1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Водење сопствен бизнис во Македонија

Дискусија во 'На работното место' започната од Ariel, 27 мај 2010.

  1. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.734
    Допаѓања:
    17.901
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде малку мислења.Ќе отварам сендвичара на убаво место,каде мислам ќе биде единствена,а околу неа има доста кафулиња,меѓутоа нема ништо за јадење.Мислам има ресторани,меѓутоа не секој сака и има можност да седи во ресторан,тоа е веќе нешто друго.
    Е сега,што мислите вие,дали да се оди со она стандард хамбургерии тостови,или би било убаво да се додадат,ладни сендвичи,посни,со некои сосови,а цените да бидат нормални,не астрономски?И би сакала некоја помош ако знаете некои фирми за доставување лепчиња,помфрит,скари тостери за сендвичарата.
    Имам јас неко лку места,меѓутоа секој предлог плус е добредојден...би сакала да слушнам мислења.
     
    На Saraa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Па вреди да се проба,да се има нешто ново,како што велиш разни сосови,посни сендвичи,соја шницли,соја ќебапчиња.... кои ми се омилени во Нино :mm: За ладни сендвичи незнам баш,зошто насекаде ги има,во секоја продавница за бели пецива.
    Секако зависи и какво население има одоколу,нели стандардот нивен,.
    Ти посакувам среќа :)
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    еве ти од мене една идеа, ако сакаш прифати ја ако не. Направи сендвичи и за деца креативно, лесно и ефтино е . Еве неколку примери ( сликите ми се пронајдени од нет)
     

    Прикачени фајлови:

  4. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    не ми ги собра сите слики
     

    Прикачени фајлови:

  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ oвие лично ми се смешни сендвичи, да не прасето кое е лепче со 1 парче салама ќе се продава? Или најк патикава со 5 плескавици за дете?
    Овие се визуелно интересни, но никогаш лично не би купила ваков сендвич.
    Плус во тањирче. Некој што има сендвичара напротив нема да му е лесно да шарка сендвич, комплицирање без резултат.

    Инаку Јарец мислам дека може да имаш сендвичи со салати на пример со руски, пилешки, француски.
    НО најдобрите и ти препорачувам да размислиш за макробиотските сендвичи. Во Скопје пример во сендвичарата Нино идат тата мата, перфектни се. Па има едно 10-15 видови од сои, од леќи, печурки итн а плус уште 10тина сосови. Јас ги обожавам тоа е мислам ем фино ем лесно се прави. Прочитај на интернет за макробиотската храна ќе видиш дека се повеќе е популарна
     
    На jarec6 и maca99 им се допаѓа ова.
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
     
  7. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    3.769
    Пол:
    Женски

    мој совет е доколку сакаш да успееш оди на квалитет немој 2-3 месеци супер а потоа да кратиш од материјалот внатре како што прават и другите...мислам дека затоа и 7 е толку год.успешна...луѓето сакаат сендвичите да бидат големи и богати..и стави повеќе сосови,свежи салати интегрални лепчиња и не растителен кашкавал(освен посни сендвичи)...поздрав и со среќа ...па пиши ни каде е да пробаме :D
     
    На jarec6 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.539
    Пол:
    Женски
    Сакам да ти кажам да си успеиш во замислата и со среќа нека ти е. Позззз
     
    На srcekrsacka и jarec6 им се допаѓа ова.
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Девојки сакам да отворам игротека во мојот град, напуштив од претходната работа па сега сум заинтересирана за овој бизнис. Да напоменам тука има само 1 игротека. Ако некој е информиран колку финансии се потребни за отворање на фирма, за набавување на играчки нека ми напише. Секој совет е добредојден.
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Отварање на фирма ќе те чини околу 100 евра а играчки зависи кои сакаш да ставиш. Оние големи со тобогани се од 8000ден па нагоре, онаа куќичка што е, е околу 4-5000ден. Зависи и од кој бренд сакаш, на Чико се најскапи ама има и поевтини, треба да се распрашаш и да добиеш визија за местото како би сакала да го уредиш
     
  11. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42
    девојки,се мислев и се мислев,,иако сум со високо образование работа не можам да најдам,,сакам да почнам приватно нешто да работам...сакав да отворам бутик за блузи,јакни,пантолони,чевли,чанти,,накит..се за една девојка..да може да искомбинира.само не знам колку ќе успеам...слушнав за пазари каде ефтино трговците земале роба...па и јас сакам така,,убави работи,прикладна цена,поевтино од другите околу мене,а сепак исплатливо да ми е...што мислите за ова?...разгледував дукани се издаваат во центарот на градот...има по 6000 -10000 ден,,помали,ама како за почеток се добри....што треба да направам за да отворам...фирма да основам треба..или што?...или ако имате идеја предложете нешто друго.бизнис идеја..или пазари од каде можам да набавам роба...ве молам ,мора да ја оставрам оваа идеја...за свој бизнис
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Како прво треба да ги договориш добавувачите од кај ќе земаш роба т.е да прошеташ и да видиш како се цените за да направиш некоја замисла колку би била продажната цена на едно парче.
    Треба да регистрираш фирма и најдеш сметководител кој ќе си ја брка таа работа.
    Како за почеток мислам дека се залетуваш затоа што сакаш да комбинираш гардероба, накит, чевли, чанти. Е за сето тоа ќе ти треба добар почетен капитал. Ако ги имаш тие пари не е проблем.
    Јас би ти препорачала да почнеш само со гардероба па ќе видиш како ќе оди и можеш да убацуваш како некој новитет на пр. каиши, појаси, брошеви, еве сега иде лето па летни шапки на пр.....но не и чанти и чевли.
    Сите набавуваат од кинески пазар во Солун или Ќустендил евентуално Турција. Одиш си бираш роба, платиш и тие ти ја донасаат овдека ако така се договориш за да не се малтретираш по граница.
    Е сега бидејќи е заситено со текстил се, за да бидеш конкурентна на пазарот треба да донесеш нешто што го нема или да бидеш многу евтина. Тоа е веќе испитување на пазар....
    Друга идеја ти е детска гардероба. Како раснат децата како тиквички сакаш-нејќеш мора да му купуваш за секоја сезона. КОј си купува марка оди и си купува без да размислува на цена и квалитет, ама повеќето гледаат и цена и квалитет. Сите сакаат убави памучни џиџани работи и по можност поевтини. Тука имаш широк дијапазон за размислување.
    Трето што ми текнува е специјализирана продавница за фарби за коса. Незнам дали се фарбаш ти ама јас не и од она што го слушам знам дека одредени фризери си работат со одредени марки на фарби. Ама има многу девојки/жени на кои им е скапо да одат на фризер и таму да ги фарбаат туку купуваат фарба и се фарбаат по дома. Продавај од најевтини фарби за коса до најскапите што ги има по фризерници. Додај и некои колор шампони, маски, регенератори....подруго е кога знаеш дека на едно место има се и одиш и таму купуваш наместо да се бафташ по дрогерии, парфимерии и сл. каде се продаваат (испитај дали дистрибутерите ќе ти дозволат на пр. да држиш фарба Кене и некоја друга конкурентска фарба). И тоа ти е добра идеја за размислување....
    Можеш и продавница за играчки за деца, продавница за работи околу домаќинство - секојдневни.....
    ....и така ќе си маштам јас до 101 и назад :D :D се зависи колку имаш почетен капитал
     
    На tina-63 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. hrizantema007

    hrizantema007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    42

    oк,фала...ќе размислам убаво па ќе видам што ќе правамм,само знам дека вака залудно да чекам е џабе...ми дојд еи друга идеја да отворам како бифе,кафуле спроти еден факултет..погоре има уште еден факултет а нема ниту едно бифе на таа улица,нема ни во факултетот......не знам што ќе ми треба за овој бизнис...а и ме нервира дека кафето ќе е 30 ден...или 20 ден,,турско,,,уствари макијато...а другите покаспи,,па не знамд али би ми се исплатило да си играм вака со мали пари...и од каде можам да набавам кафиња,сокови,,некоај од вас ако знае нешто за ваков бизнис нека ми помогне,нека ми адде идеја за набавка .....
     
  14. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Јас веќе пет години водам сопствен бизнис,секако дека е тежок секој почеток,прво треба да си на добра локација,да те научат, квалитет,добри цени ,стануваш како роб,но доколку се случи како во мојот случај прелокација тогаш повторно се од почеток плаќаш како за нова фирма,па додека те најдат,иако тешко губам верба во себе,сепак и тоа ми се случи.Приватниот бизнис денес во Македонија е многу тешко платежната моќ на народот е на многу надолна линија.Значи ова не е некој да сфати дека не би требало да отвори туку тоа што ќе го отвори да биде нешто што ќе биде потреба
     
  15. Scorpia

    Scorpia Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ги читам вашите коментари и целосно се пронаоѓам....јас имам два факултети, еден италијански јазик преведувачка насока, другиот сега го завршувам и е физиотерапија на медицински факултет. Како и да е, со првиот воопшто немам работа, или барем средно платена работа, а со вториот сега за сега можам да работам само како масерка што и го правам еве веке трета година ама сепак платите во салоните за убавина и слично се многу ниски , а работата е физичка. Веќе година дена и повеќе се мислам да отворам нешто приватно, сопствен бизнис односно салон за масажи или пак комбиниран салон со партнерски однос со друга девојка козметичарка и мислам дека ќе има успех самошто ми е многу страв како ќе се снајдам во првата година две затоа што почетниот капитал за инвестиција ми е ограничен и страв ми е да не заглавам уште повеќе. Што мислите вие за ова и ако има некој со слична идеја на мојата нека ми пише па може во иднина и ќе се спогодиме да направиме нешто заедно...
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Аплицирај си за проектот Самовработување, даваат неповратни кредити до 3000 евра. Пробај па ќе видиш.
    Идејата не ти е лоша има госпоѓи кои одат на масажа од бес, потреба или затоа што немаат што да прават. Незнам од кој град си и колку такви салони има кај тебе, ама освен масажа можеш да воведеш и некоја друга услуга - шминка, флизура, депилација, маникир-педикир или нешто др. сл. затоа што само од масажа тешко дека ќе работиш со добивка
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Има фирми кои ти нудат самовработувања. Јас на тој начин си водам сопствен бизнис без почетен голем капитал. Основната инвестиција ми беше 6500 денари за да ја добијам лиценцата за работа. И со таа лиценца јас имам свој меѓународен бизнис во преку 80 земји во светот. Немам обврски кон државата, затоа што фирмата ги плаќа сите даноци. Немам потреба од добавувачи, транспорт и логистика бидејки фирмата има свој дидтрибутивен центар и од тамо си земам се што ми е потребно. Немам потреба од маркетинг и реклами затоа што фирмата тоа го прави за мене. Висината на моите приходи сама си ја одредувам, со тоа што колку ке сработам толку ке си заработам исто така и сама си го диктирам работното време. Едноставно узивам во сопствениот бизнис.
     
    На Milobebence, glosipgirl и vitomir им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Браво за тебе :clap: ,ми се допаѓа што си се снашла во животот.
     
  19. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    А знаеш што е најинтересно??? Што секој има право да се лиценцира и да биде дел од овој бизнис. Но на колку луѓе и да сум им понудила за да си го решат својот финансиски проблем бегаат. Некако им е полесно да кукаат дека нема пари или би работеле за фиксна плата од 200-300 евра или веднаш би барале да бидат службеници за 500 евра, ама никој не сака да се испоти да си ги заработи парите и навистина да си ја процени својата вредност на пазарот.
     
    На Milobebence, glosipgirl и vitomir им се допаѓа ова.
  20. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    А мене навистина ми се потребни соработници :( Навистина. Имам толку многу работа посебно затоа што ова го работам како part-time job што сама не можам да постигнам.