1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Јас имам дозвола веќе 3 години и исто толку време активно возам автомобил.Во почетокот не толку често возев но последните 8 месеци сум нонстоп со автомобил поради моето оддалечено работно место коешто е 30 минути пеш.На почетокот правев доста грешки но колку повеќе поминував во автомобил станував се посигурна возачка.Денес се сметам за доста солидна и стабилна возачка со можност за напредок.Татко ми е супер возач и многу често ме советува и ми покажува некои возачки финти за подобро снаоѓање во сообраќај.
     
  2. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Денеска добар шофер не е некој што вози 200 на час туку примерен шофер.Погледни дека 95% од сообраќајките мажи ги прават.Жените каде каде се попримерни и подисциплинирани шофери отколку мажите.Тоа сум сигурна.Тоа што викаш дека мажите се подобри шофери тоа е еден вид на предрасуда и тоа што пред 20 години многу мал процент на жени полагаа и возеа автомобили.Или тоа страшно ме нервира кога некоја девојка добро вози и кога ќе прокоментираат машките оваа како МАШКО вози како демек ние незнаеме да возиме и таа е изрод.од жените.Мене тоа денеска не ми е јасно пример огромен број девојки денеска полагаат и имаат огромна желба за возачка,а сепак многу мал дел потоа продолжуваат активно да возат автомобил.Дали тоа дека некој сеуште ни всадува предрасуди дека автомобилот не е за жена или?
     
  3. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Имам возачка повеќе од една година, се осеќам убаво кога возам сама! А кога е со мене брат ми или татко ми... посебно брат ми само “закони“ што кажува :@ :@ ми иди од кола да го исфрлам! Ја возам колата на татко ми, повеќе од него ја возам :) и едвај чекам да дипломирам за да ми купи кола само за мене! што значи ќе си почекам уште 3 години! Никогаш не ми прави проблем, не ни барам дозвола од него за да ја земам колата, само му кажувам. Можам да речам дека сум добар возач, татко ми многу ме фали! ;) немам сеуште возено по долги релации, но се надевам и тоа набрзо ќе биде! Единствена мана ми е паркирањето помеѓу две коли паркирани хоризонтално! :@ го мразам тоа! секогаш задниот дел ми е понапред! А и местата за застанување низ град ми се убиство! Ама ајде со искуство се се учи...
     
  4. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    116
    Веќе 3 години активно возам, возам на долги релации и можам да се пофалам дека сум добар возач а и сите ме фалат :) . E сега морам да прокоментирам некои што навеле дека жените се попримерни и подисциплинирани возачи тоа е затоа што се понесигурни, се плашат, потешко се осудуваат да преткнуваат или да стиснат на педалата. Но таа нивна несигурност многу често доведува до несреќи кога ќе се осудат на тоа. Tоа е мое мислење немојте да ме напагате :D . Бидејќи нон стоп сум низ град со кола и низ пат сум била сведок на многу непријатни случки направени од страна на жени, последно што видов беше следново. Типкава згазила две девојчиња кои поминувале на пешачки и додека девојчињата лежат и крварат таа излегла од колата и вришти глуми поголема жртва од девојчињата наместо да ги стави во кола и право во болница или пак да повика брза помош, но ретко која жена би ја имала таа присебност во тој момент да го направи тоа. Траги од кочење никакви значи она воопшто не изреагирала никако, рефлекси нула, туку директно ги удрила, а зошто затоа што се правела пуфла дека има убава кола ја стиснала малку повеќе а не е сигурен возач и се плаши и во тој момент наместо да кочи или да го сврти воланот она се успаничила и директно во нив, страшно :( . И се почести низ градов се тие пуфли на кои татко и мама им купиле кола па сеа они се важни па возат како цел град да е нивни а појма немаат од возење бидејќи возачката ја добиле преку врски. Oва не го кажувам за сите жени шофери да не ме сфатите погрешно има изворедни жени шофери но моето искуство е дека несигурноста, стравот и неопуштеноста жените ги прави полоши шофери и поради тоа е и предрасудата дека жените се полоши шофери од мажите.
    Поздрав шоферки и идни шоферки ;) :D
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас никако да се натокмам да почнам да зимам часови.
    Се туфкам, се мислам...
    Ама проблемот е што некако не се чувствувам спремна да седнам зад волан...Се мислам дека нешто беља ќе направам.
    И дечко ми, и татко ми , и другар еден пробуваа да ме научат, ама јас ни клучот во рака не сакам да го земам...
     
  6. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Значи знам дека е некој вид на предрасуда,но тоа си е мое некакво вкоренето мислење па и покрај тоа што сум сведок дека денес постои рамноправност во возењето автомобил јас неможам ништо против тоа,значи уште кога сум била мала и секогаш кога требало некаде да се оди со кола,мене на памет ми паѓало дека татко ми ќе вози а не мајка ми,и како што си кажав и самата тоа ми е некој став врежан длабоко во потсвеста...А и тоа дека жените се попретпазливи возачи јас убаво се изјаснив дека сметам оти е така а што и немора да значи и дека сите мажи возат брзо се прават фраери и не почитуваат правила,тоа си е индивидуално! :) И мене како возач се разбира дека ми смета кога некој прави шеги на сметка на жени возачи,и ги потценува без потреба женските возачки способности ...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Уф колку се нервирам со возачкава дозвола.Паднав на градска и сега треба пак да полагам. Инструкторот ми рече дека најубаво ќе ми биде да си фатам врски, инаку ќе ме бутале неколку пати. Бидејќи ако ги пуштаат тие со врски некој морало да падне нели?! Од кожа се извадив :@
    Друга работа е што луѓево немаат поима од возење. Ама никаква! Мажите биле шофери? Жими таквото.
    Само зашто жените се попретпазливи во сообраќајот не се лоши шофери.
    Вчера еден тип со едно џипиште како ми пресече пат еј. Јас стојам на семафор и да тргнам на зелено, он вртење пред мене, преку островот и тротоарот и џом да го нема. Па да имаше некој улетан сол ќе се стореа. :^)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    И јас си возам и до сеа само еднаш ме имаат застанато и тој ми вика знаеш колку е саат-3,а ти не смееш сега да возиш и ја му викам ауууу извини јас од 11 до 5 ја губам меморијата и незнам да возам си влегов у кола и да ме нема :lol:
     
  9. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Уффф и мене истото ми се случи вчера, ми се падна во комисија таа женската , што поима си нема од почитување на правила и прописи, башка со штикла 12-ка ми се качува во кола и единствено што знае е да ти фати волан или уште 300 метри пред да треба да кочиш да ти закочи демек касниш, и уште ми вика да одам на црвено и да сечам пат во двонасочна улица а во мојата лента некој "возач" се паркирал на сред улица, зашто и беше жешко за да го бутне и последниот, и што е најтрагично последниот го бутнаа кај нив пред канцеларија скоро ,што побрзо да си отидат ццццццц :devil: :devil: :devil: :@
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    Леле таа поима нема. Уффф неписмена е тотално. Се плаши и затоа кочи уште од 1 км. Цццц коа ќе ја видам косата ми се крева :@ Заради неа паднав првиот пат. Била инструктор и пробуткала неколку кандидати и дека албанка ја бапнале во комисија, а поим немала. Само кај нас тоа може :devil:
     
  11. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    И јас паднав заради неа , се надевам нема да ми се падне пак :devil:
     
  12. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам , на полигон како поминавте ? И таму е комисијата никаква или ?
     
  13. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.733
    Допаѓања:
    8.091
    Пол:
    Женски
    На полигон е каде каде полесно,барем мене ми беше.Мислам,ако си ги направиш правилно вежбите нема шанси да паднеш.А вежбите ги правиш или правилно или згрешаваш,за разлика од градска кога ако сакаат да ти најдат грешка одма ќе ти најдат.
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.729
    Многу сакам да возам. Порано многу повеќе возев низ Скопје, особено делот кај Бит Пазар каде што возењето е авантура :D , и многу сакав возење низ град. Последниве неколку години многу слабо возам низ град, а многу повеќе надвор од Скопје бидејќи таква ми е работата, и уживам во тоа! Особено некоја кратка дестинација како на пример до Велес, Неготино, Демир Капија или Гостивар и да сум сама во кола, поубаво од тоа нема! И тоа автопат сакам, ехеее, можам да медитирам. Најдобрите мисли ми доаѓаат таму!

    Морам да редактирам зошто сега сфатив дека не сум одговорила на темата (промашена тема) :D
    Паааааааа немам направено посериозни инциденти :D
     
  15. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Irenna на полигон е полесно, а башка на третата четвртата и петтата вежба имаш и втора шанса ако погрешиш. BTW комисијата е истата дента што е на полигон, ако положиш полигон одиш на градска со истата комисија, а целта на комисијата секако е да те бутне.....
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.747
    Допаѓања:
    65.195
    Пол:
    Женски
    На првата вежба ако згрешиш, нема поправен. На другите вежби имаш уште една шанса да се поправиш.
     
  17. FuriousBaby

    FuriousBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Yes! :) Возачка дозвола, некој денар во џеб и се е можно :D :rock:
     
  18. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Може ќе сум оф топик ама сакам да ви кажам за еден мој лапсус - поминав на црвено и што е најтрагично не го видов семафорот :tmi: Инаку повеќе пати имам поминато на таа крстосница ама ете тој ден не го видов семафорот и плус еден го направив будала што тргна да ми го пресече патот - човекот фино-лепо си возеше според семафорот, ама јас...среќа тогаш беше светнато црвено за мене и немаше многу коли, а в кола бевме 4 женски - не знам што си помислија другите возачи...што велите? :tmi:
     
  19. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150

    :@ :@ Уфффф пак паднав заради оваа албанкава и она старчено со шеширчето , не ми се верува :devil: :devil: , ако следен пат ја видам неа у комисија не влегувам у кола, ќе барам нова комисија :@ :@


    Sorry ако сум off topic али стварно комисијава е ужасна. :devil:
     
    На K.Karanfillova му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Ауууу тие знаете како го бутнаа првиот пат дечко ми.Стои он на стоп знак неколку секунди и трга бидејќи нема никој,и овој му вика стоеше 6 а треба 10 секунди,и дечко ми во негов стил а што треба да земеме по едно кафе да испиеме? И овој му рекол извини дечко добар беше,ама жал ми е...дрн дрн.. ама затоа вториот пат помина :lol: