девојки сакам ова да го пробам и да ве прашам значи тој еден бокал што ќе го направиш цел го пиеш во еден ден така? и каков вкус има? чуден е или се пие некако..
...само што го направив,ама не ми е излезе течноста проѕирна ко на сликата туку некоја кафеава грда боја али ставив мелен ѓумбир,само таков имам моментално...Паа утре ќе се испробааа
Како што видов, во рецептот пишува дека се става рендан корен од ѓумбир. Планирам во петок да направам, па за викендот да и однесам на мајка ми да проба дали ќе може да го пие, си има проблеми со јетрата, па да ја прочистам малце.
Ја направив водата Саси според рецептот што е поставен тука, само ставив плус сок од еден исцеден лимон и ми се допаѓа вкусот, супер испадна, баш е освежителен и погоден за овој период од годината. Јас немам потреба од слабеење, ама сепак конзумирам по една чаша- две дневно за регулирање и забрзување на процесите во организмот, а колку чаши дневно (или литри) се препорачуваат да пијат оние кои што сакаат да ослабнат?
Конечно ја направиви водава, има многу убав вкус, ама имам многу киселини цел ден од неа. Не знам баш дали ќе можам да ја пијам понатаму, ќе пробам уште ден два и ако имам уште киселини ќе си останам само на ѓумбир со млака вода и лимон од сабајле.
и девојки пофалете се има ли некакви резултати ? Јас се мислам дали да почнам ми треба да ослабам за помалку од месец некој 7-8 кила, па барам некој магични дејства да има хахахах
За магична, не е магична. Ја пијам 3 дена, приметувам дека мочкам почесто, ама не можам да кажам дека слабеам од неа. Сигурно треба подолго време да се пие. Многу е освежителна, посебно во овие топли денови.
Јас исфрлив песок од водава и кожата ми е посјајна, со тоа што мислам дека и една од причините и за намалување на целулитот. Тоа се моите бенефити.
Знаете оној ѓумбирот,коренот... татко ми што ми го купи пред месец, ако не и повеќе, као, у знак помирење? Можда и да не знаете (небитно) Eпа, уште имам од истиот, на татко ми ѓумбирот . А, отворам фрижидер за да видам што има, што да клапнам, а го видам и ми се одјадува се’. Подобро слабеење од ѓумбиров амин! Него, пошто тоа „да не фрлам“ е посилно од мене, изгледа и јас ќе си направам од водава, можеби така ќе се збогувам конечно со суштеството од фрижидерот, ако е уште живо (оти го пипнав, ми изгледаше жилаво се’ уште,ама, кој да ти знае каква скапаница е одвнатре ). Нане само да си купам... утре, денес ме мрзи и значи од вторник ќе го сркам, па да видиме дали и мојата кожа ќе се пролепша, оти за подмладување подмладена сум од сабајлевоо...имам пубертетски бубуљ на чело.
и јас ја направив чисто за освежување и ми излезе супер. ставив само свежи состојки и се според рецепт ни повеќе ни помалку. водата не ми е матна ,како лимонада некако и има супер вкус на нане и лимон ама не ејак така се осеќа позадински. незнам како ја осеќате краставицата мене воопшто не ми пречи уставри не ја ни осеќам.... маж ми исто така многу ја бендиса и пак ја направив. супер е за освежување а за сабеење незнам неможам да кажам.
Дали некој може да ми каже колку време се пие Саси водата? ..јас денес терам 1 ден и можам да кажам дека има супер освежителен вкус
Devojki dali mora da bide svez gumbir? Jas zemav susen gumbir, bidejki ne bese potencirano kakov tocno treba
Пијам саси вода еве една недела ја правам со гранчиња од природно нане, една лажица ѓумбир и еден лимон на опарчиња со 8 чаши вода, и ја оставам да отстои 8 чаша за да ја конзумирам. Е сега имам прашање јас од секогаш имав бавен метаболизам и тврда столица, сега уште потешко ми оди. Што мислите да не ми штети нешто ѓумбирот? кај вас делуваше вака или...?