1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    5.012
    Чекајте малку. Сега по новиот закон има камери во колите. Значи се снима секој час со инструкторот и полагањето.
    Ако сте сигурни дека сте извозеле се како што треба, а сепак ве бутнале имате право на приговор.
    Јас не сум стигнала до полагање, сеуште возам но инструкторот така ми кажа уште на самиот почеток.
     
  2. lovely97

    lovely97 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    9.088
    Пол:
    Женски
    @Aquamarine93 и кај нас имаше инциденти. Првиот пат јас кога полагав сакав да платам ама тој го беа фанале и не даваа да се плаќа. Е веќе од вториот пат пак продужиа со плаќање ама мене веќе не ми се исплаќаше да давам 150 евра кога секако веќе еднаш паднав. Јас положив од четврти пат и тоа за глупости ме бутаа, али мора од некаде да се зима пари. Гледам си пишала дека кога некој ти пререче од комисијата нешто одма си грешела. Мој совет ти е да ги слушаш само кога ти кажуваат насоки, кај мене во кола цело време муабет си правеа одвај го слушав овој до мене што ми кажуваше. Додуша и си пеев песни во глава само за да не ми гу одвлекуваат они вниманието. Биди сконцентрирана само на патот, и тој до тебе што ти кажува насоки и без гајле. Ние возиме во нашиот град градска 20, со инструктурот возевме 30 ама тој ни кажа дека со комисијата да возиме 20. Поздрав и се надевам дека у брзо време ќе положиш. :)
     
    На Aquamarine93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Чекај дури да стигниш до полагање градска и ќе видиш промена на расположение кај инструкторот. Been there, done that. Спомна за камерите еве ќе ти објаснам, камерата од комисија ја снима внатрешноста на колата т.е тебе и тој до тебе. Има една финта, за полагањето која се користи. Еве еден пример што мене ми се случи. Има стоп знак, застануваш и вртиш десно (така ти кажале). Е сега, некој од назад вели: “Не застана на стоп знак, веднаш сврти.“ Никогаш нема да стасаш да им дообјасниш, затоа што се 3 спрема 1. А за тоа со пријавувањето, можиш да пријавиш, хипотетички ако зборуваме. Знам и пример, еден дечко го туркале 4 пати, пријавил. Толку му се настрвиле, што дури од 6 пат положил (со врска). Сите знаат, ама никој јавно не зборува за тоа дека шефот на испитниот центар одлучува колку кандидати ќе положат. Најчесто од 20 пријавени положуваат 8-10 (кои што претходно ги туркале 3,4 или 5 пати).
     
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Фала за советот, се надевам и јас. :)
     
    На lovely97 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Другарка ја паднаа пошто "згазнала со предни тркала на пешачки" што немало врска, си возеше таа убаво и пред да полага ама ете, мааната. Као видел типот од кола дека газела. :)
    Мене ме паднаа пошто ми се смени жолто светло кога веќе го поминав семафорот. Им кажав дека и во тестовите пишува дека ако ти се смени последен момент е побезбедно да продолжиш отколку да допрам као луда на сред раскрсница. Па после ај не тоа, не сум пазела, семафорот одбројувал. И ајде реков да не се карам џабе е се, а секој ден поминувам тука ми е улицата и тој семафор нема ниту некогаш имал бројчаник. :)
    Значи ако си планиран за паѓање ќе најдат причина да те паднат. Исто и со положувањето, ако имаш врски има да ќутат и браво да ти викаат цела вожња.
     
  6. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    13.306
    Пол:
    Женски
    @Aquamarine93 Девојко во ниеден случај не се откажувај и не се разочарувај!! Не си единствена што те бутнале по неколку пати, јас положив од втора како и многу други. Паднав во 23 минута (од 25) затоа што од спротивна лента налета комбе преку две полни а доаѓаше во мој правец. Подзакочив но не со цела нога на кочница па комисијата ми фати волан а имаше место уште цел шлепер да помине. Не бев крива јас и самите знаеа ама изгледа не сум била пишана во листата на положени. Не се расправав од причини што знам дека памтат имиња и презимиња, на инструкторот му кажаа дека не сум внимавала како сум возела, сум одела многу блиску до колите, ќе сум згазела човек на точак сум возела брзо, сум го загрозувала сообраќајот како и самите нив. Не се чувствувале безбедно, и покрај тоа што возев колку што ми е дозволено без нагли покрети... Јас ги гледав бледо само и ништо не кажав, после нормално му објаснив на инструкторот што и како беше. Така да девојко уште еднаш ти кажувам оди полагај си и во случај да не дај Боже пак паднеш, пријави ги да ти ги прегледаат камерите од друга комисија. Само ако си 100% сигурна! Ако знаеш дека правиш грешки, не се ни обидувај да се жалиш и буниш. За тоа што се дерат, не ги слушај ич не ги перцепирај дека се до тебе. Јас вториот пат дур ги возев од кога седнаа до станување грицкаа сончоглед се подаваа, збореа за стариве што одат на бања дека не им следуваат пари за погребот... Се правев како да не се тука. Ако ти се дере некој од нив речи му културно да не ти повишува тон. Пиши ни што си направила.
     
  7. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    Буквално истата ситуација ја имав третиот пат. И јас се обидував да им објаснам ама бадиела, друга агенда имаа. Кога дојде иструкторот да праша,таа што седеше до мене не го ни слушна што ја праша, веднаш тргна во контра напад, да се дери демек ако сум сакала сум можела да пријавам. Хаха, колку се фер. :D И друго што ме изненади, беше тоа што освен што пишуваа на листовите негативни, секој од нив имаше еден голем канцелариски тефтер и таму пишуваа нешто. Можеби ги инспирирав за есеј. :^)
     
    На nadcence му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.754
    Пол:
    Женски
    За разочарување, се подразочарав малку, тоа мислам неизбежно е. Ама не се откажувам, веќе се пријавив за четврт пат и си возам со мојата кола на периферија од градот, колку да вежбам. Од ова што го пиша, со велосипедот ситацијата, како и девојчето погоре, гледам дека имаат стандардни одговори и причини за што да паднат некого. Имам цел месец за вежбање се до полагање, така да ќе видам што ќе испадни. :)
     
    На Baby-bubu му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Јас кога полагав 3 пати ме имаја паднато ама решена бев дека ќе положам..Сите мои другарки одеа со торбите полни вино,бомбони да ги почастеле да ги поминат јас кога положив едно бомбонче не му дадов а тој таму што седеше ми вика ајде од утре кафе чекаме..20 години го чекаат кафето:*
     
    На muchacha_a и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  10. anaspace

    anaspace Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Здраво, имам неколку прашања. Треба да пријавам полагање тестови и ме интересира колку се плаќа и што поточно треба да однесам заверено од нотар, дали диплома од средно или од факултет? Исто така, ме интересира колку изнесува цената за полагање на полигон и градска? Фала
     
  11. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.403
    Пол:
    Женски
    За цената на тестови ич не ми текнува ама незнам дали беше околу 2000 :^).
    Инаку треба да однесеш сведителство од 8-мо одд. или некое од 1-4 год., значи едно сведителство од кое било од овие години/одд.
    А градска и полигон заедно се уплаќаат и тие беа 4000 и нешто.
    Се надевам нешто помогнав :D
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.992
    Пол:
    Женски
    Ако имаш од факс, може и од факс диплома, ако уште немаш, таа од средно. Не е ни толку битно. Лекарското е побитно да не ти е истечено (18 месеци важи).
    Јас лани ова време негде положив и беше негде по 1500-1600, ако се сеќавам добро, ама сега ќе да се покачени, не знам, нели се збореше демек за некои измени од есента 2016та, па памтам се беа насобрале премногу кандидати, дури месец и кусур чекав термин за градска.

    Него да се пожалам. Децо, ја сам мало прднула.
    После скоро година, пред недела дена се опуштив да седнам зад свој волан. Голем ни е Меганот, а јас на Матиз полагав, али ај. Фино си извозив више од 200км денес, и автопати и свашта пројдов, за еден манга да ми излета на 15ина метра од местото каде се паркирам, па да го избегнам, си ја потфатив десната страна на столб. Не ме ни виде батето, со една рака вози, телефонот во рака, не слуша ни свирка, ни ништо, само крена раце од волан кога виде колку влетал во лента. Па леле извини, па да ми помогнел ли да се тргнам. Абеее...!
    Ќе се смени, пластика е, кај толку, ќе прежалам уште 200 евра... ама оти секое копито има дозвола!?
    Ќе се направам сељанка, со неонски букви ќе залепам на колата: Гледај убаво и давај жмигавец, свињо.
    И да, маживе се курчат на брзина, ама жениве с(м)е дефинитивно марсовци - возам на средна лента по автопат, левата ѝ е слободна, она од десно ме пројде, друга си застана со више од пола кола на улица, фино си излезе до трафика, па ти заобиколувај до миле воље, трета во џип си мења ленти како ќе ѝ текне (а празен автопатот), без трепкач, секако... аииии! :headbang: Стрес ти ствараат стварно ама!
    Не сум јас за ова, ќе излезам некогаш на некој таков на семафори, ќе го шамарам ко Фрчко!
     
    На VivienLeigh, LadyC и blackwave им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    105.296
    Пол:
    Женски
    Јас веќе 8 месеци сум возач , имам пројдено највеќе досега околу 130 км од еден во друг град , на автопат над 100 км на час немам возено. Вака секојден возам низ град , улиците се едносмерни повеќето единствен мал проблем ми се некогаш паркираните коли и од двете страни. Одвај чекам да дојдам во Мк со колава , ајде да видам како ќе поминам 500 км :nod:

    Вчера ноќта 3 часот по полноќ, кога се враќавме дома ме застана полиција за прв пат и ми правеше алкотест :D ама колку ми беше незгодно , како некоја пијаница се осеќав :beer::( а никогаш не пијам повеќе од една чаша. Ми побараа документи , видоа дека се е во ред и ме пуштија :sweat:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    Извини што се мешам али 8 месеци се малце возачко искуство да не речам никакво сеуште си возач почетник треба посериозно да си ја сватиш таа работа со возан нема играчки како за возач почетник 100км на час како што прочитав е малце претерано да не набројувам до кој последици може да дојде ако изгубиш контрола над возилото при таа брзина а и ова со алкохолов, алкохол и волан не одат заедно:shake:

    И уште нешто ако добро сватив возачката ја имаш 8 месеци или?? пошто според новиот закон 2 години по добивањето на возачката дозвола се рачунаш за возач почетник и немаш право да возиш после 23 часот тука нешто не ми штима во твојов муабет ако грешам поправиме:!::hai:
     
    На xxhexx и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    105.296
    Пол:
    Женски

    Се согласувам , 8 месеци не е и некое искуство , во врска со алкохолов не пијам повеќе од една чаша и тоа само низ град возам , и секако ако не се чувствувам добро од пијалокот нема воопшто да седнам зад волан. И јас не би сакала да ми се случи нешто и на мене а и на други. :) А за автопатот , колку би требало да возам ако сум почетник? Првиот пат кога излегов на автопат највеќе 80 возев , другиве ми свиреа позади во смисол што се влечеш толку иако бев на десна лента и можеа да ме поминат :?: и реков сега ајде ќе пробам 100 да возам.
    Јас 8 месеца ја имам возачкава , ама во Грција ја извадив , овде според законот можеш да возиш кога сакаш и на задното стакло мора да имаш знак N , дека си нов возач значи тоа :D
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    5.882
    може некој да ми ги напиши правилата на раскрсници во лична порака ? или овде :)
     
  17. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    Не знаев дека си ја извадила во Грција овдека законот е до 2 години си возач почетник не смееш да возиш после 23 часот и несмееш да управуваш возило со повеќе од 75 коњски сили.А што се однесува за соодветна брзина со која можеш да го управуваш возилото на автопат нема колку пишува на сообраќајниот знак толку барем јас така мислам.Но за твоја безбедност не би ти претпорачал повеќе од 70 доколку на некого му сметаш што бавно возиш постои соодветна лента за претекнување а тоа е крајната лева ти си сеуште почетник и мислам дека не би знаела што да направиш и изреагираш доколку дојде до некоја комликација.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    Што поточно те интересира првенство на минување на раскрница?
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.332
    Допаѓања:
    105.296
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам за советите :)
     
  20. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Возач почетник смее да вози 100 км/ч. на автопат, и смее после 23 часот со придружба.