1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Воена диета

Дискусија во 'Диети' започната од Lilit, 2 ноември 2012.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Диетата трае три дена во кои треба да се изгубат до 4 kg. Ниту една намирница НЕ СМЕЕ да се замени затоа што има одредена вредност и хемиско влијание во телото со кое делува на намалување на килограмите. Препорачана е физичка активност од 30 до 60 минути за време на деновите на диетата.Потоа се прави пауза од 4 дена каде се јаде нормално,но сепак да се внимава на количеството и видот на храната. Можете со ова темпо да ја држите колку пати што сакате додека не ги постигнете посакуваните килограми.
    Прв ден
    Појадок
    Половина грепфрут, еден двопек или тостирано црно лепче,1 лажичка путер од кикирики и кафе или чај, без шеќер
    Ручек
    Половина шоља сирење, еден двопек и шоља чај или кафе без шеќер
    Вечера
    Две парчиња месо (било какво,но не црвено месо),една шоља зелен грав (има замрзнат), половина банана, 1 мало јаболко и едно топче сладолед од ванила

    Втор ден
    Појадок
    Едно варено јајце, еден двопек или тостирано црно лепче и половина банана
    Ручек
    Половина шоља сирење, едно тврдо варено јајце, 5 солени крекери
    Вечера
    2 ход дог (претпоставувам се мисли на типични американски ход дог,без помфрит,само со сенф и кечап), 1 шоља варени брокули, половина шоља моркови (варени или свежи), половина банана, 1 топче сладолед од ванила

    Трет ден
    Појадок
    5 солени крекери, половина шоља сирење,едно мало јаболко
    Ручек
    Тврдо варено јајце, еден двопек или едно ростирано црно лепче
    Вечера
    Половина шоља сирење, половина банана и 1 топче сладолед од ванила
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Нели е многу 4 кг за 3 дена??
     
  3. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    Оваа диета е многу слична на диетата 3 за 3 килограми ако не и иста. Точно е тоа дека не смее да се избегнува некоја намирница или да се прескокнува оброк, но знам дека има јо-јо ефект.
    Обично ја држат луѓето кога им треба брзо намалување на килограмите, на пример заради некоја посебна пригода, настан и сл. Медицински и не баш препорачана.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Диетава функционира и тоа сладоледот го заменив со лажичка павлака.
    Не се познава премногу,зошто исфрлив течности,ама па се осеќам полесна.
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Диетева не е толку тешка, т.е се издржува, има денови и кога и помалку сум јадела.
    Само малку зелениот грав ме буни, не сум видела, веројатно има некаде у маркетиве.
    Претпоставувам тој се вари слично како нашиот грав.
    Има диети каде се јаде далеку помалку.
    Ќе ја имам у предвид, после нова година и божиќ сигурно барем тие три дена ќе ги издржам, за константно незнам дали има смисла.
    Ми се допаѓа појадокот, содржаен е.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Абе јас летото јадев зелен грав,го имаше по пазарите,како боранија се спрема,ама сега зошто нема,го заменив и него ете, заборавив. Си купив зелена замрзната боранија.
    Се издржува,со тоа што вчера вечерта потфрлив,ама у друштво па...плус емотивни моменти тука и јбг,ма да можев да издржам уште саат-два и да биде легитимно. :D
    Битно ефектот е постигнат. За поише не ми требаше,се осеќав измачено и прејадено периодов,ми требаше нешто вакво.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.