1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воена Академија "Генерал Михаило Апостолски" - Скопје

Дискусија во 'Образование' започната од Vitorija, 16 март 2012.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    [​IMG] Воената академија е единствена воена високо-образовна и научна институција во Република Македонија чија основна задача е да школува, оспособува и усовршува офицерски кадар за АРМ и да се бави со Научноистражувачка дејност за потребите на одбраната согласно со закон.

    Дејност на воената академија

    Воената академија врши образовна и научноистражувачка дејност. Според Законот, на Воена академија се реализираат и остваруваат:

    * Додипломски студии за офицери на АРМ
    * Постдипломски студии (ПДС) за стручно усовршување (специјализација) за командни и штабни должности
    * Постдипломски студии (ПДС) за научно усовршување (магистратура) и докторат на науки
    * Стручно оспособување офицери за службите на АРМ во траење до 1 година
    * Курсеви и други форми на перманентно образование
    * Научноистражувачка дејност (НИР)
    * Школување на резервен офицерски кадар

    Универзитетската диплома на студентите што ќе го завршуваат школувањето на ВА ќе биде верифицирана во земјата, што ќе им овозможи на питомците и студентите да имаат признаено занимање и можност за понатамошна едукација во образовниот ситем на Република Македонија и странски држави членки на Болоњскиот процес.

    Мислам дека нема ваква тема, па тука може да дискутираат сите заинтересирани а може ќе се најде и лично некој питомец при ВА за подобра информираност. Мене ова ми беше голема желба (по стапките на тато) ама за жал критериумите се доста строги...
     
  2. Morti27

    Morti27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    11
    Знае ли некој да ми каже дали е точно тоа дека на Воената Aкадемија уписите се на 2 години ? Bлагодарам однапред.
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.292
    Допаѓања:
    16.695
    Овде да се запишам ми е животна желба, само премногу биле строги примените. :doh:
     
  4. mrs.Styles

    mrs.Styles Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    7
    Дали некој знае да ми каже дали оваа година има уписи :) Благодарам однапред
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    15.468
    Пол:
    Женски
    Дали некоја од вас планира да оди тука девојхки?? Има уписи годинаваа.. :)
     
  6. AnaKlarc

    AnaKlarc Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Кои се критериумите, знае некој?
     
  7. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    15.468
    Пол:
    Женски
  8. bojana20

    bojana20 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Планира некој да се запише годинава???
     
  9. Afrodite¥

    Afrodite¥ Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2017
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    2.979
    Пол:
    Женски
    Нели требаше вчера да излезе конкурсот? Да не знае некој точен датум?
     
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.126
    Допаѓања:
    147.101
    Пол:
    Женски
    Сестра ми предаде документи на 15 август. Од нареднава недела почнуваат тестирањата.
     
  11. Cece.s12

    Cece.s12 Нов член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здравоо.. Нова сум на сајтов, би сакала да знам дали висината и тежината играат некаква улога во запишувањето во Воената академија?!
     
  12. FFilip1111

    FFilip1111 Нов член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво, сакав да прашам дали за воено воздухопловство во Воената академија обуката и предавањата се на англиски јазик и дали мора добро да се познава јазикот?
     
  13. Little girl

    Little girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    63
    Дали некој е на Воена академија? Братучедка се пријави на конкурсот, но и кажале било многу строго, не ги пуштале за викенд дома, па целата е исплашена.