1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Tori1

    Tori1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    95
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Имам возачка скоро 3 години.Не возам секој ден бидејќи татко ми ја вози за до работа и назад,најмногу навечер за во град.Кога положив првото возење бев сама и воопшто немав страв иако беше 6 наутро и врнеше премногу.Обожавам да возам, си пуштам музика,едноставно уживам.Некогаш навечер ако ми е досадно или ако нешто сум нервозна знам да запалам колата и да свртам неколку крукчиња :D :D
     
  2. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Со мојот инструктор баш правевме муабет за тоа поагање од 16 години, поскапо било се возат повеќе часови треба одличен успех преглед од психолог и тн..меѓутоа и од кога ке положиш неможеш да возиш сам без некој шофер со искуство повеќе години.. :)
     
    На Cicero му/ѝ се допаѓа ова.
  3. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Прашање околу паркирање

    Сосема тазе возач сум, ве молам кажете ми каде се паркира ако се оди во МНТ театар центар и Драмски театар? Многу ми е важно, треба да возам гости од Хрватска...
     
  4. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.892
    Прашање околу паркирање

    Околу Драмски по уличките обично се наоѓа паркинг простор, и бидејќи е во Карпош, бесплатно е.
    За Театар Центар мислам дека е најблиску на паркингот позади Орифлејм, ама не знам која е цената по час.
     
  5. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.002
    Пол:
    Женски
    Прашање околу паркирање

    МНТ има свој паркинг. Обично рампата им е спуштена, ама има еден дечко што ги пушта оние кои се дојдени за претстава. Затоа што обично луѓево знаат да го злоупотребуваат тој паркинг, за да не плаќаат на друго место.
     
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.717
    Допаѓања:
    156.620
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Мене ме дели уште година дена до возачка ама уште сега седнувам зад воланот за мала пракса со тато. Не ме бива. Ич. Ми се чини дека додека возам ако нешто излета пред мене, куче да речиме кое преминува улицата, место на кочница на гас ќе манам од што сум паничар ...
     
  7. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Дали знаете колку време се валидни часовите од авто школа? Оти јас возев во 2010та, ама се заматкав нешто и не полагав ништо тогаш, само ги извозив 30те часови (со тогашниот закон толку беа) и така оставив се.
    Знам дека треба да вадам ново лекарско сега (патем, колку кошта тоа некој има информација?) и колку што знам ми важи прва помош што полагав.

    Е сега, некаде по интернетов прочитав дека неограничена валидност имаат извозените часови, само плус дека треба 6 часа да си довозам пред да полагам (оти нели сега со новите измени 36 часа треба да се имаат извозено). Дали некој има таква информација?
     
  8. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Лекарско мислам дека беше 2000 денари кога полагав, а иначе да 36 часа треба, тоа ќе ти дојде 3 дена да возиш :)
     
    На AhThatFemaleProblems му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.639
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    На часови сум уште еден ден. Два дена си оставив пред градска, ќе ми се фати да полагам некаде после новата.Ми беше страв и тоа многу пред да почнам да одам на часови. Ама со тек на време се опуштив. Само ми се случува два три дена ако не се фатам за волан, заборавам некои работи :?: Е сега за возењето ми е добро настрана, ама низ градот е тешкото :?: Си викам барем тестовите и полигон да ги положам од прва, за градска ке има нервози повеќе.
     
  10. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.639
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?


    И мојот инструктор нешто премногу се опуштил. Има жена и две деца. Да знаев дека е таков, ке си возев со друг. Сигурно го немам платено за да ми се пушта. Денес возев последен ден, и си оставив два пред градска. Моронот ме штипе и ме вика љубави, лепотица и нз уште како. Пф и ми вика денес уште ден или два од него часови да возам, АМА пред да си дојде дечко ми. Нема грешка. Само му реков дека нема врска и дечко ми да е тука, ке дојдам со него и после ке возам. Го снема никаков :lol: ако со сите е таков, тешко на жена му и на децата дома.
     
  11. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    а бе да ве прашам, лекарско вадите на државно или на приватно? оти немам здравствено осигурување, колку што се сеќавам платив 2000 во државна болница, па сакав да прашам дали можи на приватна поликлиника да се извади лекарско, мислам дали е признаено како и другово и ако да, колку кошта? или морам да вадам на државна?
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.002
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    ^ Можеш да извадиш и на приватно, јас така извадив.
    Цените варираат, на пример газдата на автошколата кај што полагав јас, се имаше договорено на нас да ни даваат попуст. Ама сега не се сеќавам ни отприлика колку платив, бидејќи ми беа собрани трошоците на куп, па не знам кое за што беше.
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Мислам речиси сите автошколи имаат договор со некои приватни ординации.

    Јас платив 1800 или 2000 денари, не се сеќавам баш за лекарко и за часови прва помош, во еден ден и двете ги средив.
     
  14. Mosquiita

    Mosquiita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    663
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Супер возач :D :D :D
    Денес положив комисијата ме пофали дека сум возела супер :D Ајде со срека нека ми е возачката :)
     
    На dzivdzy, Espadrila и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Јас полагам по втор пат за возачка, всушност имав кога наполнив 18 веднаш положив, но возев после 23ч и ми ја одзема.. Да да ете така без казна без ништо само ми ја зема возачката. Небитно.
    Сега полагам пак, часови прескокнав бидејќи така се договорив со инструкторот , и предхотно возев кај него па се договоривме само да платам а да не ги возам часовите.
    Е сега имам проблем со тестовите минатиот пат ги положив од прва, ги решавам онлине тестовите и никако да поминам. А полагањето ми е на 31.01
    Како вие ги научивте ?
    Не дека ми е тешко знам дека можам ама се некаде се заглавувам, пред тоа ги имав тестовите испринтани и така ги учев а сега ги немам.

    Инаку полагам во АМСМ и според мене се најдобри. Сите инструктори се супер.
     
  16. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.803
    Допаѓања:
    17.771
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    ^ Ги имаш сите со одговори на страната на МВР.

    Јас кога полагав ги учев од тука, зашто на онлајн верзијата се повторуваат прашањата. Имаш време да ги научиш, до 636 мислам беа за Б категорија :)

    Ајде, ти пуштам среќа
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  17. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Па за возење после 11 казната е 400 евра (од искуство знам де :D ), ако не ја платиш (откако судот ќе ја потврди казната), ти ја земаат возачката ама нели тоа е на определено време? :?:
     
  18. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Мене не ми пиша казна идиотот, одма ми ја зема возачката .. откако ке ти ја одземат немаш право да полагаш 2 години. Така ми кажаа на мене и така направив. леле немој на крај да испадне дека само на некое време ти ја одземаат.
     
  19. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    5.418
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Јуник, нема шанси да треба јово на ново.
    Некое недоразбирање е.
    Поубаво распрашај се, оди во АМСМ, прашај во МВР, стварно ми нема логика ова твоево...
    Па мој другар уште кога положи на 18год, сиротиот, незнам колку пати го имаа сопрено,незнам колку пати се извлече, ама и многу пати плаќаше казни за возење после 23ч.
    И еве го сега 5 год како вози.
     
  20. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Истото и јас го мислам, нема шанси да треба на ново да полагаш, колку што знам јас возачката ја зимаат на 6 месеци ако те фатат да возиш после 23ч, распрашај се за сигурно :)