Водење сопствен бизнис во Македонија

Дискусија во 'На работното место' започната од Ariel, 27 мај 2010.

  1. HarleyQuinn666

    HarleyQuinn666 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Знам како идат тие работи.Работам државно, завршив правен факултет.
    Е сега, во средно истото го завршив, но во прва година бев во средно уметничко, најголема глупост што ја направив. Сите беа уфилмани дека ќе имаат свој бизнис, нешто ау кариери, и додека јас сум во кацеларија ''бизнисмениве'' немаат услови месец да поминат, крпат ден за ден.
    Среќа што се префрлив, сега имам и работа и се, а колегите ни ден стаж немаат.Важното е да се заврши на вистинското место, другото ќе биде.
     
  2. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Сега ти мешаш баби и жаби. Не ми е јасно како ова ти дава причина да сметаш дека приватните бизниси се сомнителни, а државното не е.
     
    На mssuniquee, theowndemon, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Помеѓу приватен бизнис и државно, секогаш би одбрала приватен бизнис. Ако добро го водиш, ако ти се посреќи, може да успееш многу да направиш.
    А на државно... тоа ти е, шансите за напредок ти се минимални. Имаш една платичка и задоволи се со таа... Онака, жалничко малку...
     
    На Leat, theowndemon, AURUA и 3 други им се допаѓа ова.
  4. HarleyQuinn666

    HarleyQuinn666 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Затоа што со државна работа имаш и осигурување и се, приватната не знаеш ни дали ќе ти тргне, јас не би ризикувала за некакви бизниси што не би ни успеале.
    Еве јас завршив правник, и работам по струка.
    Моите бивши колеги беа опседнати со таа приватна работа, среќа што на време се префрлив во друго средно и избрав одличен факултет.И додека јас работам државно и во сабота и недела одмарам, бившите ми колеги си останаа исти, немаат леб да јадат, ќе поработат повремено месец два како келнери, продавачи и сл. ама се фалеа дека ќе имаат приватни бизниси, дека се талентирани, ми се смееја кога им викав дека немаат перспектива.Епа сега нека си седат дома.
     
  5. HarleyQuinn666

    HarleyQuinn666 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Имаме и унапредувања.А што ќе работиш приватно?
    Мои колешки што работат подолго време беа 2 пати унапредени.И барем знаеш дека си со убава работа, нема да се мислиш дали фирмата ќе ти падне.И за да отвориш фирма треба и пари да имаш.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Колку ти е тоа унапредување и која е максималната плата до која можеш да стигнеш?
    Темата не е за што ќе работиш приватно, туку за сопствен приватен бизнис.
    Ако се смени партијата на власт ќе ја имаш уште работата или ќе се плашиш секој ден да не те избркаат?
    Колку психичка тортура преживуваат вработените во јавна администрација, да не си им во кожа :x
     
    На Leat, theowndemon, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  7. HarleyQuinn666

    HarleyQuinn666 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    А нели е тортура да имаш бизнис и да се плашиш дали ќе ти успее? Јас не знам луге со свој бизнис, ама знам колеги од УЈП што 5 пати годишно одат на одмори :)
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Сигурно не одат од платата, туку од она вишок што ќе им капне :D
    УЈП се баш еден репер за поштена работа ;)
     
    На Lemon, Leat, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  9. HarleyQuinn666

    HarleyQuinn666 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Што ќе работиш приватно? Еве се силеа колегите мои од средното, ми се смееја луда сум била ќе сум идела правник а они бизниси ќе имале и кариера.
    Нема никој кариера од нив, крпат ден за ден, ги гледам истите се, нема бизниси приватни нека не ве лажат
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Па треба храброст да почнеш нешто твое. Ти ја немаш.
     
    На Lemon, Leat, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.942
    Допаѓања:
    327.060
    Пол:
    Женски
    а ти па веќе јакиот успех што го имаш.Секој втор во државата стана или правник или економист.Трето нема
     
    На Lemon, Leat, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  12. HarleyQuinn666

    HarleyQuinn666 Активен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Треба барем 5000 евра за бизнис. И ако успее.Моја колешка, заедно со тимот, есенва затворија локал приватен, ете од што го биваше.
    @joy1 економски и правен се општи.Може секаде да се работи.Администрација, банка, канцеларија, сл. додека со стручните си ограничен, ние додека учевме не носеа и во судот, многу беше убаво.
    Додека пак ако си стручно како што бев во 1 година, професорите ќе ти викаат дека за ништо не те бива, ќе бидеш ограничен, ајде тоа ќе го поминеш, ама работа нема да може да најдеш никаде.
     
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.942
    Допаѓања:
    327.060
    Пол:
    Женски
    ти сакаш удобност.Тоа е се
    не сакаш да ризикуваш.А не дека затворена во 4 ѕида или на шалтер ти причинува големо задоволство.

    јас знам што е државно(во здравство имам искуство) .Ограничен си со работно време,друг ти шефува,имаш главни над тебе,те пратат кога влегуваш кога излегуваш.И се за 260 евра плата ова.

    знам што е и приватно.Мм има своја фирма,сам свој газда е.Работи кога сака и колку сака,може да има слободен ден било кога.Шеф нема а заработува 7 пати повеќе од мене.Башка што он својот бизнис го шири се повеќе и повеќе а јас не мрднав со години
     
    На Lemon, Leat, AURUA и 4 други им се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Епа треба, мора да инвестираш пари, време, знаење и многу труд.
     
    На Tanjamm, AURUA, EarthFire и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.175
    Пол:
    Женски
    @HarleyQuinn666 а ти па една кариера што имаш..задржи ме да не паднам..
    Како што сакаа да кратат од државна администрација, прво вас младите ќе ве шутнат затоа што старите потешко ќе најдат работа па од тие социо-економски причини ќе ги задржат..
    Друго, колку можеш да напредуваш државно? Да станеш директор? Градоначалник секако нема да станеш, министер ич..
    Сето тоа за 30-40.000 плата. И тоа ако некогаш допреш до тие позиции.

    Од друга страна пак, ако си добар во менаџирање и поседуваш вештини кои можеш да ги искористиш, ќе успееш и приватно.
    Едно да знаеш, нема фирма што работи 100% по пропис а да е казнета. Сите изведуваат нешто, па затоа и казни.
    Кој не пријавува работници, кој на скрстено ги пријавува а работат по 40+ саати неделно, па имаш санитарна испекција, па дпи, па 300 чуда, ама ако си чист пред себе ќе бидеш чист и пред нив.

    Ти кариера немаш. Никогаш нема да станеш некој и нешто, менаџер, раководител на нешто што израснало со твој труд. Секогаш ќе робуваш на државата и ОК е тоа.. треба и такви да има. Ситни административци, инаку како останатите би ги средиле работите низ администрацијата..

    И не е точно дека ти требаат 5000 евра за старт. Ако си правник знаеш дека и непаричен може да е влогот. Ако поседуваш интелектуални вештини, не ти треба влезен материјал за фирмата.. ти самата ќе правиш пари. Адвокат, нотар, туристички водиш, занаетчија, сточар, земјоделец, графички дизајнер, програмер..
     
    На Βικτωρία, Mishela, AURUA и 4 други им се допаѓа ова.
  16. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    880
    Девојкава, ја читав и на друга тема, јако тролче е.
    Курташак си тера.
    Пошо ако реално вака размислува, на 25 години, колку шо пишала дека има, тешко на држава со млади со вака ограничени размислувања.
     
    На Lemon, Leat, Βικτωρία и 5 други им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво од сам свој газда. Но, секако да си го почитуваш законите, да имаш доволно за вработените и да си спиеш мирно на вечер. Секако, дека има трчање, работа премногу, треба да потиш газ, ама знаеш дека се правиш за себе. Мојата животна желба е да имам свој бизнис и се надевам дека ќе успеам еден ден во тоа. Мене би ме исполнувало сето тоа трчање, одговорност, плус да знаеш дека даваш плата на други луѓе. Ова се, кога би бил успешен. Со мнооогу работа може. Не се замислувам во канцеларија 8 сата , на компјутер, тоа е досадно за мене. Секако дека најсигурно и комотно е државно но сите ли да бидеме така?
     
    На Leat, AURUA и Dust им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Не е тролче, за жал... знам многу млади што така размислуваат. Жално :(
     
    На Leat и AURUA им се допаѓа ова.
  19. EarthFire

    EarthFire Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    880
    Аааааа епа за тие што вака размислуваат, да им кажам свое искуство:
    Во мојата професија имам колеги кои работат државно, и колеги кои работат приватно.

    Повеќето од тие што работат државно, се полу-живи.
    Удобност да, конфор зона да, не те боли многу глава, работиш од 8 до 16ч, али немаат живот во нив.
    Нон стоп под директиви некои, угушени, преплашени, не можат да развијат своја идеја, немаат слобода, функционираат небаре робови, во секој момент ќе се избаци шефот со некој со појака партиска врска од тебе, и ќе те сместат у подрум, и покрај 10, 20, 30 години работно искуство.

    Моите колеги кои работат државно, никогаш нема да го постигнат тоа што јас сум го постигнала. И тоа НЕ бидејќи сум јас подобра од нив, туку дека јас си створив свои услови за развој, а тие немаат услови за развој. Јас сум слободна и своја, а тие се во систем угушени. Јас се натпреварувам со сама себе, а тие се натпреваруваат со партиски шефови со фикс идеи.
    Исто години работно искуство, исти генерации - јас сум постигнала повеќе и во репутација и во квалитет на работа и во финансии.

    Така да, секој си знае за себе што сака од животот.
    Приватното е ризик, тоа е факт - ама наградата и задоволството се поголеми.
     
    Последна измена: 15 октомври 2017
    На Sanniii, Leat, Pinkgirl.22 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Во право си од збор до збор.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.