Ајде да пробаме, но од прилика колку количински треба? И во што да се стави, дали секој ден се прави или се меша со нешто?
Некој што ја пиел месец да каже дали има ефекти или слабо ? Јас ја пијам веќе 7 ден а за резултати неможам да кажам дека има, сепак ќе ја довршам до крај не губам ништо
Мене нешто ме буни, количинава на Саси вода треба да се испие во еден ден или не, откако ќе ја направиш, треба да се процеди и да се чува така или? Јас ја направив, подобар е вкусот од што очекував. И сеа не знам што да правам, дали да ја пијам или да си останам на таа чаша сабајле што ја испив. Чекам некој со искуство да ми каже
Аха, добро тоа ме интересираше. Туку викавте без лушпа, токсини и слично. Пред да ги ставите краставицата и лимонот ставете ги во сад со вода и сода, нека постојат 5-10 минути па испракнете ги и ставете ги во бокалот. Содата чисти се, немаш гајле од отрови после.
Тука пишува до ДВА ПАТИ ДНЕВНО! http://puls24.mk/magazin/zivot/cudo-od-napitok-namaluva-po-1-kilgram-za-1-cas/Prev?id=0
Јас мислам дека колку и да испиеме,не може да штети. И јас си направив синоќа,еве сега си пијувкам. Вкусот не е баш најубав,ама не е мачен за пиење,башка ептен ми е изладена и многу освежува. Следната тура ќе ставам повеќе нане,да се осети мирисот. Туку секој ден ако правам вака,многу лимони и краставици ќе одат,ќе банкротирам
Во Веро има свежо нане и други тревки А да каже некој дали има ефекти зошто мене воопшто не ми се допаѓа
Мене жени не ми одговара водава, многу болки во бубрезите имам од неа, прекинав да ја пијам. Читав дека е можно да имам песок или камен па да почнало да се симнува од водава, па да добијам, ако добијам, и правец на лекар на ехо да ме видат. Инаку ја ставам во smootie за да ми додаде малку свежина за насабајле, не го пијам само вака туку во комбинација со друго овошје и многу ми е убаво така, ми дава свежина, како витаминска бомба
Направив, па ке видиме утре. Мириса океј, освежително, па супер ако намалува стомак. Ке пишам резултати ако има.
Диета Со Лимон и Ѓумбир Здраво на сите имам еден проблем се надевам ке ми помогнете да го решам пред точно 1 година ги оставив цигарите поради здравствени причини тогаш имав 66кг сега имам 86кг значи вода да се напијам буквално се фаќа за мене многу ми смета мислам не изгледам нормално целата сум изобличена неможам да се поднесам самата пробав неколку диети морам да бидам искрена и не бев баш упорна бидееќи кога ке ме нападнеше гладот беше вистински хорор сега моментално држам една диета сигурна сум дека ја имате прочитано а можеби и пробано -1 лимон се сече на парчиња -1 краставица средна големина се сече исто така на кругови -корен од ѓумбир изрендан колку 1 малечко лажиче -12 листови нане смесата се прави од вечер стои во фрижидер до сабајле потоа нели нормално се пие еве веќе 4 дена како ја држам ама некако не се осеќам подослабнато барем малкуууу доручкувам во 11 часот полесна храна пијам многу вода и башка од оваа течноста ручам во 17 часот и толку повеќе ништо не ставам во уста до сабајле мојот најголем проблем е делот околу стомакот значи сите мислат дека сум бремена ако некој пробал ваква диета или има некој совет нека ми пише ве поздравувам сите