Водење сопствен бизнис во Македонија

Дискусија во 'На работното место' започната од Ariel, 27 мај 2010.

  1. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Најдобро да консултураш адвокаткој и треба да ти ја брка работата ако одлучиш да отвориш. Тој најдобро би ти кажал.
     
    На KittyAgnes и Jana06 им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.175
    Пол:
    Женски
    Ај лп ќе ти пишам за подетално
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    Здраво, пишав и во друга тема, ама изгледа не е баш активна.
    Сакам да променам претежна шифра на дејност, односно откако ја отворив фирмата не проработе со тоа што планирав да се бавам. Сега имам ангажман кој сакам да биде преку фирмава и треба да сменам шифра на дејност.
    Пребарав на ЦРМ и најдов Образец ПП (Пријава за упис на промена......). Во Образецов гледам има две можности: промена на предмет на работење и промена на претежна дејност. Па, сега не знам што е ова предмет на работење. Ако може некој да ми објасни на кратко? И колку се уплаќа за промената на претежна дејност? Благодарам
     
  4. Gabrielle...

    Gabrielle... Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2019
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Дечки, сакам да ве поканам да земете учество на наградната игра доколку е во ваш интерес. Обично не споделувам вака во групи, ама наградата е доста корисна за РАСТ НА МАЛИ И СРЕДНИ БИЗНИСИ ИЛИ БИЗНИС ИДЕЈА, но и обика за маркетинг за потенцијални бизниси, па затоа сакам да споделам тука:
    https://www.instagram.com/p/CnM8MbOrb0-/?igshid=YmMyMTA2M2Y=
     
  5. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна каде да го поставам прашањево, ај да пробам тука.
    Се работи за менаџирање финансии, информации околу трошоци, даноци и сл., немам многу познавања од овие работи, а ми треба да знам зашто срце ме боли колку данок плаќаме.
    Што мислите дека е подобро од овие две опции? Да вработам надворешен соработник што ќе ми помага со ова, ќе ме научи како да работам итн. или да земам да завршам курсеви за сметководство и даноци? Не знам колку ќе успеам да научам без пракса некаде. Или некоја друга идеја?
     
  6. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.443
    Допаѓања:
    8.054
    Имаш и друга опција, повремено да плаќаш консалтинг, мислам дека од час се наплаќа.

    Конто профит се одлични, имаат и обука меѓутоа стваарно треба да те интересира да запамтиш.
     
  7. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    12.619
    Пол:
    Женски
    Па јас конкретно мислев на соработник од Нова консалтинг нив само ги знам. Не знам како повеќе би ми помогнале дали со обука или со консултации. Ќе ги ѕирнам и Конто.
     
  8. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    554
    Кај нас за да се отвори фирма е лесно ко два и два ама за да се затвори...
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. АнгелаЈ.

    АнгелаЈ. Нов член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некој може да ме упати за отварање сопствен центар за физикална терапија и рехабилитација? Имам завршено средно и факултет физиотерапевт.
     
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.707
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Сакам да рентам мој имот на букимг /аир бнб...
    Дали ми е потребно да отворам фирма?
    Со оглед дека сакам отказ да дадам на моменталното работно место и да си плаќам сама придонеси (конкретно здравствено).…...
     
  11. Angellcee

    Angellcee Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Вработена сум во странска фирма што работи за Америка (не нешто многу интересна), за брзо време ми досади но сепак си ја работам! Се надевам некој од вас исто така во некој дел од животот се почуствувал како да не знае што сака или што да работи! Сакам свој бизнис да си имам и да си заработувам убаво!

    • Што Вие предложувате?
    • Што Вие работите?
    • Колку сте задоволни?
    • Што мислите што се бара денес?
    • Како би почнале или веќе сте почнале?
     
  12. Македонско04!#@

    Македонско04!#@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2021
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Машки
    Здраво,
    Јас имам една колешка од факултет што си работи дополнително свој бизнис и си има клиентки што и одат. Таа работи со нокти, па од мене идејата за да започнеш бизнис би била:
    -Прелагам да започнеш со правење на нокти, продолжени, маникир, педикир, по тоа сега сите млади девојки одат за да им изгледаат модерни ноктите.
    - Јас сеуште не работаам сопствено, му помагам на моите сега, но имам огромни планови за во иднина и сигурно ќе започнам со сопствен бизнис.
    - Денеска најбарани се жените што работат како фризерки, козметичарки, со нокти што се занимаваат, значи занает сигурна работа е и најплатена ако имаш трпение најпрво.
    - Јас би започнал прво со прашување на сметководство или адвокат околу тоа како да го пријавам бизнисот, потоа ќе ги извадам сите дозволи за работа, па средување на дуќанот, мебел, грееење/ладење, маркетинг би си направил на социјални мрежи, сопствена страна на фб/инстаграм каде што ќе постирам како работам и т.н.
     
    На Angellcee му/ѝ се допаѓа ова.