Спојлер: Trailer не сум го гледала продолжението, ама трејлерите ги прават да се доволни за епизодата . Rip Deluca е последниот
Спојлер: Спојлер Вака не сум плачела од Дерек ко умре, ја претераа стварно. Скроз непотребно беше ова, како тргнаа мислам последна сезона ќе е.
Ако одеше цела сезона, т.е. да не се прекинеше поради короната, еден од ликовите ќе умреше, а и кажаа дека приказната на Де Лука со жената со трговија на деца ќе продолжи Па така да, мислам дека ова ќе се случеше и да продолжеше во 2020, 16та сезона Бај д веј, кажано е дека финалето на 17 сезона ќе се прави од два аспекта И како крај на сезоната и како крај на серијата, само што треба набргу да се донесе одлуката дали ќе биде последна, ако не е, на крајот да се додаде нешто, што би било поттик за приказната во последната 18 сезона И сепак мислам дека после толку години, заслужува барем уште една сезона која ќе биде најавена како последна и целото дејство од почеток до крај ќе се сведе до завршување на сите приказни, не вака набрзина
Да сигурно веќе му беше испланирано тоа со ДеЛука, ама очекував хепи енд со неговата приказна, баш безвеза ми е вака што заврши. Инаку и јас мислам и се надевам да има барем уште една сезона, заслужува серијата по толку години полегендарен завршеток, а не со короната и некои избрзани сценарија кои немаат смисла.
Серијава ја обожавам, ги имам изгледано сите епизоди од сите сезони, меѓутоа мислам дека треба веќе да заврши, премногу опадна квалитетот на серијата,посебно последниве две сезони. Треба да направат добра завршница и да стават крај.
Здраво дечки , на што ја гледате серијата , онлајн или ја симнувате? Ако може линче да ми дадете , решив конечно да ја изгледам цела .. Почнувам од прва сезона , али ја гледам онлајн и многу ми коче ( се нервирам) за секој ваш одговор би ви била благодарна . Поздрав
Не разбирам што е со Ејвори, кај заминал? Кога? Редовно ги гледам епизодите ама ова не ми е јасно, може сум пропуштила нешто
Во 12та епизода на крајот кога влезе во колата така се прикажа дека заминува некаде, затоа во следната така рекоа дека ненадејно зел одмор и заминал, па се надевам во следната еп ќе прикажат каде отиде
Спојлер Да не отиде со таа докторката не ја запамтив да соработуваат нешто за доброто дрн дрн? Или на протсето нешто, зашто немаше лузни човекот де. Се разбуди Мередит конечно. Мораше вака нешто трогателно, инаку како. Ти, Дерек, нели им требаше на децата, што е не преживеа? Може сакаше да си умре Мередит брееее, до кај стасаа маживе со наредбиве.
Јас баш мислев дека оваа последна е, дека и стари ликови се вратија, си реков така како за крај. Сигурно не сакаа да завршат серијата на овој начин, поврзана со пандемијата..ваљда имаа поинаква замисла па сигурно ќе ја остварат следната сезона