1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Јас имам лошо искуство со првиот инструктор, исто така ми збореше глупости и маче ме викаше, ми раскажуваше за некоја клиентка што имал афера со неа..... Чекај бе, јас те плаќам за да слушам глупости или за да ме учиш да возам? И кој си ти да ме викаш маче?? И ден денес кога ќе се сетам револт ми се ствара. И тоа не ме носеше на полигон, кај Палас ме носеше да вртам кругчиња. И тоа газда беше на авто-школата, 50-годишен женет со големи деца. :!: Ама затоа тато кога му отиде уште после третиот час, се му изнакажа и овој виде не виде му ги даде документите иначе се силеше дека требало да платам за обуката за сообрајаќните за да си ги земам. |( Кој си ја има мувата на капата, си ја ишка. Тогаш си земав документите и отидов во АМСМ, ми се падна прекрасен инструктор, млад но озбилен, професионален и полн со трпение и се помина во најдобар ред. Од тие проклети манијаци значи ми се :puke:
     
  2. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Обавезно ќе го прашам инструкторот во понеделник. Е браво уште ако имам возачка да испадне сега дека џабе парите си ги фрлив.
     
  3. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Јас сум добар возач лани положив и за инструктор па здравје кога ке ми помине породилното ќе работам како инструктор :rofl:
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.262
    Допаѓања:
    21.874
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    И јас сакам да полагам за возачка. А немам воопшто желба или мерак да возам, ама знам дека ми е потребна. Немам автомобил се уште, ама се додека не земам возачка - нема логика да купувам. :)
    Е сега, јас немам никакво искуство, не знам ниту педалите која за што е. Никогаш не сум седнала зад воланот, иако татко ми цело време има автомобил. Ама ете, не ме влече тоа.

    Се прашувам да не си ги лупнам парите за џабе - има ли некоја од вас искуство како моето - ништо да не знае и да положи од прва? Како што ги слушам муабетите, градска било најтешко да се положи, ама и да паднам еднаш на тоа ништо страшно. Ќе успеам ли да ги запамтам сите знаци, сите правила и прописи? :^)

    Следната недела ќе уплатам за лекарско, ми рекоа дека е околу 2000 ден. во болницата во мојот град. Потоа што следува? Треба да одам во Црвен крст? Или најпаметно ми е да си најдам првин авто-школа и инструктор па тој да ми објасни се како треба? :worried:

    И од каде да најдам материјали за прашањата? Нема ли некој прирачник или книга? Не можам ич да учам од компјутер, иако сега го разгледав линкот со точните одговори на страната на МВР. Колку прашања има на тестот кога се полага?
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Јас положив тестови и полигон од прва, само градска од втора бидејќи нема шанси да не ти најдат маана тие само за пари, дури бев зачудена и од втора што положив. :D Инаку, буквално никакво искуство немав пред тоа, се си научив со инструкторот.

    Значи вака..... после лекарското одбираш авто школа и таму одиш на предавања за сообраќајни знаци, крстосници, правила за првенство на минување и сите тие работи, за на крај да полагаш пробен тест кој е бесплатен, вклучен ти е во цената со часовите. После тоа почнуваш со часовите по возење во кои се вклучени 36 часа ако памтам добро, ама ти секако ќе си се распрашаш таму најубаво. Нормално дека ќе си најдеш авто школа и инструктор бидејќи без тоа немаш право ни да полагаш за возачка дозвола.
    Ако не ти се учи од компјутер, можеш да ги симнеш и испринташ прашањата. Инаку кога полагаш има 31, имаш и онлајн тест на страната на МВР, направи го и ќе ти стане јасно.
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Конечно и јас си положив :party:
    на прва тесотови и полигон , а градска дури на 3 пат
    за ептен мали грешки ме соборуваа , нз нз што да кажам само пари да берат.
    Па ние сме почетници секако дека ќе правиме грешки но ќе се научиме со тек на време , но ајде на кој да кажеш. Важно си положив и сега еве ја чекам возачката.
    Си возам ама сеуште имам многу да учам и не сум сеуште опуштена во возењето , но здравје со тек на време и искуство мислам дека ќе биде супер :)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. littleflower

    littleflower Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    1.480
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Положено имам од 2005та, се од прва, а редовно возам веќе 4 години. Мислам дека сум добар возач, не сум по тркање низ булевари, си стигнувам кај сакам кога сакам и супер ми е :)
     
  8. Bennet

    Bennet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Веќе 5 месеци имам возачка дозвола, ама ретко ја возам колата заради тоа што студирам во Скопје, па кога си одам гледам да ја повозам, да не заборавам како се вози :lol:. И секогаш возам или сама (со другарки, со брат ми), но никогаш со татко ми (секогаш наоѓа маани, не така, не онака).
     
  9. LalitaGrosa

    LalitaGrosa Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    18
    Полагање за Возачка дозвола

    Јас не сум уште полагала. Пред еден месец наполнив 16 а пред некој ден слушнав дека се полага од 16години. Така да планирам да полагам ова лето :)
     
  10. Smurfette.M

    Smurfette.M Популарен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    621
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    ете и јас сум дел од возачите :D веќе 2 недели имам дозвола :) се ми е во ред, не сум некој тркач, си возам според правила и се тоа...... :wasntme: ама многу ме фаќа паника кога раскрсницата ја регулира полицаец... ни јас не разбирам зошто :$
     
  11. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Колку парички ми требаат за полагање?
     
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.545
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Отприлика све на све грубо кажано 500 евра :)
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Мене ме фати без малку 24 000 денари :)
     
    На kala21 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Alex.90

    Alex.90 Нов член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Часовите по правило треба да траат 90 минути (2*45), меѓутоа мојов инструктор се праи на "Тошо" и секогаш возам по саат и 10 минути, дали сте имале вакво искуство?
    И исто така ме интересира, дали кога ќе полагам полигон и градска ќе треба да платам во авто школата за користење на колата? :)
     
  15. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.271
    Допаѓања:
    8.904
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    ^ Да, се плаќа и за тоа користење на колата,за полигон и градска.Барем јас кога полагав пред неколку години така беше.
     
  16. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    И јас лани кога полагав плаќав за користење на колата за градска и полигон.
     
  17. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Девојки јас во понеделник сум на полигон е сега ќе ми кажетте ли колку време се оди на полигон и дали се плаќа пошто мене ми се јавија дома и ми кажаја само во понеделник во 11 ч на полигон
     
  18. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    ако веќе си уплатила нема што да плаќаш
    инаку 1600-1700 се уплаќа за полигон и 500 ден за автошкола за автото
    а ке видиш колку време ке те задржат,зависи колку кандидати има пред тебе :)
    со среќа па пиши ни што ке направиш
     
  19. Majli.15

    Majli.15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2013
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    па се уште не знам колку кандидати ќе се пред мене дека прв ден ке ми биде во понеделник и сигрурно ќе ви пишам држете ми среќа :) :* :*
     
  20. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Возачка дозвола (и се е можно). Какви возачи сте Вие?

    Кога ќе идеш на полигон , вежбите почнуваат во исто време за сите , нема еден по еден , сите ќе влезете во колите и ќе тргенете, со среќа и немој да се плашиш :*