1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возачка дозвола (и сè е можно). Какви возачи сте вие?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mandarinna88, 15 јуни 2010.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.959
    Пол:
    Женски
    Јас вториот пат возев без ич трема, 30мин ги извозив за на крај да ми кажат дека сум паднала, поради еден дедо кој ми излезе од другата стана од позади кола, не беше ни на пешачки и стиснав кочница но и комисијава стисна, и криво ми е што не поднесов приговор..
    Ама денес страшна трема, ме исповртеа низ секоја можна тесна уличка меѓу згради и цело време ме носат од најлошата страна на Блаже Конески, јас последна имав предност.. чекав чекав чекав и ај ми се исчисти (требаше право да одиме), тргнав и стигнав веќе да влезам во улицата и он ми кочи, кола од главната влегла, ке ме удрела... а немаше кола кога тргнав, ама улетана од главна се појави, раскрсницата значи ја мразам. Плус коли паркирани насекаде низ уличките, застани чекај, тргни со жмигавец, тоа ај се снаоѓам. Плус денес и на кружен тек ми закочи, имаше внатре кола и застанав ја почекав, таман тргнав веќе влезена пола во кружниот ми кочи, лево од мене пред тој влез, не беше влезен таксистот, но брзо возел и требало и него да го чекам..
    Првиот пат ме караа спора сум била, вториот пат ништо.. само за дедото ме бутнаа, третиов ми вика сум брзала... и немам веќе надеж, многу сум разорачана :( А со инструкторката супер си возам...
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.959
    Пол:
    Женски
    Јас пред два месеци околу, што што ти треба?
     
  3. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    9.495
    Со кој возеше ти во Книпром?

    Јас прв пат седнувам да возам и инструкторот ми вика дека како за прв ден многу малку знам. Ј Нели е нормално тоа дека прв пат седнувам зад волан и прв пат се среќавам со кумплуг, кочници итн. Научив брзини како се менуваат, ја вратив во рикверц, направив два круга и толку.

    Тие изгледа сакаат сите кандидати да им дојдат однапред научени и да не се замараат многу.
     
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Нели со инструкторите е многу полесно :lol:

    Не се разочарувај, не си само ти така...Има и многу други како тебе, па положиле.
    Ќе положиш :muscle:
    Биди упорна, па ако треба на крај распрашај се за врски да фатиш. Знам, глупо звучи, ама и сама знаеш како функционираат работите. (waiting)

    Исто и мене привот пат така ми правеа.
    Ми викаа не го чекаше овој, не го чекаше оној, па ме носеа по тесни улици, по гужви, па ми правеа притисок...Пази ваму, пази таму, гледај ваму...Како јас слепа да сум (facepalm)
    Ми кочеше тој напред и кога немаше потреба, па од сите страни ми зборуваа, плус и јас со многу трема и нормално паднав.

    Е втор пат се смирив и подобро беше.
    Кога ме викаа да ми честитаат дека сум положила сакав да ги изгушкам од среќа :rofl:
    Само ми рекоа да бидам повнимателна и поспора.
    Ама еве и ден денес малку сум побрза :| Такви рефлексите ми останаа ^_^

    Среќно на сите. Само смирени бидете и ќе положите.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.959
    Пол:
    Женски
    И јас кога влегов на полигон прв пат, тоа беше прв пат позади волан да сум, буквално ништо поима немав. Првиот час ми зборуваше може пола саат се за колата, па после саат вртевме кругови прва, па малку и втора, тргни застани само околу уличката. Втор час прва, втора и вртење лево и десно во уличките, па и рачна тогаш ми покажа на помалата угорнина. Трет час веќе излеговме во град, но возев накај Марков манастир тој пат и малку Аеродром, тогаш и трета веќе стававме. Па од 5ти час веќе возев во Аеродром, а последни два или три часа вежбавме на полигон вежбите. После уште три дополнителни за полигон земав и положив тоа од прва... Ке напредуваш не се сеќирај, втора ке ти се гледа како којзнае колку да возиш, а после кога ке ставиш и трета, веќе втора нема да ти изгледа толку брзо, а прва како да лазиш :lol: Јас кога почнав си мислев нема никогаш да научам :rofl: Научна фантастика ми беше се...
     
    На Kataklinkers му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    9.495
    Абе со повеќе вежби ќе се научи и не е тешко, ама мене ме нервира тоа што инструкторот уште првиот ден сака однапред се да знаеме и да држиме правец и да знаеме колку да стиснеме кочница.

    Па ако е така сите дома ќе се учиме и нема да плаќаме на автошколи и да возиме 36 часс. И плус трема, неопуштени и да знаеш нешто ќе погрешиш, прв пат вртиш волан, прв пат стискаш кочница немаш осет колку треба, не знаеш како се менуваат брзини итн.
    Најпрво што ми даде беше да ја вратам во рикверц, па после два круга напред во прва.

    Од видеа на јутјуб подобро е објаснето како се тргнува и научив, отколку од него. Стисни ова, стисни она. Не тоа, не оноа.

    И така секој не е за инструктор, ама морав со овој по што е другар на братучед па преку после за полагање полесно.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.176
    Допаѓања:
    27.340
    Најдобра авто школа во Штип?
     
  8. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    9.044
    Пол:
    Женски
    Е колку треба да знаеме за прв пат? Јас со Роза возев, сега мислам е управител, дека не е инструкторка веќе. Ти со кој?
    И јас прв ден учев брзини, вртев кругови околу полигон, прва-втора неколку пати сменив и тоа е. На 3 или 4 час ми ги покажа вежбите на полигон.
    Како и да е, не се учи за тие 36 часа. И секогаш комисијата ќе најде маана. Јас на 3 пат градска положив.
     
    На Animali и mariz им се допаѓа ова.
  9. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.497
    Не треба да се разочаруваш. Јас го возев истот пат и на исто ме бутнаа. Се напнав, нервирав и кажав дека повеќе нема да возам. Откако се смирив, ме фати нервоза како зборат демек незнам да возам и се заинатив дека третиот пат ќе поминам. И тоа и се случи. Ме возеа по полесна релација и бев ептен опуштена. Така да пробај да се опуштиш, полесно ќе поминеш. :)

    П.С не ти се исплати да ги потплатуваш, тоа најдобро е пред да почнеш ( прв пат )
     
    На Animali и mariz им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.959
    Пол:
    Женски
    Со комисијава на Детоил (од септември се сменети они, не се веќе амсм), тешко полесно. Од кога се они е многу потешко за полагање, бар сите така викаат. Ако немаш врска директно во комисија, џабе што инструкторот ти е некој познат.

    Фала ви на поддршката, не се откажувам никако, одам уште утре одма да си уплатам.
     
    На Kataklinkers му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.680
    Допаѓања:
    76.959
    Пол:
    Женски
    Грешка, денес неработен ден е :lol:
    Така да, е сега утре :D
     
    На poppie му/ѝ се допаѓа ова.
  12. maaraa96

    maaraa96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2015
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Како најлесно да ги научам прашањава од тестовиве? :lol::lol::lol:
     
  13. 'japan

    'japan Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Јас полагав сега брзо, 23 мај полагав. Повели.
     
  14. 'japan

    'japan Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Машки
    Нема лесен начин. Мора да седниш да ги научиш. Јас ко учев 2-3 саати го греев столот секој ден се до полагањето и плус сабаљето пред да појдам. После сите 636 ги решавав прашањата без точни одговори. Од 636 само 10 грешни. Упорноста се исплатеше, на полагање со 0 негативни. Нее финтата да ги набубаш, треба со разбирање, оти за тестот ај че набубаш ама после во пракса че ти требаат. Најдобриот возач е тој шо вози по правила и прописи.Седни да го загрееш столот.
     
    На blady, poppie и maaraa96 им се допаѓа ова.
  15. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    1.929
    Прашањата се доста лесни и логички, мене многу ми помогна апликацијата за на телефон секое слободно време си го користев да ги повторам, а така ми беа достапни секаде (тестови за возачка-така мислам беше) :D. Ги положив со нула негативни и за три дена правам година откако имам возачка. :rock:
     
    На poppie и maaraa96 им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Не, туку ако ги паднат повеќе од 5 пати значи дека стварно не се за возачка дозвола :!: :nod:
    Многу убаво ова со плаќањево :^) |( :@
    Ајде потплатила и без да го фати камерата и помагал и положила, туку она и таквите како нејзе што ќе прават кога ќе бидат сами во кола без инструктор или комисија? Аман веќе, преку глава ми е кога гледам кој сè земал возачка дозвола, а не заслужува. Па автомобилот не е играчка бе луѓе, ај за нивниот живот не ми е ни малку гајле сами си ризикуваат со купување на возачките дозволи, но го загрозуваат животот на другите учесници во сообраќајот.

    И кога не положувате градска, не ви се криви тие во комисија, сами сте си криви, затоа паѓање, правите грешки, за вас навидум ситни и небитни грешки, а во сообраќајот некогаш може живот да значат.
    Кога се седнува во кола мора четири очи да отворите што се вика, да бидете максимално сконцентрирани и да немате трема. И да почитувате сообраќајни знаци и правила. И уште да внимавате некоја будала, со купена возачка, да не ви го загорчи животот.
     
    На Dust, Ladybug98, Roksifoksi и 12 други им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Ќе седнеш и ќе учиш. Како ќе возиш ако не знаеш правила и сообраќајни.знаци? Незнам сега како е но јас имав прашања од автошколата за на компјутер и си правев сама тестови. А има и на страната на мвр да си вежбаш. Ама МОРА убаво да си научиш. Визуелизирај, пример прашањата за кружен тек, замисли се во ситуација, прашањата за раскрсница исто.
     
    На cresa-jagoda и maaraa96 им се допаѓа ова.
  18. poppie

    poppie Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    6.497
    Потполно се согласувам. :clap: Треба да има ригорозни мерки за возачки дозволи, а не мито и потплаќања.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    И да дополнам, сум ЗА трајно одземање на возачка дозвола на секој кој вози во алкохолизирана состојба. :!:
     
    На Martka, poppie и Animali им се допаѓа ова.
  20. Илина Дол

    Илина Дол Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2019
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    некој да пише искуство со полагање полигон ?