Се сложувам со ова,само и земјоделството денес стана скап бизнис.А за временските неприлики и да не зборуваме.Сепак секој бизнис со себе носи ризици и истите треба да се земат во предвид. Земјата никогаш не го остава оној кој ја обработува да гладува така да вреди да се вложи труд и финансии, па секој со својта среќа
Со дечкото си правиме некои планови имаме идеја да отвориме бутик со бижутерија, чанти и алишта (робата да ја порачуваме од интернет) па ако некоја од вас има сигурни информации нека пиши што и како треба, деклариции, услови ова она би ми било од помош
Не се проблем временските услови. За истите постојат адекватни решенија. Технологијата е многу напредната, но тешко просечниот земјоделец да може да си ја дозволи истата. Треба пари, финансии. Проблем е и пласманот и ниската цена на продуктите. Затоа, кај нас, таквиот земјоделец тешко да ги примене новите технологии, маркетинг вештини и да се стане успешен претприемач во аграрот.
мислам дека во македонија сопствените бизинси лошо идат, имам другари што имаат започнато и се зафркнале
Заинтересирана сум за отворање на сопствен бизнис поточно бутик за алишта. Ама не сум запозната со тоа од каде се набавува робата, па ако некој знае нешто подетално за тоа нека пиши!
Најчесто робата се набавува од Грција, Бугарија и Турција. Некои носат и од далеку, работат за брендови или робата ја земаат за консигнација. На таа роба се плаќа ДДВ 18% и царина која оди по кг. Мислам дека е 2 евра, ако не се лажам. И трошоците за транспорт дополнително. Пред да почнеш таков бизнис треба да си направиш добра математика и на крај да помножиш со 2. Доколку ги имаш тие пари и си спремна да работиш тогаш е во ред. Но, доколку подигаш кредит треба да подразмислиш на таков чекор, бидејќи многу фактори влијаат на понатамошниот успех. - Локација на дуќан и плаќање на кирија. Понекогаш киријата се плаќа однапред за една година. - Вид на облека, старосна група на потрошувачи. - Нешто го има/го нема на нашиот пазар. Доколку пазарот е заситен, тогаш потешко ќе продаваш. - Често менување на модни трендови. Пролет-лето, есен-зима, секогаш треба да си во чекор со најновите трендови. Робата ќе ја платиш, доколку не ја продадеш на време ќе ти остане и ќе бидеш принудена да ја намалуваш цената. - Кој ќе работи во дуќанот. Ти треба две продавачки (најмалку) во редовен однос. Ти не може да работиш, бидејќи ќе треба да трчаш по други обврски. - Дали имаш подршка од семејството? - И уште еден куп други обврски и трошоци.
Алиекспрес Кога нарачуваш на големо плус попуст добиваш, а ако нарачаш па ептен доволно, и твој бренд ќе ти “зашијат“ на етикетата
Кафич/кафана/паб и слични бизниси имаат доста голем профит, посебно ако се разликуваат по нешто од другите дали во мени или ентериер и ако е на добро место Центар/Аеродром/Карпош.За еден не толку актуелен кафич знам дека каса затвараат со 1000 евра, а тие што прават журки или овие на кеј сигурно повеќе.Само е ризик со инспекции, казни, дозвола за алкохол и додека го дознаат луѓе да проработи(како и секој бизнис)
Имаат во Скопје и уште 2-3 града во Македонија, затоа што има поголема популација и пораздвижено е. Во малите мртви градови нема никаква заработка, затоа што преку година се празни, стандардот е понизок отколку во Скопје, а давачките се високи.
Во мојов град едни пријатели отворија кафич.Земаа пари на големо од муштериите.А сега ? Оди некој во кафичот ? Знае некој дека постои ? Постоел,се извинувам. Пропаднаа уште вториот месец. А еднаш,едни незнам како се викаа го отворија казиното "Адмирал".Има доста промет,доста луге коцкаат,губат пари,кршат,лупаат.плукаат. А тие лугето,еднаш пробаа на автоматите и се заразија.Играат од утро до мрак. Е сега според кафичот на другарите,кажете,вреди ли да се води сопствен бизнис ?
Јас како сопственичка на кафич, мојата работа е секогаш да ги контролирам хаосот и драмата. Секогаш ќе има хаос и драма во угостителскиот бизнис. Многумина (претежно помлади) претприемачи штом ќе решат да започнат сопствен бизнис започнуваат со кафичи. И не е нималку чудно, затоа што истите се релативно: лесно остварливи, реални, има реална потреба и побарувачка, а и претприемачите имаат какво-такво искуство, во водењето на бизнисот како одговорно лице, или во улога на гостин.. Доколку некој од вас размислува да започне сопствен угостителски бизнис : 1. Мора да: Имате детален бизнис-план – затоа што посебно во угостителските бизниси деталите се се! Бизнис-планот не мора да е совршено дело на хартија но барем добро размислете: кои се вашите посакувани клиенти, што е тоа што ќе им го нудите како производ/и (детално!), која е вашата стратегија на цени, каков ќе биде типот/амбиентот на локалот, како планирате да ги привлечете и задржувате муштериите, зошто тие би оделе кај вас, а не во останатите локали, кои се вашите клучни кенлери/менаџери/бармени и какви способности тие поседуваат... постојат уште мал милион прашања на кои треба да одговорите што подетално, за да знаете каков објект точно сакате да понудите на пазарот. 2. Мора да: Креирате сопствен амбиент - вашиот стил на облекување, движење, говорење и смеење е само ваш! Па зошто тогаш тој „свој стил“ да не го пресликате и на вашиуот угостителски објект?! Запомнете, луѓето никогаш не одат на места заради масите, столиците, инвентарот или големината на шанкот... тие одат на места заради приказната и амбиентот што тие го нудат. „Идеме вечер на караоке“, или „...на мексиканска храна“, или можеби „на турско чајче со наргиле“. Ако им понудите храна или кафе, тие само ќе ја изедат или испијат, но ако им понудите амбиент и приказна – тие ќе сакаат да доаѓаат и да останат уште.. Како и да е, доста исплатлив бизнис е доколку се води како што треба. Секоја работа си носи свој ризик, затоа бидете спремни да добиете или да загубите се што сте вложиле.
Заинтересирана сум да отворам сопствен бизнис сендвичара. Ве молам ако има некој искусен во ова да ми каже колку капитал е потребно за ваков чекор? Би сакала тоа да биде сендвичара со можност за неколку маси надвор и внатре. Не многу големо, но пристојно уредено. Значи тотален почетник сум. Немам поим колку капитал треба се од моментот на отварање фирма до самото реализирање на бизнисот.
sakam da otvoram prehrambena Prodavnica. Ziveam Vo Edna naselba koja NE e mnogu golema nitu mama. Ima Edna Prodavnica no nema nisto Vo NEA slabo snabdena. Imame market koj e daleku tri kilometri od nas. aplicirav za nepovratniot krefit pa ako dobijam sakam da zapocnam svoj biz is. ima Eden prostor go izdavaat 4000 den pod kirija sakam da rabotam jas I da primam uste Edna prodavacka. Spored vas kolku se sansite da uspeam Vo ova. Kolku bi mi trebalo za dneven pazar da imam za da uspeam
Здраво.Одсекогаш сум сакал да отворам авто школа. Може ли да ме поддучите и упатите што се е потребно за да успеам во намерата.Благодарам однапред.
Сакам да отворам фирма, имам неколку прашања ако некој има познавања да ми одговори. Фала 1.Како е процедурата за увоз од кина? 2.Дали е дозволено да се увезува работи порачени од сајтови како AliExpress, Ebay, Alibaba и ако е дозволено што се треба да се направи за да е легално?
Ова од секогаш ми било сомнително со свој бизнис.По професија сум правник, мислам дека најдобро е државно да се работи.