Гледате што се случува во Јужна Кореја? Јужњаците дојдоа до ситуација сверњаците да ги заебаваат дека ,,сериозно било загрозена демократијата во Јужна Кореја". Овај претседателов за некој ден очекувам и диктатура да прогласи. Сега под воена состојба се ќе биде во контрола на власта. Медиумите наликуваат на севернокорејски државно контролирани телевизиски канали, слободата на говорот е апстрактна именка, парламентот е распуштен, опозицијата е уапсена, прогласен е полициски час, војска со тенкови и хеликоптери има насекаде по улиците и упадна во парламентот, уапсени се демонстранти и што уште не. На тик ток доволно е да пишете South Korea now и ќе ви излезат илјадници видеа од видно уплашени ни криви ни должни граѓани кои кажуваат каков е животот таму моментално. Има и на јутуб во живо од пред парламентот како војската упаѓа. Најапсурдното во се ова е што претседателот рече дека со овој чин сака да ја заштити Јужна Кореја од комунистичкиот север, а притоа државата ја направи поголема диктатура и од таа на братот Ким. Најверојатно причината е: доколку го распушти парламентот и ги уапси опозиционерите, нема кој да му изгласа импичмент за кој долго се зборува во Јужна Кореја. Еве подобро објаснето: https://telma.com.mk/2024/12/03/nem...opoziczijata-so-jasen-stav-deka-e-nezakonski/