Време е да го прогласиме Грејс Анатоми за умрено. Почнав да ја гледам пак и тоа рипнав некоја сезона, претпоследната и последнава ја гледам. Рандом бурстовите на поедини црни ликови у серијава, у врска со правата на црнците, е трагикомично. Скроз ирелевантно, неповрзано, натрупано, исфорсирано.. беден обид да сакаш да доловиш некаква си поента, која и не е поента. Рип.
Мене лично, од последнава сезона ниту една епизода не ми се допадна. Катастрофа е, како со сила снимани да се. Го нема поранешниот вајб од серијата. И тоа со правата на црнците го тупат многу. И во минатите сезони почна нешто Миранда, ама сега ептен. И тие сами свесни се дека им опадна гледаноста, па гледаат да спасат некако, па почнаа да враќаат ликови. Нека смислат некое добро финале на серијата и нека заврши. А, и за Station 19 да кажам. Нивните епизоди поинтересни ми се од овие последниве сезони на Grey's anatomy. Изгледа дека само 4 сезони има, па уште некако ликовите се во развој. Ја препорачувам серијата.
Station19 е страшно досадна, џабе ја форсираат само. И јас не ја гледам, поим немам што се случува или како се надоврзува со грејс. Едвај чекам да ја завршат, терет ми е. А сто пати се откажав и пак ја гледам, како што рековте, премногу време помина. Се сеќавам кога почнаа на А1 да ја даваат, после очајните домаќинки, ептен беше хит. И ај сега оди остави ја.
Спин оф сериите што излегоа од Грејс ми се досадни. И оваа Private practice не ми беше нешто. Само Адисон ја сакав од таа екипа, за другите ич не ми беше гајле. Другава воопшто не ме привлече за да продолжам да ја гледам. Еден Господ знае колку вируси му имав подарено на стариот десктоп компјутер кога прекинаа да ја даваат Грејс на А1. Немаше линк на кој немав кликнато. Дали навистина не беше лесно да се најде саглам сајт за онлајн гледање (не знаев да симнувам торенти) или толку сум знаела тогаш, не знам. Па сецка, снимката ко со акварел обоена, битно да се каже дека гледаш серија. Ептен fun times.
Леле исто. Колку време ми требаше, па да се наполни, имаше нешто мегалоуд ли беше, па ограничено колку можеш да гледаш, нервози беа тоа. И уште трае серијата, и трае, и трае...
Јас пролетва и летото ги изгледав 16 те сезони и едвај ја чекав 17та. Сега гледам на Фокс лајф најава од денес ќе ја дават. Ја има ли веќе ставено онлајн некаде ? На која страна ја имате гледано? Се надевам нема да ме разочара новата сезона .
Изгледав една епизода од новата сезона. Знаев дека ќе има ковид ама некако доста ми е од оваа тема. Барем гледаме дека и во светот истите ситуации и муабети како кај нас, „зошто скара секоја вечер со друштво без маски„ ... бла бла Ми недостигаат некои ликови ама мислам дека ќе ја изгледам. Овде кај што ја пуштив имаше ставено само 7 епизоди? Толку се во цела сезона?
Толку се. Мислам дека се на пауза и се чека продолжение колку што знам, но немам поим за кога е најавено. Не ми се ни гледа повеќе со ковид-теми, навистина ми се смачи.
Јас знам 6 има до сега.. барем толку сум изгледала. Наредната знам март негде треба да е 11ти,12ти така нешто.. Некако најслаба сезона ми е. И Карев го нема, и ковид епизоди.. ептен слабо некако.
Имаш право, 6 се. Јас си видов на ТВ тајм апликацијата 7 и помислив 7 беа. Поим немам да издвојам нешто интересно од сезонава досега, сè уште се мислам дали вреди да си трошам време на серија која веќе почна да ми оди на нерви.
Баш кога секаде читаме и секојдневно сме опкружени со ковид, и на социјални мрежи и на тв, баш мислам дека не требаа оваа сезона за ковид да ја направат, што и да беше друго ќе беше поинтересно, наместо да сум опуштена дури гледам тие уште повеќе стрес ми прават реално хахах. Ќе видиме од март се надевам на малку поинтересни епизоди, иначе одамна ја отупеа да, ама кога сум изгледала 16 сезони ќе гледам до крај, таква сум
Може бидејќи моментално ја живееме короната и тешко ни е за гледање, кога ќе стане минато ова, ќе гледаат идни генерации сепак штета е да не се опфати ова.