1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возење велосипед

Дискусија во 'Фитнес' започната од queen88, 21 април 2010.

  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.437
    Допаѓања:
    17.074
    И јас треба да почнам, а има ли ефекти кај стомачните?
     
  2. i-am-who-i-am

    i-am-who-i-am Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    17
    јас често возам ама немам никаков ефект.возам цел сат а не осеќем напор(возам на кеј на прав пат со доволна брзина).така да не верувам дека има некаков ефект од возење велосипед :?:
     
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ако се качваш по угорници ќе има повидлив ефект. А и ако сакаш за потешко намести најголем отпор, па потешко ќе ти вртат педалите :)
     
    На cresa-jagoda и i-am-who-i-am им се допаѓа ова.
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Точакот ми стои во гаража веќе подолг период, чат - пат ќе му фрлам некој срамежлив поглед и на тоа остануваме :D. Многу сакам да го возам, ама ме спречуваат многу работи. Прво добри 3,4 години му се немам качено ич, второ повеќе од 5 минути на него не можам да издржам - немам кондиција, трето немам друштво со кого да возам. Сите се у фазон *абе каков точак, не се потам јас, ене ти автобус* И јас онаква okay. :( Ако најдам некоја жртва одма му се качувам и трк на кеј.

    Деновиве поточно во сабота планирам да одам докај баба ми со него, а што е најтрагично она живее на само 10 минути од кај мене дома, така да.. Урда.

    A, и сакам пони да си земам. Барав на пазар3, ама слабо избор, башка на секој по нешто му фали. А нов од проданица да го зеам не ми се даваат толку пари, кога знам дека нема да го возам, ќе чмае забутан во некој ќош.

    Што се однесува до придобивките од возењето - големи се, тоа познато е да не се повторувам само. Затегнуваш нозе, мускули, согоруваш калории - се потиш. Ставаш на кондиција меѓу другото..
     
  5. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    лелееее пред 5 минути се вратив од возење, не можам да дишам, кондицијата ми е нула, па и во минус иде :D

    Пред 5 години последен пат возев велосипед, тогаш дневно најмалку пола саат одвојував, намалив малку со јадењето и за еден месец симнав над 10 кг, и тоа најмногу околу стомакот. Така да дефинитивно има големи придобивки од возење велосипед :)
     
  6. a.nuska

    a.nuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    65
    а колку време возиш во денот и од прилика со јадеше тој месец и мене ми треба 10 килца за еден месец да слезам :(
     
  7. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Најмалку пола саат возев и тоа повеќе по угорница, понекогаш се заборавав и возев околу 2 саати, ама кога ќе имаш кондиција возењето нема да биде некаков проблем. А за јадењето го исфрлив лебот и благото, другото се јадев а и не јадев после 20 часот :)
     
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Нема ништо што ме опушта повеќе од возење точак. Вчера возев и искрено премногу е гужва не кеј особено ова време 8-9 часот. Едноставно едвај се разминуваш. Ептен ми се вози, не ми е ич напорно ама на кеј некако што знам... Ме фаќа нервоза секоја секунда да пазам дали некој ќе ми пресече пат или да чекам 5 минути за да се убацам у другата лента... Инаку вчера се изморив како куче и спиев вечерта како бебе :D И за чудо не ме боли ниеден мускул, а возев и по угорница, што значи држам некоја кондиција. Само кај да се вози е прашањето... :worried:
     
  9. Wooden

    Wooden Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2012
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    38
    Еве баш сега тргам да возам. Времево ми е преубаво во моментов, мх мх со колку мерак ќе возам!
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Добра идеја е слабеењево со возење велосипед.До предходната недела возев велосипед секоја вечер по 2-3 саати,али никакви резултати не покажа :rofl: Во секој случај,добро е за рекреација :rofl:
     
  11. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    Јас минатото лето така рекреативно почнав да си возам велосипед со другарки. И прво по малку возевме повеќе си застанувавме и се одмаравме, ама потоа и без да приметиме почнавме да возиме по 3 часа. Е од тоа возење за еден месец ослабнав 8 кила. А право да ви кажам не ни приметив дека сум ослабнала. Сите почнаа да ми викаат дека сум изгледала многу поубаво и прашуваа каква диета држам. :lol: Ах колку бев горда и самоуверена тој период. 8)
     
  12. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    моето најсакано точаче :lol: омилено ми е си го возам на секаде, од март до ноември! :up:
    не се некои дестинации по долги од 10 минути, ама пак десет-десет кој ти ги дава. сега почнав кај една другарка што идев со бус сега идам со точак до кај нејзе и назад се на се се собира 1 саат само многу се нервирам нема патеки навака накај мене и неможе пример во делови од денот коа има сообраќај по улица ли да вртам.. ама сепак едно најголемо ДА од мене за точакот
     
  13. enaveko

    enaveko Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    12
    i jas sum na tocak celo vreme, po 2 saati intenzivno vozenje, ama i preku den pominuvam dobra kilometraza...e sega kaj mene ima 2 problema...
    1. imam bolki vo koleno, koi gi ignoriram ( ali sepak boli, i stalno sum so stegachi na noga...)
    2. imam dosta muskulesti noze ( gorniot del) koj sakam da go namalam, a ne da go zacvrstam...
    reshenie???
    [mod-kirilica:381exeoj][/mod-kirilica:381exeoj]
     
  14. debela123

    debela123 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Devojki mi treba malce vasta pomos :) od vcera pocnav da vozam velospid po 2 saati ne jadam leb ,blago se hranam so zdrava hrana sea za sea :) me interesira samo dali so vozenje na velosiped ke si napravam muskuli ili ke oslabnam jas sakam da oslabnam osven toa pravam vezbi na cardio wordout 30 min ,skokam na jaze i pravam stomacni znaci da ne kompliciram tolku 2 dena go vozam velosipedot i deneska koga se kaciv na vagata vidov 1 kilogram poveke znam deka e muskulnata masa pokacena dali da prodozlam da vozam velosipd za da gi oslabam butovit ili da prekinam !!
    FALA ODNAPRED :)
    [mod-kirilica:i85onybn][/mod-kirilica:i85onybn]
     
  15. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    ^^ Продолжи да возиш... Зошто јас имав многу позитивни резултати од возење велосипед :). А имав ист начин на исхрана како тебе, го исфрлив лебот и благото и не јадев после 8 часот, ама возев и саат време велосипед, секој ден....
     
  16. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Ахх моетото точаче најбољи пријатељ , само што ми се дупна гумата, инаку секој ден сум со него ислезена
     
  17. Girl.002

    Girl.002 Активен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Обожавам да возам велосипет, тоа никогаш не ми се здосадува.. + тоа корисно е ги зацврстува мускулите на нозете :)
    -често се возиме групно со другарки :)
     
  18. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Сабајлево станав околу 6 ипол за да возам
    ама времето ужас дува ветер заникаде..па па си ја легнав :)

    Утре здравје ако е убаво ќе ги извозам тие вообичаени 22 км.
    Тука во Германија најубаво е насабајле да се возиш..стари баби и дедовци се возат ги гледаш насмеани
    кога се разминуваме обавезно си кажуваме Guten Morgen :D
    Еднаш додека еден дедо се шеташе сам јас бавно возев и почна нешто да ми збори..абе дедо што ми збориш кога не разбирам ..му зборам на англиски абе ЈОК тој пак си продолжува :D
    И му викам ЧУСС и тој ми вади од џебот едно бонбонче и ми дава ..ахх ми се исполни душава :inlove:
    Си викам уште постојат добри луѓе на планетава тоа е добро :)
    И така ја задоволно и исполнето продолжив да си возам мислејќи си на дедото :D
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  19. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Порано возев редовно... сега обврските не ми дозволувааат толку но сепак кога ке најдам малку слободно временце го вадам велосипедот и го стартам.Возам најчесто по саат време,некогаш со друштво,некогаш ги ставам слушалките на уши,пустам добра музика и кулирам... :)
     
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Јас велосипет многу не возам повеке ролери но и велосипедот е добат за возење....Е сега ако имаш кондиција можеш и по повеке да возеш но ако немаш тешко по повеке време...