу досадни ми се Station 19, гледано имам 2 епизоди и се откажав. И за Greys исто од навика ги гледам, сепак сме стигнале до 17та сезона и глупо ми е некако да престанам, иако некогаш ми се предосадни и напнуват со истите теми, ама лојални фанови сме, тоа е. Spoiler Се надевам нема да умри Мередит оваа сезона, сепак сакам да има некој хепи ендинг за неа, можи со тој новиот доктор Хејс или како се вика, симпатични ми се заедно а и немора љубовен хепи ендинг, битно убав крај да има за неа.
Spoiler: НОВА СЕЗОНА Тоа со трговија со деца е од претходната сезона. Немаа можност да ја завршат приказната, па сега се случува тоа
Читав некое интервју пред скоро. Spoiler Ептен меѓу редови беше муабетот и низ коментари ја имаа протумачено Елен Помпео дека си го најавува заминувањето. Мене серијава без Мередит би ми немала поента, уште нејзе фали да ја збришат и да земам да ги запалам. А се шушкаше и дека ова можеби ќе биде последна сезона (така се пуштаат муабети веќе со години наназад, па еве гледам колку им е во план да заврши серијава ), ама Шонда рекла дека но-но, тоа не било баш опција. Ич не ми прават ќеиф новите епизоди, ама упорно гледам. Иако веќе два месеци си пуштам на тепка епизоди од стари сезони и првите 5-6 сезони навистина немаат споредба со поновите. Замина по ѓаволите серијава после 11-та сезона, а може и малку порано, но ајде...
Spoiler Колку што знам договорот и е до оваа сезона, така што законски не е обврзана да остане. Ама со оглед на тоа дека и самите креатори имаат изјавено дека ќе продолжат со снимање се додека Елен има интерес, веројатно ќе смислат некое решение како да ја завршат колку - толку достојно. Мене лично корона ми е безвезе причина за смрт на Мередит, се надевам дека не планираат таква глупост. Тоа ќе значи дека до сега тотално немале поим како би се одвивал крајот па сега ова им се погоди како прилика. Се надевам дека крајот ќе биде нешто поголемо од целиов моментален булшит што се случува во светов. Кога веќе се нафатија да снимаа катаљарда сезони, барем со крајот нека не удостојат.
Spoiler Баш така. На толку вложени години во следење на серијава и во име на култните сезони, лик како Мередит заслужува покреативен и издржан крај. Не ми била секогаш нај лик, имаше сезони кај што ми шеташе по нерви ептен, ама некако толку ја засакав, мислам ради неа уште ја следам серијава. Нека си крене глас за classy завршница, би се разочарала многу ако ја шитнат сега со коронава.
Главна хероина е Мер, ако она не го победи вирусот, како метафорички да претставува дека нема надеж. Така го сфаќам. Иначе мене ми е напорна последнава серија, ниту една епизода не ми беше интересна. Ме фаќа анксиозност кога ги гледам постојано со маските. И со социјалната правда што сакаат во секоја епизода да ја вклучат.