1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.235
    Допаѓања:
    104.871
    Пол:
    Женски
     
    На PaLaVa и kjukli им се допаѓа ова.
  2. pink95

    pink95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Azdisan vozac, preticuvam se zhivo i divo ( fala Bogu nemam speeding ticket)...
     
  3. inanonesumfina

    inanonesumfina Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    83
    Пол:
    Женски
    Во ред.Фала ти многу.:D:D
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.166
    Допаѓања:
    147.692
    Пол:
    Женски
    Ова за Скопје збориш? Еден полигон е, АСУЦ и не, не можеш да вежбаш на него сам зашто има автошколи до касно, има светла полигонот и само инструктори пуштаат а кандидатите си плаќаат влез.
     
  5. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    Za Strumica zboruvam barem kaj nas e taka .Srga ne zboram za koga ke se stemnni tuka od periodot 18, 19 20 h I kaj nas ne se plaka nisto
     
  6. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.166
    Допаѓања:
    147.692
    Пол:
    Женски
    За Струмица не знам. У Ск е монопол, или со автошкола, или јок одење.
     
  7. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    А да идам ја во Струмица да вежбам? :rofl:

    Не сериозно, ако има полигон во Куманово, Велес а можеш сам да одиш, кажете. :)
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.166
    Допаѓања:
    147.692
    Пол:
    Женски
    Добро инструкторот маркери не ти покажа за полесна ориентација при паралелно? Нај факд ап е од сите вежби. Јас од рачна се плашев на времето, на Кале полагав кај што нема никакво обележје (се е избришно скоро), ама паралелното испадна позезнато. Друго е кога ќе положиш. Со паркирани возила е полесно, али пак. Треба цаки да ти покаже...
     
  9. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Рачна ми е боза. Никаков проблем немам. Покажуваше она еднаш, збореше нешто, ама дали 8 пати вкупно паркирав, како да научам? Плус таа замислена коса линија никогаш не ја видов. :rofl:
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.166
    Допаѓања:
    147.692
    Пол:
    Женски
    Ох побогу. :rofl:
    Значи ако те видела дека ти е послаба страна паралела , треба тоА да форса. Има ли маркери залепени на заден десен прозор? У ќошето? Па тие кога ќе се поклопат со косата линија да почнеш да вртиш волан во десно? Па имаше до кај одиш нели внатре, па исправаш и движиш, па со пун леви да влезеш скроз (сега ме натера и цел филм да си повратам како идеше отприлика,јер одамна беше) :)
    И да. Може си пониска. Ти дава ли перница под тебе на седиште за да.видиш? Мора ќошот да го видиш на линијата.
     
  11. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Ја форсираше првата вежба, не знам зошто кога ни првиот пат не ја згрешив, ама битно ја направив 30 пати. Немаше никакви маркери, имаше некоја бледа линија која не ја ни гледав која косо треба да се поклопи со долното десно стапче. Јас се тоа го сфатив, целото објаснување го знам, ама ми фали вежбање, не сум сигурна. Знам дека да одам да полагам ќе паднам.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.166
    Допаѓања:
    147.692
    Пол:
    Женски
    Али битно напред назад си супер. :)
    Страшно што се шета по полигон. Сите ми биле инструктори. :/
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Напред назад сум професионалец. :rofl: Искрено многу се разочарав... Немам ни желба да полагам.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  14. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.208
    @kjukli Slobodno poveli i vezbaj .I kaj neas ne e vo najdobar red poligonot no pak se poznavat crtite obelezano e.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  15. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Дали некој знае дали смеам да презакажам градска,на боледување сум болна од кревет неможам да станам камо ли да одам да возам пред градска не знам дали ке прифатат како оди таа процедура доколку некој е запознает ве молам за одговор.
     
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.166
    Допаѓања:
    147.692
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не можеш. За жал мислам дека ти пропаѓаат парите. Да си прашаш во испитен центар ти е најпаметно за да не испадне да грешиме ние тука. :/
     
  17. atopic

    atopic Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    32
    Утре ќе се јавам се надевам дека треба да постои некакво решение.
     
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.048
    Допаѓања:
    6.964
    Смееш да возиш со таа потврда, тоа ти е исто како возачка само без слика. Ти важи само со лична карта.
     
  19. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.945
    Допаѓања:
    10.080
    А што се случи луѓе со полигонот под Кале? Не можете ли таму да вежбате?

    @kjukli паралелното паркирање е многу лесно и технички совладливо ако има кој да ти објасни убаво. Јас ќе пробам сега, како што мене ме учеше инструкторот и никогаш не ја згрешив.
    Со оглед на тоа што си била веќе на полигон знаеш како одат полињата и како се обележани. Ако треба да влезеш во полето обележано со бр. 3 на пример, тогаш треба да застанеш понапред т.е.паралелно на полето бр. 2. Кога ќе се движиш кон таа вежба гледај да си што поблиску до левиот обележан раб. Во оваа вежба дури мислам дека и дозволено е да се згази таа линија, но немаш потреба.
    Кога ќе застанеш кај полето со број два ќе се ориентираш од прилика воланот да ти е во линија некаде со средината на испишаната бројка. Од оваа позиција не треба уште многу назад да одиш за да ја најдеш првата точка. Е сега доаѓа тој момент со барање на имагинарната линија. За полесно да ти биде, малку повлечи го совозачкото седиште кон напред за да го гледаш целиот заден прозор што се наоѓа дијагонално од твоето седиште. Стави ја десната рака на наслонот на совозачкото седиште и убаво исправено седи. Погледни во прозорот и ориентирај се според тоа како ѕиванче што штрчи за заклучување и отклучување на вратата. Движи се сосема пополека во рикверц само со слабо отпуштен кумплунг се додека врвот на тоа ѕиванчето за заклучување не добие некоја имагинарна дијагонална линија со задниот внатрешен раб на полето (тоа поблизу до тревата) во коешто треба да се паркираш. Кога ќе се осигураш дека си ја нашла таа точка, сврти го воланот полна надесно и гледај во левиот ретровизор кога прв пат ќе ти се појави надворешниот заден агол од полето (тој поблиску до тебе) каде што треба да влезеш. Исто така и ова ќе го правиш споро и внимателно за да не згрешиш. Кога ќе ја најдеш оваа точка отвори го прозорот. измотај два пати на лево т.е. додека тркалата да ти дојдат во права позиција. За да се осигураш дека се во таа позиција, слободно извади глава низ прозор и види како се наместени. Во таква позиција продолжи пополека да се враќаш во рикверц се додека задното тркало што се гледа во левиот ретровизор не ја згазне портокаловата линија. Кога ќе ја згазнеш линијата со целата површина на тркалото застани и сврти полна налево и повторно враќај се назад се додека не влезеш со сите тркала во полето. Само штом ќе влезеш закочи, за да не ризикуваш да ја згазнеш задната линија и да излезеш од полето.
    Кога ќе го направиш сето ова, ти си паркирана : ))))

    Знам дека напишав реферат и дека можеби звучи прекомплицирано ама веувај ми мене вака ми објасни инструкторот и најбрзо завршив од сите на полигон кога полагав. За полесно да ти биде сето ова и да можеш да визуелизираш, оваа вежба е многу лесна да ја нацрташ на некоја ширинка или да најдеш слично обележано паркинг поле некаде низ градов.Само побај да ги дознаеш од прилика димензиите на полето и од прилика каде е нацртана таа портокаловата линија.

    Се надевам дека колку толку ти помогнав. И не губи надеж, ќе положиш и ќе научиш (highfive) И те чекам да се пофалиш : ))))
     
    На irenna, kjukli и Waka-waka им се допаѓа ова.
  20. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @Giovanna, Изгледа не е во функција тој полигон. Ти благодарам мноооогу на објаснувањето, сфатив што ми кажуваш, нешто слично ми објаснуваа, ќе те препрочитам уште неколку пати пред да одам да вежбам. Се надевам ќе ме биде. :)
     
    На Giovanna и LadyC им се допаѓа ова.