1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Водич: како да купувате облека?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од crazylady, 5 мај 2011.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    На многумина од нас често им се случува, и покрај тоа што знаат како сакаат да изгледаат и каква комбинација од облеки да направат, кога ќе влезат во продавница (особено голема), сосема да се изгубат и да не можат да се одлучат кое парче им се допаѓа и што да купат. За да го избегнете ова запомнете ги нашите 5 правила за мудро купување со средени мисли и идеи.

    1. Запишувајте ги комбинациите кои ќе ви се допаднат

    Кога на интернет, на телевизија или пак на улица, ќе налетате на некоја комбинација која ви го одзема здивот, веднаш запишете ја! Имајте на располагање нешто што ќе го користите за инспирација и за да се потсетите што ви се допаѓа и како сакате да изгледате, пред да појдете на шопинг. Има толку многу начини да го направите ова, на пр.: креирајте нова папка со слики на компјутерот која ќе биде само за облеки, зачувувајте слики од вашата омилена модна икона (муза), славни личности во облека која ви се допаѓа… едноставно сè што ве инспирира!

    2. Замислите ги комбинациите парче по парче

    Откако насобравте слики од повеќе комбинации кои ви се допаѓаат, треба да почнете да размислувате поситно. Навлезете во деталите, разгледајте сè што сте „запишале“ и потрудете се да дојдете до неколку заклучоци за типот на парчиња кои ви се допаѓаат. Можеби после неколку разлистувања низ вашата папка за инспирација, ќе забележите дека на голем дел од сликите кои сте ги одбрале има кафени, кожни чевли или пак класични сакоа и слично.

    Пристапете и од друг агол, за секоја слика поставете си неколку прашања. „Што е тоа што толку ми се допаѓа во оваа комбинација? Кое е најубавото парче на оваа слика?“ Верувајте, ќе се изненадите колку ова може да ви помогне во дефинирањето на вашиот вкус и работите кои ги посакувате.


    3. Елиминирајте ги парчињата од листата кои не се за таму

    Откако ја направивте таа огромна листа, прејдете на елиминирање на работите кои не припаѓаат таму. Избришете ги работите кои не се за вас, тоа би биле оние кои едноставно не одговараат со вашиот стил или пак се премногу скапи. Размислете убаво, дали за некое парче кое е моментално во тренд вреди да платите толку многу пари за да го носите само една сезона? Или пак за парче кое ќе го облечете малку пати? Дефинирајте ја вистинската цена на производот пред да го купите! Нема поента во давањето многу пари за нешто кое ќе го помине поголемиот дел од годината во задниот дел од вашиот гардеробер. Земете ја вашата листа и поделете ја во две колони – колона со облеки за кои би дале повеќе пари и колона со облеки за кои не вреди да платите многу.


    4. Имајте план на игра пред да влезете во продавницата

    На секој му се случило да купува без план и без листа на парчиња кои сака да ги купи. Никој не е љубител на импулсивно купување кое предизвикува плакар полн со парчиња кои нема да ги обожава и нема да сака да ги носи! Заклучок – секогаш имајте план за купување!

    Имајте на ум (или на хартија) што сакате да купите и каде. Бар имајте идеја кое парче каде би можеле да го најдете.


    Имајте на ум (или на хартија) што сакате да купите и каде. Бар имајте идеја кое парче каде би можеле да го најдете.Водич: како да купувате облека?
    5. Одете во продавница и пробувајте!

    Откако се сложивте дека имањето план ќе ве спаси од главоболка, отидете во продавницата која ја имате на ум и не штедете се себеси! Пробувајте, пробувајте, пробувајте! Ако премногу сте мрзеливи за да пробувате или купувате парчиња без да го направите тоа – правите огромна грешка! Некои парчиња може да изгледаат сосема различно откако ќе ги облечете одошто сте мислеле според тоа како изгледале на закачалката. Некои парчиња ќе ве изненадат, но некои и ќе ве разочараат! Затоа пробувајте додека не ви се смачи, и додека не го најдете парчето кое најмногу ви се допаѓа како изгледа НА ВАС.


    Извор:http://www.kafepauza.mk

    Ако е дупла темата клуч ;)
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Темава можеби не е дупла, ама многу ми е без врска кога некој ќе најде статија на интернет, и ајде copy-paste како нова тема.
    Во последно време ко што гледам се зачестија ваквите теми, и нормално - нема коментари во нив. А што и да се коментира?

    Си имаме доволно вакви совети и текстови на почетната не фемина, мислам дека е сосема непотребно да ги има и на форумов!
     
    На chocolate.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Но добро маја на пример јас само фемина ја посетувам и добро е што има текстови и од други сајтови =)
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Па добро според емне ова не е ништо ново...
    И се зависи до карактерот и стилот некогаш се брзам и ек земам нешто дома ке го пробам ако не мис е допага ке го врнам и готово...
    Мислам дека не треба да има теми за се....и за најневажното ама сепак темава е добра за некои...