Девојки, во што ја правите и чувате? Вечерва прв пат ја подготвив во 2 шишиња пластични од по 1 литро, ама тие не се решение зошто утре нема да можам да ги извадам состојките за да направам одново... Некоја идеја? ( имам бокали ама под 1 л се)
Jaс обично во тегла кај шо мајка ми става црвени пиперки од по 2кг смешно звучи, ама има голем отвор и се лесно и без проблем се прави.
Ајде девојки разбудете сеее лето иде јас од денес планирам да почнам со водава , ама си најдов полесен начин. Ѓумбир и цел лимон ставам во блендер , лимонот сосе кора и додавам вода. Стои преку ноќ и утрото имам средство за расонување наместо кафе
Јас ја пијам ради освежување, наместо обична, но од аспект на слабеење и да се работи за света вода, ако не се пази на исхраната и не се вежба интензивно, минус толку килограми само на сон
Оти целта на оваа мешавина е да се исфрлат течностите од организмот, а тоа не е пожелно кај доилки, кај кои токму течности се потребни за да се создава млеко.
@Justicija 1,5-2 литри вода * 1 парче ѓумбир исечено * 1 краставица (средна големина) - исечена на кругови * 1 лимон - исечен на кругови * свежо нане Навечер се става се во бокал и сабајле се цеди и си пиеш во текот на денот. Тера многу на мочкање