Ja pijam veke 3 dena, poduenosta na stomakot ja snema, imas cuvstvo kako da si 2-3 kg polesen! Vkusot e odlicen, osvezitelen, najdobar pijalok za ovie letni denovi
Да, рековме. Рецептот ми го кажа една пријателка на свекрва ми. Го пиев бидејќи е освежителен. Два месеци. Нема никаков ефект на слабеење, не го намалува обемот, не ја средува подуеноста. Кој верува спротивно, се пали на плацибо ефект, супер за него.
Jaс ја пиев водава 3 месеци. Прво, го намалува обемот по две недели, нормално ако внимаваш и на исхраната и си физички активна. Второ, со самото тоа што пиеш по 3 литри вода дневно се прочистуваш и се намалува подуеноста (јас барем пиев по 3 литри - дупла доза) и плус бенефиција беше тоа што многу ми се исчисти и освежи лицето. Се зависи од тоа колку си упорна и колку сериозно го сфаќаш овој режим. Без разлика каква диета е, ако ја комбинираш со физичка активност и доволно количество вода сигурно ќе има резултати. Дали за 2 или 3 месеца, не е битно. Ова го кажувам од искуство, затоа што многу ми помогна. И добро што ја посетив темава, ќе треба во скоро време пак да почнам да си правам, баш е за летно време.
Pa ako vnimavas na ishranata i ako si fizIcki aktiven(pod ova podrazbiram ako vezbas) i cista voda da pies kako sto si piela po 3l denot, posekako ke oslabis i ke namalis vo obem. Jas piev gumbir i limon 2 meseci NIKAKVO DEJSTO NEMASE.
But than again, со средена исхрана и редовна физичка активност и онака ќе ослабнеш. Водава не е неопходна ни под разно. Без намера да навредам, да верувате дека само со козумација на оваа вода за месец дена ќе ослабнете 10, па дури посмешни 12 килограми, значи дека имате озбилен проблем. Поозбилен од тој со килограмите.
Ја пијам саси водата еве 4 дена значи пијам по литро, литро ипол саси водата и по литро обична вода, со тоа што лебот го заменив со двопек и секој ден возам велосипед и внимавам што јадам во текот на денот. Засега единствен резултат од саси водата е дека си го прочистувам организмот од токсин а и во жешките денови саси водата ладна ми доаѓа доста освежително, потајно сепак се надевам дека мојата упорност барем малку ќе се исплати.
Вкусот навистинаа е прекрасеееееен... Со неколку коцки мраз вкусот ее фантазија.. воопшто не е лут дури уживам кога го пијам.. иначе прв ден ми е па че видиме каков резултат че имамее
Ги читам мислењата и се смешкам под мустаќи. Толку грешка информации раширија нашиве медиуми за водава тоа е страшна работа. Со здрава исрана и редовна физичка активност може да има и те какви резултати, во овој случај водата служи за детоксијација на телото т.е чистење на некој процент од отровните материи. Ние со вишок килограми може да осетиме само олеснување во телото, а слабичките видливи резултати.
Јас па колку се смеев, на еден портал пишуваше дека топела еден килограм на саат. За 24 часа можеш цела да исчезнеш значи
jas pijav ubav vkus ama bas nikakov rezultat! istite kilogrami gi imam od prethodno samo onaka se custvuvav polesno mislam sea deka i mi se porameti i menstrualniot ciklus .. denes 2 den mi e, ama mn slabo mi techi isto kako da e vo poslednite denovi na menstruacija a mene mi e na pocetok.. sto mislite dalie mozno da e od ova?
Јас од вчера почнав да ја пијам, апсолутно не верувам во тоа дека ќе ми помогне да намалам килажа но вкусот е препрепреубав!!!! 2 во 1 - ем прави детокс ем освежува на топлово
Значи каква глупост направив уште неможам да си поверувам Свесна сум дека водава и нема баш таков ефект како што пишуваат порталиве и дека не се слабее магично од неа, ама читајќи дека има убав вкус и е освежителна, решив да си ја направам. Почнав со ред, купив свеж ѓумбир, изрендав отприлика едно лажиче, ставив средна голема тенко сецкана краставица, сушено нане отприлика една лажичка (немав свежо во моментот) и на крај видов дека дома немало лимон, ама имало цитрон Без размислување го исеков цел цитрон на тенки кругови и го ставив внатре и оставив цела ноќ во фрижидер. Сабајлево по обврски одма, заборавив да се напијам, од тука продолжив на ручек, ехеее тек сеа си дојдов, цел ден шетање. И отварав фрижидер леле викам да се напијам да ја пробам барем. Едно пробување, животот ми се згрози. По горчливо нешто неам пробано )) Горчи на грло, бљак одвратно. Цитронот си го направил своето, а најверојатно и тоа што скоро 20 саати седеше во фрижидер Вечер правам нова, овој пат со лимон, па ќе видиме дали ќе излезе со вкусен и освежителен вкус
Јас го имам пробано али јас го пиев со поинакви состојки. Зовривав вода, после му ставав две кесички зелен чај и две кесички чај од нане, и еден цел лимон цеден, го оставав да постои во фрижидерот се додека не се излади. Вкусот беше добар и искрена да бидам мене ми помогна, ама криво ми е зато шо се вратив пак на истите килограми оти не бев многу сериозна, пешачев по 1 до 2 сати во денот и имаше и то какви резултати. Пробајте