Уф каква епизода Спојлер Сирота Теди, многу ми е жал. какво срце беше Хенри Си пуштив некоја солза. И требаа да и кажат на Кристина, можеби повеќе ќе се потрудеше. И којзнае што ќе биде со Мередит и Дерик сега кога нема да ја добијат Зола. Едвај ја чекам следната епизода. Уф, наредната излегува дури на 8ми декември. Цел месец пауза.
Среќа што пред некој ден ја изгледав 9та епизода па нема да чекам месец дена како вас ( јас едвај издржувам и недела, не па месец ) ... иначе многу добра епизода, само ми е криво за Хенри. Некаде по нетов прочитав дека го тргнале од серијава бидејки треба да оди во некое шоу
и јас ја сакам серијава јас сум ја гледала ама незнам како заврши, ја гледам на Фокслајф ама сеа не ја гледам пошo сто пати ја имаат давано истата сезона :/
Литл Принцес и ние не знаеме како ќе заврши пошто сега се емитува 8сезоната од серијава поточно само 9 епизоди се излезени од оваа сезона ,а на фокс лајф до 5 сезона имаат давано најмногу од серијава
Може некој да ми каже која сезона оди на фокс и кога ги даваат? Јас имам гледано онлајн околу десетина епизоди од седма сезона, но би сакала да ги гледам на фокс со превод
Нешто се збунив изгледа јас Во петокот симнав као демек нова епизода од четвртокот, ама кога ја пуштив испадна дека ја имам гледано. Дали на замунда ја качило повторно или јас сум заборавила дека сум ја гледала хаха не знам. Како и да е, ме интересира што понатаму ќе се слуучува... Спојлер минатата или предмината сезона знам имаше многу добро финале, Дерек кога беше испукан. сега едвај чекам да видам како ќе заврши оваа, ама рано е
Уште не е излезена новата епизода, прочитав дека до 10ти јануари се на одмор, па веројатно до тогаш ќе си чекаме
Леле епизодава. како сум се изнаплакала на крај. Спојлер Многу ми е мило за Мередит и Дерек на крај што им се исполни желбата и ми дојде многу жал за Теди.
И јас се изнаплакав. Спојлер па и Зола на крајот, ми го стопи срцево, станав и си ја изнабакнував ќеркичата иако спиеше
Серијава ми е феноменална...обожавам медицински тематики,плус на моменти ми има стварно добар хумор.На почеток на седма сезона почнаа малку да шкрипат ама си се вратија во нормала.Ептен ми се влезени некои ликови под кожа и многу има разлика концептот на серијата од порано.Сега се сите некако созреани,попаметни ќе ми биде криво кога ќе престане да се снима.
дали можам некаде да ја спуштам серијата епизода по епизода или мора цела сезона наеднаш да ја спуштам?
Можеш да ја спушташ епизода по епизода еве ти неколку сајтови : www.eztv.it www.zamunda.net www.isohunt.com
Јас не сум како вас вака напредна со гледањето, ги гледам на фокс лајф и малку се збунив денес. Минатата недела беше венчавката на Карев и Изи и О Мали беше жив и здрав а денес во наредната епизода е мртов. Јас нешто сум утнала или што е финтата?