ги практикуваме и двете зависи од времето и просторот што го имаме на располагање ,некогаш сакаме долга предира ,галење и сл а некогаш страствен секс на брзина
Било што,само секогаш е полно се страст,љубов...Кога како се има време,ги практикубаме и двете,а особено брз секс ако на нас се чека (мислам имаме нешто работа после,треба да излезаме некаде итн )
Кога имаме време само за нас, и кога сме убаво расположени нормално водиме љубов и тогаш е прекрасно. ПОнекогаш се случува да немаме време, или не некое место и мораме да бидеме брзи и само да се задоволиме. Тоа е повеќе секс, ама сепак со многу страст. Сексот е потреба,ама кога е со љубов е нешто сосема друго.
Ооооф имало повеќе емоции...мхм,можеби во романтичната претстава на жените за сексот,а што се однесува до него,тоа е само секс...само што сака да ти угоди и ќе ти рече,да,водиме љубов и посебни ми се емоциите. И како ги активирате тие посебни емоции за време на водењето љубов и како ги зауздувате кога имате онаков,обичен секс?!Емоции...какви човече?!Сексот е инстинктивна акција,примарна потреба,инициран од страст пред се...Кога престанува страста,се намалува и потребата за активен и бурен секс,а чувствата на партнерите еден кон друг се продлабочуваат и влегуваат во длабока љубов,ако врската е здрава и стабилна или се раздвојуваат,а може и да се одвива паралелно,но страста кога тогаш ќе ја снема... Водење љубов е филозофски поим,можеби и поетски... Па не знам,јас не разбирам,секс со долга предигра и со афтерпарти и секс на брзина,секс си е секс,не се рецитира поезија,не се воскликнува од среќа,не се зборува азурната боја на очите,тенките прсти и елегантните рачни зглобови.Како и да го вртиш,секс е секс,секс е за разможување,секс за задоволство,СЕКС!Да бидеме реални,не водиш љубов во кревет,водиш низ животот,низ постапките,низ грижата,низ посветеноста итн итн...ама во кревет?!Гив ми а брејк!Нот дет кајнд оф парти!Од љубов се постигнува длабоко грло?!Или е мисионерска?!Или што знам,рингишпил мејби?! Како изгледа тоа посебно водење на љубов?!Мене ме асоцира на едно досадно забавено темпо,мисионерска поза и муабет со нежни зборови...па и да е така,на крај краева и тоа е СЕКС.Сепак,ист е начинот на општење,не е преку стакло,значи е секс...а сексот може да биде зачинет со нежни бакнежи,романтична атмосфера,ритмични движења...а плус и е релативно,за некого можеби садо-мазо е водење љубов,ако рецимо се чувствува сакан ако е понизен или други му се понизни... Жените не го сакат зборот секс,автоматски се чувствуваат понижено и засрамено,а со водење љубов имаат повеќе храброст и немаат чувство на вина...тоВа е! СЕКС СЕКС СЕКС СЕКС СЕКС СЕКС!!!!
Кога е за некоја посебна прилика(годишнина, роденден, разделба до наредниот пат...) тогаш практикуваме да водиме љубов, а има моменти кога сакам секс! да не е многу долго, но да е диво и страсно до бескрај!
А бре Лилитке, ме изнасмеа Прв пат ја читам темава, и темелно ја фатив сега, ме изнасмеа Во однос на темава, појма немам. Јас уопште не се замарам со тоа дали е љубов, секс, дали љубов или навика и слично. Една работа само ме интересира: дали ми е убаво, и дали на тој што е со мене му е убаво. Се додека е така, немам потреба од философии! п.с. и мисионерската не е лоша
Ииии Ариел,каква лоша,баш е супер-црногорска,лезет,мерак,работат за тебе,ти уживаш.Број еден е! Не сум спортски тип по оваа тема,сакам *муабет* лежи лебу да те јадам!Хахахахаха... Јас онака ја спомнав,дека најстара и најприменувана,не бара кршење кичми и лулашки како помошни средства,воопшто ништо не и фали.
Ма кокво бре водење љубов се знае за што е сексот, за да си ги задоволите потребите. Ако водењето љубов е икажување на емоции, тогаш според мажите би наликувало на порно филм, барем така повеќето мажи би сакале да им се искажува љубов. Се сложувам со лилит љубов се покажува надвор од креветот
Кога сум во едно одбрано друштвенце и морам да внимавам на мојот речник, за да нАли и понатаму бидам дел од тоа одбрано друштвенце тогаш се воздржувам од моите зборови за овој чин - еб**е, плескање, сексање и единствено тогаш го употребувам тој фамозен израз Водиме Љубов, со длабок, сериозен, воздигнат, просто меланхоличен израз на лицето Ми доаѓа да врескам од смеа, си замислувам огледало и како кубам коси пред него, мене ми е смешно и патетично и бедно како се разграничуваат тие два поима така строго, ама верувајте - една од одбраното друштвенце ми ги разграничи и сега сум мирна и сега ако сакате и вам ќе ви ја откријам тајната на божествениот универзум: Водење Љубов - тоа по дифолт си бара постела од рози, па вино, па свеќи, па романтики, поезија, гледање очи в очи и играње на играта - кој ќе издржи подолго без да гукне, па нежно соблекување, мисионерска поза, пак гледање во очи, романтично, нежно шепкање, гугуткање, па на крај гушкање додека не се угушиш и задолжителното Те сакам, Ме сакаш, Се сакаме.... Секс - тоа по дифолт не бара постела од рози, сексот неминовно не бара ниту кревет тоа се случува во автомобил, во парк, на тераса, на рамот од прозорецот, во лифт, брзо и жестоко, сите можни пози се менуваат, се кине долна облека, се вришти, се стенка, dirrty talk, и нема на крај те сакам, ме сакаш, туку слушаш - уште еднаш, сакам уштеее.... итн, итн, ова сега парафразирам, простете ми ве молам. Хмммм, останав во тотална збунка. Аааааа, ако на пример се напиеме вино и почнеме да се бакнуваме нежно, а после ми ја скинат облеката, а потоа длабоко ме погледнат в очи, па почнеме со мисионерската поза, а продолжиме со сите можни останати, и на крај се гушнеме и јас шепнам тивко - сакам уште.... тогаш - се сексаме или водиме Љубов?
Во поголемиот број постови до сега прочитав дека девојките со своите дечковци некогаш водат љубов, а некогаш имаат секс. Мене тоа малку не ми е сфатливо земајќи го во предвид моето сфаќање. Јас мислам дека водиме љубов со некој за кого имаме чувства, покрај целта да си ја задоволиме потребата, а секс имаме кога немаме чувства за типот туку ни е битно само да се задоволи потребата и нормално бидејќи тој ни е физички привлечен т.е. не пали . Водењето љубов не е монотоно и не подразбира по дифолт романтки, туку може да биде и страсно и диво во исто време. До сега сум имала само еднаш секс со тип кој ме привлекуваше физички, сите останати пати сум водела љубов затоа што сум имала искрени чувства тој партнер и верувајте воопшто не било монотоно, ниту успорен филм . Според кажаново, ако ги споредам двете работи јас сум за водење љубов. Се надевам дека останатите нема да ме сфатат погрешно. сепак ова е моја дефиниција за сексот и водењето љубов што не значи дека сите треба да мислат исто.
Тоа е сепак само секс. Нема постела од рози и свеќи, а ни поезија... По ѓаволите со поезијата... овој мојов не е по поезијата, и не ми рецитирал. А башка има блага дислексија, не може да чита на глас... па значи јас не сум водела љубов до сега Ај, има време А баш ме интересира како би било да ми чита во постела од рози, со свеќи, јас горам, му викам „ајде бе веќе еднаш“. А тој ми вика „чекај сонетов да го довршам“... ма како ќе чита, на свеќи не се чита, очи се расипуваат! Решен проблем. Немам потреба од водење љубов
i ja mislam deka e se edno isto .... zavisi od lugeto i vodenjeto na ljubov moze direktno da premine na sex..ako strastite nemozat da se vozdrzat...sepak i dvete se potreba se so cel da se posatigne ona cuvstvo
ok toa e tvoe mislenje...ama srce ti taa potreba mozes sama da ja zadovolis.......ti ili bilo koj drug sigurno nema da izleze vo grad i prviot sto ke go sretne da rece e so ovoj ke legnam vecer samo zatoa sto mi e fizicki privlecen.......mora da ima nesto drugo povrzano so nego......bez razlika kolku i da e romanticno i da ima svek, rozi i neznam sto uste ne toa pak ke si ima eden naziv SEKS ....zosto mazite ne vikaat VODAM LJUBOV SO DEVOJKA MI.......
Не се согласувам дека ниту еден од мажите не викаат водам љубов со девојка ми, затоа што имам другари кои тоа го нарекуваат така, некои од нив си ги изневериле девојките и сами признале дека тоа е чисто секс (не дека го оправдувам неверството, а и причините поради кои изневериле во случајов се ирелевантни, важно е дека било чисто само физичка потреба). А во однос на тоа што викаш дека потребата можеш и сама да ја задоволиш, тогаш тоа не е секс, тоа е самозадоволување, што е сосема различно. Тој еден пат кога сум имала чисто секс било со еден другар (тој тогаш немаше девојка) за кого што немав ниту пак сега имам чувства, туку едноставно се погоди моментот и беше само физичка привлечност и ништо друго, никакви емоции. И да, сум сретнала и девојки кои запознаваат некој вечерта и се одлучуваат да имаат секс со него само за една вечер, без разлика што не го познаваат доволно. Ни можам да речам дека тоа го оправдувам, ниту пак дека ги осудувам. Секој си има право на свој избор и да прави што сака со своето тело. Не сакам да ти менувам твои сфаќања, но она што можам да го кажам од моето искуство е дека имало разлика во случајот кога било чисто само секс и во случаите кога било водење љубов (повторно потенцирам дека водењето љубов не подразбира, според мене, само романтика и slow motion и класично мисионерска поза, тоа може да биде и доста жестоко и диво, дури и мнооогу поинтензивно од обичен див секс, баш заради тоа што е зачинето и збогатено со искрени чувства). Поздравче.
„ водењето љубов не подразбира, според мене, само романтика и slow motion и класично мисионерска поза, тоа може да биде и доста жестоко и диво, дури и мнооогу поинтензивно од обичен див секс, баш заради тоа што е зачинето и збогатено со искрени чувства). “ ПОТПОЛНО СЕ СОГЛАСУВАМ СО ОВА.