Водење сопствен бизнис во Македонија

Дискусија во 'На работното место' започната од Ariel, 27 мај 2010.

  1. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.916
    Какви се вашите ставови околу отпочнување сопствен бизнис во Македонија? Дали би сакале да имате свој бизнис, во која област мислите дека може полесно човек да се пробие, дали сметате дека има премногу нелојална конкуренција и слично. Дали сметате дека ако се работи на чесен и фер начин може да се добијат добри резултати.

    Самовработувањето во Македонија се гледа како излез од проблемот со преголемата стапка на невработеност. Трошоците за основање претпријатије не се големи, но останува прашањето што понатаму. Дали ќе се најде пласман / корисници, нелојална конкуренција, рекет...

    Посебно би било интересно ако некој кој има свој бизнис може да го сподели искуството, и да ни каже какви биле почетоците, и како е сега после определено време, кои се предизвиците и слично.

    Јас за себе излезот го гледам токму во сопствен бизнис, ако не сега, за 3-4 години најмногу сигурно. Кога си млад полесно се наоѓа работа, ама после определено време работите се менуваат, па затоа би сакала да основам нешто мое. Само се уште немам јасна идеја што точно ќе биде тоа. Страв ми е пред се од надворешните фактори.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.459
    Нормално дека од сопствен бизнис ќе создадеш повеќе профит отколку да работиш кај некој за плата. 300 евра е просечна плата во Мк како што знам, а некои ни таа плата не ја земаат. Минималната законска плата е 10 000 а со тие пари тешко дека може да се обезбеди пристоен живот. Како родител можеш да се скратуваш од некои твои потреби, ама децата како што растат бараат се повеќе а со таква плата не можеш да им ги задоволиш нивните потреби. За да си финансиски обезбедена и да можеш да уживаш во повеќе задоволства, ти требаат повеќе пари а нив можеш да ги стекнеш само ако ти си свој газда. Е сега како што се менуваат нашите закони и секој ден некои нови регулативи се донесуваат, па после паѓаат на Уставен и секој ден некои новини се воведуваат во законската регулатива, така да за успешен бизнис, мора секојдневно да бидеш во тек со настаните и да имаш добар сметководител кој ќе работи за доброто на фирмата и будно ќе ги следи законите и сметководствените стандарди за водење на работата, за да не заглавиш во тие правните лавиринти. Во сопствениот бизнис има пари ама потребно е многу труд и вложување, напорна работа и многу секирации и нервози, додека кога работиш на друго место не се многу секираш затоа што не е твое. Најлесно им е на државните службеници, земи ги пример вработените во јавната администрација, по цел ден кафиња си пијат и ќе отидеш да ги прашаш нешто на шалтер и не знаат ни да ти одговорат, сабота и недела не работат, сите државни празници не ги работат, во 4 им завршува раб. време, а плата секој месец им стигнува до 15ти без каснење. Јас сега сум трета год. на економски и наредната год. кога ќе дипломирам, сакам прво да работам кај друг работодавец во фирма за да стекнам искуство и да се трудам да се истакнам на работното место, па потоа ако имам средства за сопствен бизнис тогаш би размислувала во која дејност да се насочам. Битно знам дека прво ќе гледам да се вработам некаде каде што ќе стекнам практика па после би можела да отворам нешто мое.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    4.252
    Пол:
    Женски
    Тешко е да се започне свој бизнис поради тоа што треба почетен капитал кој ќе бидеш спремен и да го изгубиш. Не секогаш првиот обид за сопствен бизнис е успешен. Во секој случај вреди човек да проба, и не гледам ништо лошо во фризерските и козметичките салони, и тој бизнис може да прерасне во нешто поголемо како што се Леонтич, Силуете и други. Никоја професија не е за потценување, и никој одеднаш не станал бизнисмен или сопственик на голема фирма. Сега се особено тешки времињата затоа што обртот на пари е мал, тие што работат во приватниот сектор знаат за што зборам, куповната моќ на луѓето е намалена и општата атмосфера на криза придонесува за тоа.
    Секоја чест на тие што ќе успеат да отворат приватна фирма и успешно ќе ја разработат. Кога сме кај работата да не знае некоја како и е на Babyketi на работа, одамна ја нема да каже како се снаоѓа ?
     
    На srcekrsacka и Lady-PinkHeart им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    16.785
    Допаѓања:
    34.327
    Се сложувам со Ирена дека треба да имаш почетен капитал да вложиш. Мислам дека кај нас во државава е многу тешко да успееш да го одржиш бизнисот, ако веќе си го започнал. И со се што сум се сретнала до сега и со луѓе што успеале, не било на поштен начин. Прво натаманиле капитал по сумњиви патишта, па после разработиле бизнис што го одржуваат на истиот начин. Јас лично не планирам да останам во државава. Имав некои планови, меѓутоа ќе се обидам да ги реализирам на друго место. Немам баш најдобро мислење за нашава држава и не би сакала време и пари да си трошам тука.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    21.916
    Има и работи за кои и не ти треба многу почетна инвестиција, можеш и од дома да работиш за почеток, како превод, програмирање, консултантство, адвокатска канцеларија и слично.

    Само ме плаши наоѓањето работа, наместени тендери, ненавремена наплата и слично.
     
    На srcekrsacka и Nine25 им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031
    Za nekoja rabota i ne ti treba mnogu poceten kapital, zavisi koja dejnost sakas da rabotis. Eve, rabotam vo privatna firma i sto se veli sum desna raka za se i sesto na gazdata ama sepak toj e gazdata. Da ne zboruvam za nelojalna konkurencija, tenderi i sl. ako nemas svoj covek nisto od biznisot :). Ke vrtis nekoj beden denar od denes za utre a gazda nema nikogas da bidnes. Ednostavno taka ni funkcionira sistemot, za zal.
    Vo ovoj period koga krizata doprva se osetuva kaj nas, pa i neznam kolku e pametno za sopstven biznis, iako neli, sepak zavisi od dejnost sto sakas da rabotis ili da rabotis nesto vo sto ke si prv :clap:
    So jaka volja i Gospod napred ako nesto se saka mislam deka moze da se postigne, ke si trckas po 12h na den ama ke znaes za kogo i za sto trcas.
    pozz
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.191
    Допаѓања:
    69.627
    Пол:
    Женски
    Сум била на мисла повеќе пати да си отворам сопствен бизнис. Ама проблемот е што за мојата професија почетниот капитал е превисок. Средствата што треба да ги вложам стигаат и до 10000 евра :o ај еве, да се стиснеме малку може и со 7500 евра. Ги немам тие средства, а ќе треба да подигнам кредит за кој не верувам дека од почеток ќе можам редовно да го исплаќам, затоа што прво треба да се пробијам на пазарот, а за тоа треба некое време. Ризикот е голем, впрочем како и кај секој бизнис. Како и да е, и да ги имав тие средства, сигурно не би почнала самостојно, мора да имам некој со искуство што ќе ме поддржува и нема да ми прави сплетки зад грб. А немам никој таков во моето семејство, а за пошироката фамилија - имам, ама не се осмелувам, бидејќи не му верувам никому, а најмалку на човекот кој што би можел да ми помогне со своето искуство. Освен тоа, треба да почнувам во друг град, каде што никој не ме познава и каде што конкуренцијата е преголема. Така што, сега за сега тоа ќе почека, можеби во иднина ќе се опарам, откако ќе стекнам некаква пракса. А да имаш свој бизнис е сигурно подобро, отколку да му слугуваш некому. Барем јас би одбрала да ризикувам, отколку некој да ме експлоатира 10 саати на ден да стојам на нозе, за бедни 5000 ден.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.547
    Допаѓања:
    3.875
    водење на сопствен бизнис во македонија? хм како прво многу тешко ќе излезеш на крај ако отвориш нешто што го има на секое ќоше. за да отвориш бизнис и да успееш треба да бидеш иновативна и да направиш нешто што воопшто го нема во мк. или во краен случај да бидеш единствена во местото на живеење. би те советувала да го посетиш бизнис инкубаторот www.yes.org.mk држат обуки за тоа што се треба да знаеш за да отвориш сопствен бизнис, а пред се ако на крај на обуката имаш добар елаборат добиваш 500 долари и доколку е нешто што не бара многу простор ти нудат нивни канцеларии, т.е. и самото име кажува инкубатор односно заштита.
    а дека може нешто да се просперира ако не е иновативно мислам дека не можеш затоа што конкуренцијата јаде, а од друга страна давачките спрема државата се огромни така да треба многу средства ама стварно многу и да се биде многу јак и да се издржи. :?:
     
  9. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    28
    Ако се одлучиш за бизнис во којшто ќе треба да соработуваш со фирми или не дај боже државни институции, ќе можеш да најдеш работа единствено ако имаш врски. Не очекувај дека некој ќе почне да соработува баш со твојата фирма заради квалитетот на услугата или поволната цена. Ова го зборувам од големо (непријатно) искуство... За жал, така стојат работите во нашата држава. :n:
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    829
    Некој ја знае постапката за отварање на фирма во Македонија?
     
  11. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    27
    да оди во собрание и таму ке те упатат треба да земеш образец во зависност од тоа кој бизнис планираш да го започнеш и да го потполниш за помош земи пример од некоја конкуренција хаха и види како е пополнет прати барање за фискална најди сметководител и спреми си 500 евра за отварање на фирма чекај фискална 1месец абе има заебанции со срека
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031
    Фирма се регистрира преку Централен Регистар. Се пополнат обрасци од Централен, изјави, уплата на сметка на Централен и имаш фирма. За подетално ако сакаш и што те интересира пиши ми ЛП.
     
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    744
    Што мислите дека кај нас би имало профитабилност, или не е многу застапено, дали имате храброст за започнување на ваш сопствен бизнис, и што би работеле.позз
     
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.057
    BIZNIS IDEI

    Би правела брускети марети. Just sayin'
     
    На srcekrsacka и caroline.costa им се допаѓа ова.
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    744
    BIZNIS IDEI

    па добро нека дека ке ви ги преземам идеите онака да видам до кај размислувањето на луѓето, јас почнав нешто ама кој знае каде ќе оде..
     
  16. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    2.012
    BIZNIS IDEI

    Домашен есап на пазар не излегува. :x

    Не дека имам некоја идеjа, ама и доколку би ја имала, не би ја кажала, освен ако не ми платат. :)

    А за да видиш до кај се размислувањата на луѓето си определуваш таргет група и си постојат анкети, истражувања, луѓе кои го работат тоа, консултатни...итн, итн. Други начини што би ти помогнале повеќе. Но доколку еве сакаш да знаеш што би мислеле за твојата бизнис идеја, напиши ја ќе ти кажеме.
     
  17. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    744
    BIZNIS IDEI

    еве јас ке ви кажам што направи еден мој комшија. Може е смешно на прв поглед но човекот на некој начин си заработува.Купува чаеви од аптека зелен, нане, црн, и појма немам какви други и ги препакува во поголеми кеси.и ги продава демек ги бере од планина демек се лековити, кој за слабеење :rofl: :rofl: :rofl: и лаже по луѓето дека се разбира со нешто. а жена му вика додека ќе имало глупави глави до тогаш ќе стрижел така. и Навистина заработува доаѓаат претежно за слабеење бараат и тој препакуван зелен чај со усте некој друг во него (колку да се измеша несто мирис вкус што ти знам таму) и му дава и ако го купил од аптека 100 денари (што мозе и поефтин да е) тој го продава 500 600 зависи и плус му дава како листа начин на исхрана со тоа па повекето ослабнате од тоа сто му рекол да јадат не од чајот ама ете се снашол.
     
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    2.012
    BIZNIS IDEI

    Човекот на некој начин си заработува, се додека не го научат.
    Не само во Македонија, туку и секаде, Word-of-mouth е опасна работа.
    Доволно е да се рачуе, па да видиме дали ќе има бизнис. :^)
    Јас помислив сериозна е темава, ама вакви примери има колку сакаш.
     
  19. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    744
    BIZNIS IDEI

    Па нормално дека темава е сериозна, и мислењето што го кажав не беше несериозно или лага на некој начин успеал, и не верувам дека ќе го разберат или ќе се посоменваат пошто работи со тоа може повеќе од 5 години, и солидно заработува. за тоа напишав може ке звучи смешно но сепак успеало. Немора на се толку скепично да се размислува.
    Не е се во дипломата(што не викам дека штети ако ја имаш), но муабетот ми беше што би било кога сами несто бо пробале, почнале. еве јас ако сум дипломирана, додека студирав одев на курс за козметичар. и сега за сега работам од дома купив печка за нокти и кај и да е за 40 дена ќе ми биде готов салонот и така ќе продолжам, само незнам колку би успеало тоа зошто и козметичари има многу.Еве ке ви откријам дека недела дена пред нова година другарки, пријатлки дојдоа кај мене која за нокти која за депилација и си заработив 10 илјадарки..ама незнам дали и кога ке се отвори мојот салон ке работи како што замислувам. Али решив да пробам ете и здравје тоа е тоа. Сега кога кажав што сум испланирала, не ми пораснаа рогови ниту изгубив нешто. Фала на разбирањето
     
    На Smiley11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.031

    Човекот се снашол за да преживее и да врзе крај со крај колку може, и тоа не е бизнис.
    За да работи твојот салон како што замислуваш ќе треба да дадеш квалитет на услуга а пониска цена. Со тоа ќе привлечеш муштерии кои ќе ги одржуваш а таквите ќе ти донесат уште муштерии. Треба да си во тек на иновациите за да ги нудиш и да се пробиваш на пазарот.
    Е сето тоа не е лесно, епа ниеден почеток не е лесен. Искрено денес као доаѓа времето не е ни лесно да се живее :worried:
     
    На srcekrsacka и senjorita.lombardi им се допаѓа ова.