Ги нема на Нетфликс...не знам дали бараш сајт некој, јас ќе ти пишам па ако можеш побарај ги. Ги гледав едно време на serijeonline.net со превод на српски. А со превод на англиски би требало да ги има и на овој сајт: topeuropix.com
Ја гледавте денес новата? Spoiler Адисон се врати, мислам дека само за оваа епизода ќе биде, ама не сум прочитала. Имаше некои стари вајбс со нејзиното враќање, ама пак, досадно. Ми е криво што Џо така ја унаказија, ја вратија на почеток, нема ни некоја приказна со нејзе. Воопшто, приказните на сите им се тапа.
Уште тоа фали Веќе со секоја наредна епизода се гледа дека им се здосадило, дека не им се глуми повеќе Приказните тука таму има некоја добра, ама другото е крш Ова со Амелија и Линк е буквално идиоштини невидени Ова со Греј е бљак, никакво, едноставно ми нема хемија Меги ја нема во овие епизоди, добро е Другите тук таму се добри
Првите сезони можам да ги гледам 20 пати и не ми досадуваат, последниве еднаш и втор пат ни случајно. Си ја сакам серијава, ама може веќе е време да стават крај, изгуби драж некако, баш ко да им се здосади и на нив самите.
Имаат изјавено дека додека Елен продолжува и серијата ќе продолжи. Кога таа ќе се откаже, серијата ќе заврши
Невиден фан бев на серијава, ама последните сезони не можам да ги гледам, ужас. Чисто од љубопитност, ако некој не го мрзи да ми раскаже во кратки цети што се случува со ликовите, кој останал, јас застанав некаде кога се породи Теди и кога го изневеруваше Овен. Едвај и до таму дотуркав. Кристина беше закон.
Spoiler Отиде Овен. Можеби. Какви коментари имаше, фала богу што веќе ќе го нема, една смрт за која ретко кој се натажи. Каи и Амелија... Не знам, некако пребрзо, кога успеа да помине преку Линк... Не ми се допаѓа што ќе го уништат пријателството на Џо и Линк, ама ич, баш си беа супер.
Мојата омилена серија. Првите сезони се закон. Новите сезони не толку, но во име на старите епизоди гледав.