1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Водење сопствен бизнис во Македонија

Дискусија во 'На работното место' започната од Ariel, 27 мај 2010.

  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Потполно те разбирам,но за жал кај нас не сакаат се и сешто да работат,туку бараат стрикно за тоа што учеле,башка и што не прифаќаат да работат за 200евра,а кукат за работа,е таква е нашава младина.поздрав
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Па помогни и Витомир ондак ти, продавај Хербалајф ако сакаш!

    Витомир денес се надминуваш во постовите против оние кои не сакаат да работат се и сешто.
    Хербалајф може да ти е занимација, не е сопствен бизнис тоа за мене.
     
    На Smiley11 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Си имам јас работа,само си дискутиравме за ситуацијава,назнам зашто ти се пронаоѓаш тука,никој не спомнав.
     
  4. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Со 1000 долари месечно? Нека е занимација. Лугето со визија сериозно го сфаќаат овој бизнис.
     
  5. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Јас работа на процент од продажба не ја сметам за сериозна и стабилна, а најмалку пак за сопствен бизнис. Дали вие драги агентчиња сте пријавени, ви тече стаж или пензиско? Сигурна сум дека НЕ. Дали доколку од Х причини (одмор, болест и слично) не може да работите во месецот ќе земете плата?

    Така што ве молам без дискусии во темава и убедувања како некои бараат работа за да не најдат кога вашата "работа" е само хоби или пополнување дупки. Пирамидалните заработки не се сопствен бизнис во никој случај, освен нели ако сте вие на врвот.
    ;)
     
    На GirlLove, Dust, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас кога би земала 1000 долари од твојата работа би се легализирала и би била сам свој газда а не потрчко на некого. (ако навистина продаваш Хербалајф и го остваруваш тој приход)
    Убаво си кажа, ,,ова е бизнис, а не кариера,,
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Ако го работам како кариера ќе заработувам мнооооооогу повеќе од 1000 долари :)

    Мојата работа е апсолутно легализирана. Јас си плаќам персонален данок на секоја добивка која ја остварувам. Не сум ничив потрчко бидејќи работам онолку колку што сакам или онолку колку што ми треба. Само сум благословена што ја препознав можноста да станам соработник на фирма која ми дава се сервирано.
    Инаку штом некоја фирма има застапништво во некоја земја зарем не е тоа легализиран бизнис?
    И во врска со боледувања и разно разни отсуства.... да земаш плата, секако задоа што системот е така направен да се цени и исплатува твојот минат труд.
    Инаку со 1000 долари и повисоки примања (на кои работам да ги имам во иднина) можам даа си дозволам приватно осигурување кое ми покрива повеќе трошоци отколку нашиот ФЗОМ и услов за „Пензиска“ надокнада. Плус никој не ме ограничува ова што го работам да го работам се додека не заминам на оној свет.
    Но нели секој со својата перцепција и визија за животот. Јас никого за ништо не убедувам. Само го кажав моето навистина ПОЗИТИВНО искуство со самозапослување.
     
  8. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Абе со среќа нека ви се 1000 долари што ги заработувате со Хербалајф (???) , ама факт е дека сте многу досадни и нападни со тоа огласите и убедувањата. Работата ви е да трчате и да молите некој да ви ги купи производите за фирма која не е ваша = тоа не е ваш бизнис, туку бизнис на некоја друга фирма во која сте вие само ситни играчи. Што значи автоматски сте и вон темава СОПСТВЕН БИЗНИС.
     
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Што толку ја нападнвте девојката,никој со сила неможе да натера некој да работи тоа што не сака,таа е задоволна од работата и сака да ве посоветува,ваше дали ќе прифатите,да ви кажам искрено и јас не верувам во таква работа како Herbalive,ili презентации на кирби и такви работи,убаво кажа Славица тоа може да е само хоби,само на највисоките позиции можат да заработаат многу пари,другиве за нешто ситно.
     
  10. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    3.769
    Пол:
    Женски

    ова е само убаво да се работи додека си млад и додека немаш фамилија,зашто оваа работа ангажман од 10 саати а не само 2-3 ...јас работев за една таква фирма ама ако те нема повеке од 1-2 месеци ништо нема да земеш(кумата продава хербалајф и беше отсутна 9 месеци-читај породилно и не зема ни денар)..од пензиско ни П зашто ако го плаќаш ќе остане ситниш за тебе,комшијата кој долгхи години е во хербалјф кога имаше син му здравствен проблем од 1 год исто така не земаше пари :!: ..така да немојте да ги лажете луѓето накои стварно им треба работа...
     
  11. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Riba,
    Mногу е лосо кога за нешто за што не си целосно или доволно информирана зборуваш. Дали некогаш си го погледнала Маркетинг планот на таа компанија за која луѓето мислат дека работам? Не? Било кој од Форумот? Секако дека не. Затоа ако сте го погледнале ќе знаете дека со добри темели (кои секако сами треба да си ги поставите) дури и во деновите кога не работите парите пристигнуваат. Секако дека тоа може да биде привремено, но со добро осознавање на сите принципи од МП ќе знаете како понатаму.
    Инаку на форумките од пртходно да им кажам дека не работам како соработник на компанијата за која тие мислат (за друга со слична дејност), но многу ми е жал што некој порано не ми ја престави можноста. МП на Хербалајф е многу подобар од оној на компанијава со која јас соработувам.
    Знам зашто многи работи изгледаат лажи и превари, особено кога не се познаваат сите информации, и кога се живее кај нас. Нели ништо во нашава земја не може да е „розрво“. Но може. Јас знам дека може.
     
  12. Wellness.girl81

    Wellness.girl81 Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2012
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    17
    Маја,
    значи на ова ри одговарам затоа што незнам од кои причини ги напаѓате моите колеги кои се соработници на таа фирма.
    Не знам од кога застапници и овластени дистрибутери на некој бренд се ситни играчи и како ги нарекоа во некое од мислењата?... агентчиња???
    Одлично што имате такво мислење. Значи за вас и овластените дистрибутери за Мерцедес, Ауди БМВ, Пежо инт се потрчковци?...
    Застапници на Адидас, Најк, Пума и сл. исто така се потчковски?...
    И тие не ли работата за одреден процент, односно по една цена ги купуваат а по друга ги продаваат?..(Мислам ако ова за вас е работа на процент? :)
    Вие бре луѓе сте чуле ли за франшиза и знаете ли воопшто што значи тоа?..
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Јас ги нареков агентчиња, дилери или како сакаш кажи ги, зошто сите оние кои се најдоле во пирамидата се ситни риби. Има огромна разлика од генерални застапници и овластени дистрибутери до агенти за малопродажба, а гледам дека ти не умееш да ги разграничиш овие термини. Никој овде не ги напаѓа твоите колеги, секој има право да го работи она што му е драго, муабетот е само дека она што ти го фалиш како сопствен бизнис е се' само не сопствен.
    Ајде поздрав и активирај се повеќе во други теми освен за Велнес и "твојата" компанија, верувам животот ти содржи и други активности покрај работата.
     
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Еве за да знаеш. Претерано сте досадни жено, многу сте очајни со тоа да најдете соработници па замарате кај стигенте и кого стигнете , и на форуми и по мејлови и секој втор оглас по огласиве е од вас. Олабавете малце. Знаеме сите кои сте , што сте, и дека треба да купиш лиценца од 100 и кусур евра за да станеш „советник за здрава исхрана“. Всушност се кладам дека тоа ви е и главниот начин на заработка, со тоа што успевате да излажете луѓе кои очајно бараат работа да ви ја купат лиценцата .
     
    На Youknow и riba79 им се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.766
    Пол:
    Женски
    Прво, Хербалајф, да вистина е зимаат многу пари, но јас лично мислам дека на прсти може да се избројат тие луѓе, Кармен, Сашо, Игор.... Мижи митро што ќе земам јас 1 000 долари плата, кога Кармен за една обична забава во нејзината викендица ги условува членовите да соберат поени не знам колку, епа нормално е бре луѓе дека ќе зима 10 000 долари плата. И не, Хербалајф не е многу ефтин бизнис, може да се рече дека е еден од поскапите и тоа, мораш да набавиш производи кои чинат бааги парички и да трчкаш низ градов за да заработиш. Ај кажи искрено, бидејќи во Хербајалф сите се толку искрени, колку е твојата месечна заработувачка, здравствено, пензиско, стаж.... Те молам, ние немаме стандард кој со овој начин на работа ќе ни овозможи убава заработувачка, сами да си платиме придонеси и плус да имаме нормално работно време, знам јас во колку саат и се јавувам на жената преку која се зачленив, преку која ја купив лиценцата, во 9 навечер, за да ми го донесе шејкот кој не сум стигнала после работа да го купам.... И не, не е баш така едноставно, од пред одредено време и данок се плаќа, откако и Македонија доби Хербалајф претставништво, ако се сеќаваш пополнувавме едни формулари, кои велеа, до одредена сума на пари Хербалајф не оданочува, но над тоа си плаќаш данок. И пак ќе речам, ова не е реално можност да работиш и да заработиш, јас ја купив лиценцата за да јадам шејк по поефтини пари, а да ја оставам мојата работа како архитект која ми нуди одличен статус во општеството за да продавам шејк и да држам презентации на луѓе во лице кажувајќи им дека нивниот начин на исрана е погрешен, дека се дебели и бедни, е не баш.
    Второ, неодамна сестра ми преку Агенција за вработување доби неповратен кредит од 3 000 евра за самовработување, си отвори фирма и наскоро треба да започне. Иновативна идеа, нема што, и во Агенција и сите идни соработници ја поздравија и сметаат дека ќе направи бум во градот. Сестра ми нема никаков грб, нема луѓе позади неа, но ќе успее, бидејќи не се плаши, ќе влезе и ѓаволски ќе издржи година дена додека да успее. Сите кои имаат барем малку храброст треба да се обидат, само бидете малку иновативни, немојте постојано со истите идеи, фризерница, козметички салон, игротека, сендвичара... Направете нешто интересно, нешто што го нема во градот, не очекувајте некој да ви каже идеа, никој не би ја кажал својата идеја ако мисли дека ќе успее, ние молчевме како риби додека да се заврши работата, и додека да се отвори нема да се расфрламе многу многу со идеата, знаеме дека потоа ќе се појават еден куп исти локали, ама ние ќе бидеме првите, зборувам во множина бидејќи планирам да бидам дел од таа иновација, се разбира со помошта која несебично ќе и ја давам на сестра ми. Законот е суров, те држи за узди од сите страни, инспекции, дозволи и слично, но ако си спремен, ако имаш храброст и ако не си песимист, ќе успееш.
     
    На Milobebence, Smiley11, poenta и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    ‘ ангел , мислам дека читав за идејата на сестра ти и можам да кажам дека навистина ќе направи бум во градот, затоа што вакво нешто кај нас нема.. секоја чест за нејзе и за тебе, и очекувајте не и нас кога ќе подпораснеме малку :) :) :)
     
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.657
    Допаѓања:
    95.766
    Пол:
    Женски
    Секако, од вас форумските мамички најмногу очекувам :D
    Само да биде се како што треба, има да јадеме БлубериМафини и да пиеме сокче од калинки секој ден ;)
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Информирани ли сте во врска со конкурсот што треба да искочи за давање на неповратни кредити?
     
  19. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167

    Огласот за кредити е веќе излезен неделава, а за неповратни средства (т.е. грантови) ќе биде објавен следната недела. Пратете си на страната на Агенцијата за вработување
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Кога ќе се спомне поимот бизнис сите се замислуваат во големи фирми со канцеларии и чуда, а забораваат дека парата е во земјоделството. Сите вие што поседувате парче земја пола од работата за стварање бизнис ви е веќе завршена. Се повеќе на пазарот се бараат производи од органско потекло така да шансите да не ви успее се помали во однос на отварање продавници, кафичи и слично. Инвестицијата ќе чини повеќе но на крај сепак се исплати.