Јас со велосипед немам пробано ама ќе пробам иначе јас и некои другарки трчавме и не ослабевме многу, но тоа е затоа што не внимавав на храната, но сега ќе пробам и со велосипед! и ти препорачувам повеќе вода да пиеш бидејќи во денот се бара најмалку 2 литри вода да испиеш...
Јас си возам точаче секој ден по минимум 40 минути. Дечко ми оди на работа со точак, па јас после одам со мојот точак, го пречекувам и заедно се враќаме. Сега од септември кога ке почнам на работа, ќе си одам со точак обавезно. Делува при слабеење, нормално (затоа и постојат фитнес велосипеди), но супер е и за раздвижување, а и за заштеда на пари. Како што тргнало со поскапувањето на горивата, сите ќе се преориентираат на возење точак
Од точак се зацврстуваат најмногу нозете. Уште од 4 години возам, а од 10 почнав да кажам ненормално возење по огромни угорници и сега листовите на нозете ми се испакнати, задникот ми беше многу цврст. Е пред 1 год го баталив оти се исплашив да не ги развијам повеќе мускулите. Од тогаш почнав да добивам огромни болки во колената и едноставно ми се намалија сите мускули освен листовите. Докторката ми препорача да си седнам повторно на велосипедт и да си го помачам га*от малку. Едвај чекам пак да си седнам на моето сакано точаче што ми беше забрането од татко ми пошто си идев дома искршена. Топло ви препорачувам велосипед ако сакате да си ги зацврстите комплетно нозете, задникот и да ви исчезнат стриите.
Едвај чекам да запролети временцево, па да си го извадам точакот од гаража Мојот е со тенки гуми и има три брзини што не се менуваат на рачките, туку на шипката под седиштето. Кога е убаво времето секаде одам со него, многу ми е лесен и убав за возење. А за време на вакви дождливи и ладни периоди, го користам статичниот. Нормално, ефектот е многу подобар на него, затоа што дневната километража ја поминувам со постојано вртење и напор. А вака на обичен точак ќе те дувка ветре, ќе дојдеш и до некои удолници, или на крај краева ќе ги одмориш нозете додека точакот само си оди. Е на статичниов богами ќе сe запотиш и тоа како...
Од пролет до есен (а, на зима ако е потопло) обавезно си возам. Обожавам да возам во природа, можеби нема физички некој огромен ефект (освен убави листови на нозете), ама и психички многу ме одмора. И со пријатели кога сме, ни е многу забавно.
Ми недостига возењето со велосипед овие 3/4 години слабо возам дури и воопшто не возам немам време затоа
Штом ќе видам сонце надвор добивам желба да возам велосипед, а го имам запоставено 2-3 години. Порано сама си се возев на патеката покрај Вардар и имав нозе во супер форма. Многу ме релаксираше возењето и убаво се чувствував после тоа. Нема да биде лошо да си ја вратам таа активност на редовниот распоред.
Го обожавам возењето велосипед,особено во друштво на некој добар пријател.Лани ова лето бев многу активна во возење бидејќи имав време.Не ослабев но ги затегнам мускулите на нозете.За 2 месеци се видиливи резултатите
Многу сакам да возам точак ама кога ќе ми текне дека треба од стан секој ден да го симнувам и качувам некако и не ми се вози баш ...Ама ако летово секој ден ќе возам па рацеве нека ми паднат од тежина ако треба
јас обожавам да возам велосипед. Цел живот возам, дури и не знам да кажам на која возраст сум научила...тоа е, буквално цел живот возам! Дури и мојот прв подарок за мојот прв роденден е велосипед. Многу ме релаксира и ми ги оттрга негативните мисли и негативната енергија од мене! јас велосипедот и природа.....е тоа се убавини! Сега за сега уште немам почнато да возам ама едвај чекам. Некако не можам да си најдам слободно време. Првото слободно време велосипедот и да ме нема Е сега за слабеење или за мускули па и не знам баш, ама дека се троши енергија се троши, а за мускули освен добро развиени листови па и нема некој поголем ефект. Во секој случај е многу здраво и корисно барем за мене.
Велосипедот ми е повеќе превозно средство отколку вежбање, но штом се стопли времето речиси секој ден сум на него. Со него одам на факс, на кафе, обврски ако имам некои избегавам да одам со автобус, и онака е 3 милиона степена во автобусиве. Додуша новиве се климатизирани, ама јас пак пре би со точакот мој Минатото лето имав период од месец ипол кога одев на промоции 2 пати дневно, и секој ден возев релација Кисела Вода - Тафталиџе - Аеродром - Тафталиџе - Кисела Вода. Се чувствував полна со енергија иако бев искочена од дома од 9 сабајле до 11 вечер. Ама затоа спиев како бебе Сега колку сум улежана, не ми се симнува до пред зграда до продавница да одам Едвај чекам да се среди малце времето и да си го фатам пак редот со точакот...
Мхмм точок т.е. велосипед имам, го возев пред 3 години кога ми го купија и толку 2 години ама ни 1 пат се немам качено на него , е сега веќе се стоплува времето па планирам да го извадам од гаража и со него да си одам на школо кент вуејт таман ми е 10 минути дома-школо, ќе си поспијам поеќе ,е сега школо-дома е малце потешка релација , мала угорнина(можеби некои 10%) е но долга е 1,5км , но барем ќе си одржувам линија
Иде пролет/лето,....каде и да е нека се стабилизира и уште малку да се затопли. И секој ден со точакот кастм.
обожавамм да возам велосипед,лани си купив нов......и истиот ден ми го украдоа од двор и сега немам, можеби годинава ќе купам нов
Едноставно нема ден да не го возам велосипедот.Знам дека помага за затегнување на листовите а,веќе има резултати Дневно еднаш или два пати возам.Бидејќи што туку започнав да го возам велосипедот сега за сега возам околу 1 час ако не и повеќе.Но,сепак напреднувам
Велосипед возам 9 години без престан, пролет лето есен јас цело време возам. Сега моментално ми е распиан и дури од Среда пак ќе можам да возам, со душа чекам Прво возам по 1 час и пополека накачувам. Сега возам по 4 часа. Од 18 па се до кај 22 но со одмори секако. Знам понекогаш и даостанам до 12 но само со друштво. Одлично е да возиш велосипед. Ем се релаксираш ем ослабнуваш и мускулите ги затегнуваш. Јас предминатото лето ослабнав многу а велосипедот. Ама возев секоја ден. Но сега поради тоа што е на попраква не можам да возам секоја ден. Ајде од Среда ќе надокнадам.
Дали знае некој да ми каже каде се изнајмуваат точаци во Т.Ц.Бисер. Мислам на оние што ги има и на плоштад, 10 денари 1 час. Е сега знам дека има и во Бисер во Аеродром ама јас немам видено. Или сум ќора (чорава ) или ги имаат збутано некаде.
Позади трговскиот скроз и пазарчето, на паркингот каде што е куќичката за наплата, нема шанси да ги промашиш, изнаредени се точачињата.
Доколку некој има познавање од точаци може ли да ми каже дали точациве се добри: И ако сте си купиле точак во последно време од кај сте го купиле, која марка е, дали сте задоволни?