Овен и Теди ми се моментално најдосадните ликови, заедно со Линк и Џо. Ме нервира малку што цело време Мередит е како најдобра, најразумна, безгрешна. Амелија и Каи ми се најинтересни.
Има нови епизоди со тоа што старата екипа е во заден план, а има нови interns. Не се лоши, забавни се до некаде, ама се е некако веќе видено.
Јас откако си замина Cristina Yang(Sandra Oh) прекинав да гледам, ми немаше смисла серијата после нејзиното заминување.
Се уништија веќе, не остана ништо од ,,хемијата" на почетокот. Крај ми беше и Алекс коа си замина мислам. Остана само Мередит и веќе ништо знам кај тера причата. Изгубив жрлба да ги следам. До прошлата сезона не ги пропуштав, ама веќе не се мачам.
Веќе и Мередит ќе ја нема. Јас мислам ова да биде последна сезона, и така веќе сите си заминаа и треба да стават крај дека секој си фатил патот и сега почнува нова ера. Без Мередит веќе и името на филмот нема смисла.
Прекинав да ја гледам одамна. Првите сезони беа феноменални, би ги гледала пак од почеток и нема да ми се досадни. Новите сезони катастрофа.