1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вода Саси (Sassy) - ослабнете 10-12 кг за еден месец

Дискусија во 'Диети' започната од bastet, 7 јули 2013.

  1. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    * 1,5-2 литри вода
    * 1 лажичка ѓумбир
    * 1 краставица (средна големина) - исечена на кругови
    * 1 лимон - исечен на кругови
    * свежо нане или 1 лажичка суво нане.

    [​IMG]

    Смесата се меша и се става во стаклен или пластичен сад да стои во фрижидер. Пред употреба треба да одстои 8-10 часа. Најдобро е да се прави навечер, а да се пие во текот на наредниот ден.
    За еден месец може да ослабнете и до 12 кг! За подобро постигнати резултати се препорачува при конзумирање на оваа диета, да се избегнува леб и да се јаде умерено.
    Добро е да има и мала физичка активност бидејки се слабее, па да ги зацрврстите своите мускули.
    (пр. трчање - три пати во неделата или секој ден)

    ! Не се препорачува на трудници и жени во тек на доење, ниту пак луѓе кои имаат проблеми со желудникот или пак на луѓе алергични на било која од наведените состојки.
     
    На Bebulleee, maricence, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Пробал некој ? Резултат ?
     
  3. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    водава всушност не е за слабеење туку е за намалување на обемот на стомакот.за 4 дена ја намалува подуеноста а за околу еден месец ве прави шланг.исто важно е состојките да бидат свежи.немам потреба од водава али би сакала да пробам само овој кореновод ѓумбир не знам кај да го најдам.
     
    На slim123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Корен од ѓумбир можеш да најдеш на пазар, или по поголемиве маркети ,Веро ,Тинекс .
     
  5. charliee

    charliee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2012
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Женски
    а колку кошта од прилика?
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Па слично е ова ко ѓумбирот што го пиеме. Ете и у ѓумбирот станаме лимон, некои со нане го мешаат заради вкусот, плус е само краставицата. Би требало да делува водава ама не верувам за еден месец 10 кг да се губат
     
    На SimonaTino и evasonce им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    10 се губат ако некој има 110 :D .

    Јас само што си ја направив мојата Саси вода, не за друго, интересно и декоративно ми делуваше сликата, па сакав и јас :emo: .
    За вкусот ќе кажам утре, вака на непробано можам само да кажам дека убаво мириса.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Јас го правам и пијам овој пијалок откако дознав за него на интернет. Вкусно е многу, и нормално дека има ефекти затоа што сите состојки што ги содржи се за ослабнување, освен нане. Плус го забрзува метаболизмот и многу е освежителен, го обожавам!
     
  9. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Сигурно е вкусно за пиење, подобро од млаката вода со лимон и ѓумбир, ама дека се слабее 10кг. за еден месец - ноу веј!
    Набутај ти хамбургери или прженици, чипсови, па напиј се саси вода и ќе се избалансираш, а и ќе ослабнеш?! нема шанси!
    Може е добра за освежување летово, а и за забрзување на метаболизам, ама дека само од ова се слабее не верувам!
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Затоа еве ви го и планот на исхрана за со Саси водата. ;)

    План на исхрана со Саси вода:
    Појадок - една чаша со лесен појадок
    Ручек - риба и салата со зеленчук
    Вечера - риба на скара, варен компир и зелена марула
    Како ужина можете да јадете јогурт, овошје, зеленчук и да пиете овошни сокови.
    Таков режим на исхрана треба да држите 4 до 28 дена. За 4 дена надуеноста во стомакот треба да се намали и ќе се чувствувате подобро. На овој начин можете да намалите 5-9 cm во струкот.
     
    На maricence, ku4ence, glosipgirl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да прашам нешто:

    Треба корен од ѓумбир да го исечам на парчиња и да го ставам, или да ставам од ѓумбирот во прав???

    Вкусот каков е? лут???

    :)
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Јас ја знам со свеж ѓумбир,така и ја правам. Пријатен е вкусот, освежителен, јас не чувствувам премногу лутење.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Никогаш не сфатив која е поентата да ставаш краставица во пијалок :^)
    Реално, краставицата е 80 % вода, ниту вкус менува, ни ништо.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Овој пијалок е со намена за чистење на вишокот вода од организмот. Затоа и краставицата е ставена. А тие што го пијат - кажете ми, трчкате во wc секои пет минути? Јас сум слушнала дека е така кај оние кои го пробале, мене и од зелениот чај и ѓумбирот ми е доволно трчање, уште ова да го пијам и да не излезам од wc :$
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Па и песок од бубрези вади искрено да ви кажам. :D Си сака трчање до вц,ама и од тоа бенефит, некоја калорија плус да се истроши.
     
    На tigerlady, teddybear и Annath им се допаѓа ова.
  16. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Во Веро има :) Околу 85 денари е. 3-4 ѓумбири има во паковката :)
     
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Не си свесна колку менува вкус- само што ја испив првата чаша од дозата и тоа одвај, целата вода ми имаше вкус на лушпа од краставица, воопшто не ми се допадна.
    Следен пат се мислам ако ја правам да намалам ептен со краставицата, или воопшто да не ја ставам... :|
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    ^ Ама зошто не си ја излупила караставичката?
    Јас ја лупам и не е лошо. Шубе ми беше така, зошто краставиците ги прскаат. А лимоните шубе или не, ги ставив така и семчињата и се, етеричните масла се во нив.
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Ја излупив, немаше шанси така да ја ставам, знам колку ги прскаат, ама пак имаше некој таков неубав вкус.
    Ми помина меракот и не верувам пак да правам, ѓумбирот барем го правиш и го пиеш нема вакви процедури, а ефектот е тој.
     
  20. Juliette

    Juliette Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Девојчици по едно кафено лажиче од ѓумбирот и нането треба? :)