За политичките пиончиња што хараат како канцелариски глувци по УЈПа и ДУПа и јаките на вилици со купи-плати правен(сум гледала,знам и во секој момент можам да си го приуштам ама не сум по оралниот занат) дефинитивно си во право дека државната работа е ко од рај излезена. п.с.поарно ќе работам по кафичи,достоинствено и чесно отколку обратно да лапам пари од народот на државно, киснам со цигара и кафе од јутра до сутра(живеам спроти бастион од државни служби се гледам,јасно ми е).
Која илузија продавате. Приватен бизнис во Македонија водат луѓе блиски до политичките партии и тие што дебело се огребаа за време на транзицијата кога беше се распад систем. Буквално ги знам сите газди. Сите до еден и знам како почнале и со што постигнале. Водење големи бизниси бара политичка ангажираност и многу нечисти игри за коишто секој не е спремен. И многуте добри бизниси во коишто се вртат огромни пари ги држат политичките и уличните мафијаши. Земето го само бизнисот со паркирање низ Скопје. Кој мислите дека ги држи тие бизниси? Кафичите низ Центар? И мал милион други примери. Знаете на колку бизниси пред јавноста фигурираат едни личност, а всушност целиот колач го јадат луѓе во сенка. И ти ќе се појавиш невино душиче со идеја и разработена шема за бизнис и веднаш тебе ќе ти го дадат бизнисот да го работиш. Тоа може само во филмовите на Стивен Спилберг. И што е за вас бизнис? Работа на интернет, држење кафич, бутик, шиење венчаници, шминка? Ок на некој начин и тоа е бизнис, но далеку од тоа дека ќе заработувате којзнае колку над просекот или дека пак кога сакате ќе имате слободен ден. Нема грешка. И вие ќе робувате на клиентот, државните даноци, рекетарите, моменталните понуди на пазарот и така натаму. Буквално по цели денови ќе дремете и работите како коњи за +400-500 евра плата.
Не мора да имаш голем бизнис. Доволно е да имаш голем приход и уште поголема флексибилност Бизнисите што ги наброја погоре како паркинзи, се се освен бизнис..кафич е се, само не бизнис.
Ниту една работа или професија не омаловажувам. Но дека тие што работат приватно имаат време и простор кога сакаат да одмараат, шетаат, пазаруваат тоа е апсурд и лага. Посебно за тие мали бизниси. Тие што се вработуваат преку партии точно е дека во некоја форма робуваат на партијата и бирократијата, но замисли 3 членови од семејството се вработени во државно. Месечни примања од 1000-1200 евра. Ништо не работат. Дремат на работни места на фб. Саботи, недели, државни празници слободни. Од 8-16 на работа. После работа може и нешто приватно да си подработува. Плус примања. Зошто мислиш дека им е лошо? Сега од друга страна стави ги овие со маливе бизниси. Не слугуваш на партија или бирократија директно, но индиректно да. Ако сакаш да работиш нормално и да не ти се лепат УЈП секој месец. На секој 1-ви мора да платиш данок, пензиско и здравствено осигурување. Мора да имаш во предвид дека секој месец не е Велигден. Ќе се случуваат подолги и пократки кризи. Лажно ќе се смееш на клиенти, ќе продаваш цинизам и љубезност иако можеби ти доаѓа да ги задавиш. Еве мој другар работи приватно со уште двајца вработени. Се околу струја низ домаќинства. Има многу работа. Од понеделник до недела тој има работа. Има за нормална живеачка, но не е богат. Далеку од тоа. Плус за него нема саботи или недели. Ако одбие клиент го губи за засекогаш. Државно гајле ти е
zdravo lugje sakam da ve prasam edno prasanje sakam da otvoram onnline biznis vo koi sto ke rabotime so medecinska oprema sekakov vid, pa mislenje ve pitam sto mislete ke uspeeme li vo toa
Објасни малку повеќе. Робата ќе ја нудите онлајн, ќе бидете увозници за познати брендови, на пр. скенер за снимање на не знам што на Самсунг или апарат за дезинфекцијаа на простории итн. И потоа ќе конкурирате на тендери? Јас вака си замислувам.
Pa da ali prvo da videme dali ke ima pobaruvanje od strana na lugjeto primer aparati za pritisok merenje na seker pa podocna moze da aplicirame i za tenderi
Значи прво со помали апарати. Стратегијата за маркетинг добро обмислете ја. Некои апарати обично ги користи постарата популација која не користи интернет и ќе треба да им пристапите поинаку. Поздрав и со среќа!
Здраво. Дали знаете како оди со отварање на консултантско биро? Конкретно за Авон зборувам, имам мрежа и зачленети членки под мене од кои Авон ми исплаќа провизија на сметка, на која секако легално запрени 10% данок. Е сега, подружница ниедна МЛМ компанија не отвара, ова ќе биди консултантско биро на лице, значи само тестери и обуки со моите членки, (и зачленување на нови) меѓутоа никаквапродажба. Дали би имала некаков проблем? Во централен регистар ми креваа раменици, не беа сигурни, само ми рекоа да не имаш проблеми во иднина. Да нагласам од мало место сум, нема ни кој да прашам конкретно за ова. Ако има некој поупатен ве молам да ми пиши. Позз
Без значење е дејноста, правната форма препорачливо е да биде ДООЕЛ, ако сакаш нешто дополнително да ме прашаш пиши ми во порака, поздрав.
Дечки, извинете за грубоста ама од вас аир нема општествово. Паразити. Сите гледам размислувате и праите муабет за да продадете шминка на Авон, мулти левел маркетинг картички за штедење од Лајонес, да увезете нешто од странство на наш пазар, бутик, кафич, евентуално бизнис за делење флаери.. На кратко, економијата работи на тој начин што ако државата извезува повеќе одошто увезува - државата ке се богати. А нашето производство е мн мало, имаме 66% од БДПто доаѓа од услужни дејности, односно бутици кафиќи. У кратки зборови, во Македонија луѓето немаат многу опции каде да добијат пари, а премногу опции каде да ги потрошат. Затоа све што не е производство и ориентирано првин на домашниот пазар, па во иднина освојување и странски пазари односно извоз, заборавете дека ви текнало. Тие причи идете у Америка продавајте ги. Македонија е многу лесно да отвориш бизнис и да ти успее бидејќи ништо нема. Све е увезено. Шо сакаш отвори. Од производство на вилушки лажици, до кроасани, било што, само изгуглај што увезува Македонија, и барај производ у кој се разбираш. Повелете и друг пат
Македонија увезува ѓубре да се разбереме. Најшкарт роба еве почни од гардероба на пример. Од сигурносни извори знам дека се она што не проаѓа на контрола на квалитет за влез во ЕУ се праќа во бедни државички како нашава. И тука ќе се најде македонски газда кој ем за полош квалитет наплаќа дупло поскапо Оние фирми кои успеале во државава почнале многу одамна кога конкурнцијата и не била толку голема и со упорност и реални достапни цени се вивнале. Европа, Витаминка, Пивара, Алкалоид и мн други Со обичен мал бизнис тука не можеш да опстојуваш зашто сите ја гледаат цената прво и со стандардот кој го имаме ќе купат од поевтиното. Зошто не успеваат креативците кај нас на пример? Оние кои работат со дрво, филигран, плетенини Затоа што си го ценат трудот а Македончето не сака да плати за труд, болје му е да си нарача од Алиекспрес
Да, фирми како овие и слични на нив кои датираат уште од времето на Југославија а биле и државни пред се се докажале со квалитет, а потоа тука е силната и голема држава која овозможува да се пласираат производите на голем домашен пазар, да се извезуваат и надвор од самата држава во која си рамо до рамо конкуренција со останатите докажани брендови од светот. Во држава каде што економијата е уништена, слаби финансиски примања, народ кои се бори да преживее од денес за утре не можеш да очекуваш ништо повеќе, а не дека не сакаат да купат домашно или квалитетно.
Jасно ми е мене се Коментарот беше за @Pece0808 koј очигледо мисли дека е премногу лесно да се отвори бизнис и да се успее во МК. Еве го предизвикувам да каже како да се успее тука, а да не си врзан со власта и да не работиш на црно или нешто нелегално
Како ви се чини идеата за сопствен бизнис одкупување на производи на големо и пакување на производиде и основање на сопствен Бренд
Имам другарки тоа што го работат малку е тешко на почеток ама најголема улога влијае маркетингот според мене
Јас сум инаку во германија сакам во македонија нешто такво да основам и да поставам луге шо би го работиле таму тоа доколку тргне бизнисот би основал и сопствено произвотство и би можел да го нудам низ цела европа