Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. macor24

    macor24 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    аиии изгледа го немам тоа прочитано до среќа нека ти е само немој да возиш мн брзо, погоре видов дека си возел трактор јас мислам полено е да се научиш на трактор а после тоа на кола
     
    Последна измена: 21 март 2021
    На LadyC и Stark им се допаѓа ова.
  2. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Јас полагав во снег, прв пат. Ме однесе по споредни улици, по краевите со купишта снег неисчистен. Јас се осеќав и се осеќам сигурно кога возам по снег, не осеќам страв како некои. Нормално си возев малку налево за да не одам врз купот снег. Комисиката ми прокоментира во моментот "не вози толку лево". На следната уличка возев десно покрај работ, врз купиштата снег. Ама и тука прокоментираа "кај возиш десно, ќе се тумбаме на снегот?!". На една уличка кога вртев десно влегов во левата лента затоа што во десната имаше голем куп снег, што собирале од по уличката (мала, споредна уличка). На крај ми рекоја "да не коментираме, направи многу грешки - возеше по снегот, влезе во лева лента кога вртеше десно...". Значи моето полагање по снег заврши со огромна нервоза. Цел ден плачев. Сите ми викаат дека одлично возам, а тие мораа психички да ме уништат.
    Значи не е до твоето големо познавање, туку до моето лично искуство од пред само 1 месец.
     
    На Stephen Amell и macor24 им се допаѓа ова.
  3. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Не мила, не е воопшто смешно. На никој не посакувам да му се случи истото. Затоа што како што кажав погоре, мене психички ме уништи тоа. Имам возено и по кривини на угорнина, на замрзнат пат. Нема да ме демотивираат да возам. Ама не е вооптшо смешно денот кога ќе ти го уништат. А за што? За нецели 2000 денари. ;)
     
    На Stephen Amell и Stark им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.453
    Допаѓања:
    22.253
    Пол:
    Машки
    Така печалат тие, јбг мораш да поминиш по системов, јас само така си реков. Јбг на прв пат нема да ме пуштат, после 3 секако положувам, па на трет положив. :D
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    За жал, кога ќе ги собериш сите трошоци и не е така мала сума. Но тоа е, што може да се прави. Јас си викам подобро од старт за градска нека стават 3000 денари, отколку да те малтретираат.
    Џабе и до телевизија дојдоја. Ова со години се случува, а и ќе продолжи да се случува. И не е само во Скопје, туку во сите градови. Ретко кој положил од прва без врски.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.453
    Допаѓања:
    22.253
    Пол:
    Машки
    Мене ме фати околу 37-8 илјади..
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  7. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Ужас... Јас до сега околу 30 илјади сум дала, да видиме градска дали ќе положам втор пат. Нашиот реон си чекаме, нема полагања. Испитниот центар ни е затворен поради грешка.
     
  8. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    А пример да им се расправаш " не вози лево, не вози десно,не вози по снег, како да возам?"
    Смееш?
     
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.453
    Допаѓања:
    22.253
    Пол:
    Машки
    Ако сакаш покасно да положиш, опинај му. :)
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.707
    Пол:
    Женски
    Реално така ќе испадне на крајот како што немам нерви.
     
  11. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Јас вриев и во себе ги пцуев цело време, но не сум тип што гласно се кара. Сепак тие се на позиција, а ти си обичен кандидат. Не можеш баш така да се расправаш...
    Сигурна сум дека многу души се соочиле со нешто слично, па можеби и полошо.
    Сум слушала и за случаи кога намерно ти тежеле на кочница. Пример на другарка од се супер возење и стегнале кочница кога таа сакала да тргне (застанала поради гужва) и колата и згаснала.
     
    На Stephen Amell и edna_malecka им се допаѓа ова.
  12. ATYYY

    ATYYY Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво женски сакам да ве прашам како оди прва помош? Какви прашања има?:wasntme::wasntme::wasntme::wasntme:
     
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    Не би ме чудело да изнајдат ваква глупештина, ама ако дошле до овој степен да бутаат „зашто возиш на снег’’ треба скорз да забегале.

    Некогаш и самите кандидати си преувеличуваат, затоа и искоментирав, сега јас и ти можеме тука да се докажуваме и ти да тврдиш до утре како они те истрауматизирале, они тебе 100% друго за причина ти пишале, не се бутка за ова, ова не е основ.
    А ти мислам уште имаш време на приговор (прашај си у автошкола колку време е, дал 15 дена или 30) ако навистина ова е причината што те бутнале е неоснована.
     
  14. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    148.760
    Пол:
    Женски
    на тв ги имаше за подмитување и дека не пуштаат намерно од прва :)
     
    На macor24 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marty 0102

    marty 0102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2018
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Nisto posebno 10 ili 15 prasanja cista formalnost
     
  16. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    Причините беа поради снег. Никој не вози совршено, така и јас. Секогаш има некои минимални причини, не одбивам тоа. Ама и не е како ти што викаш - кога има снег мора да те носат по главните улици. За жал, џабе е и приговор и се'. Се знаеше дека ќе паднам од старт, како што знае и секој друг обичен граѓанин.
     
  17. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.196
    Допаѓања:
    2.403
    Пол:
    Женски
    15 прашања на заокружување, прелесни се. Прочитај еднаш - два пати, колку да знаеш за себе. За прашањата доволно е и ако слушаш на предавањето.
     
  18. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    349
    Пол:
    Женски
    Луѓенца, бидејќи не сум баш запознаена со автошколиве во Скопје, ќе може ли да ми предложите некоја од која сте задоволни, и инструктор?
    И дали е кеш плаќање одма или има можност за рати во таа автошкола?
     
  19. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    За паралелно паркирање? Се местиш една гаража пред твојата, враќаш во рикверц додека не го видиш столбот на задниот прозор (ќе си запамтиш конкретна точка каде треба да се појави). Полн десен, на лев ретровизор го бараш внатрешниот заден столб. Исправаш тркала и со задното лево тркало треба да ја згазнеш црвената линија. Вртиш полн лев и треба само да ја поминеш белата испрекината милиметар. Одма чим ја видиш застани. Погледни на десен ретровизор дали си паралелно поставена со столбот.

    Ставаш во прва, излези со предниот дел од колата и одма врти на десно за да не ги згазиш линиите од лева страна. Потпомагај си со кумплугот за да не ти отиде пребрзо колата.
     
    На Flybabyfly, Stark и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. spingstart13

    spingstart13 Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, дали мора со сметката од испитиот центар да уплатам или може истата напишана да ја уплатам во банка? Утре треба да уплатам за теоретска, а неам време за да идам до центарот да земам сметка, па да уплаќам во банка па да се вратам со сметката. Поради тоа сакав од слика од сметката што ја имам да на препишам и уплатам па да закажам. Ако некој знае би ми било од помош.