И јас исто,бидејќи новиот ми го украдоа, си го најдов страриот ( пони е ) и по цел ден го возам од 18 00 до 23 00 понекогаш, листовите ми се камен
Moжеби е малце надвор од темава, ама мене ме интересира колку пари е отприлика гума за точак? Имам еден дома, ептен ме бендиса - ама со дупната гума. Да не земам нов, сакам само гумата да ја сменам и ме интересираше колку би ме коштало?
^ Нова гума ти е 150-200 денари на пазарчево во Ѓорче Јас имам ваков точак, го купив лани и добар е издржлив е со оглед на тоа што цело Скопје го вртам со него, по кеј, по сите дупки што ги имаме. А, инаку го возам постојано и задоволна сум за издржливоста
Женски , дали знаете дали во зима се продаваат велосипеди? Прашав една другарка и ми кажа дека нема голем избор во зима на велосипеди Прашувам бидејќи ке доаѓам во мк повторно во зима Сакам да си купам некој женски точак за мене до кај 12.000 па и не би било лошо да ми предожите нешто за оваа цена
Каде би можело да има наочари за велоспедисти, и како се движи цената отприлика? Нешто вака, за да не идат мушички у очи кога возиме на кеј.
Има во повеќе продавници, ако сакаш ќе ти пишам во ЛП, а цената е над 1000 ден...освен ако најдеш нешто на старо
Девојки, ајде малце да ја живнеме темава.. Дојде убаво време, а со тоа и време да се вози точак Вчера јас така убаво си го возев точакот, малце понадвор од градот бидејки едино таму може да се вози послободно, нема гужва во сообраќајот, па ко ми се пушти едно куче да ме брка , не можам да ви опишам колку многу се исплашив...кучето беше пребрзо, а мојот точак побавен , бидејќи го имам наместено повеќе да вртам со педалите и така тој тогаш е побавен, па ако не се развикав на цел глас, сигурна сум дека кучето лом ке ме направеше. Сте имале ли вие некое вакво слично искуство ???
еве и јас официјално од денес почнав со возење велосипед возам секој ден ама не го сфатив тоа сериозно од утре ќе комбинирам со јаже и некои чучњеви,некои такви вежби да се надеваме дека ке има резултати
Возам велосипед доста често, си наоѓам друштво, секогаш различни ама битно ме дружат. Повеќе сум по пешачење, па кога и да се возам знам да земам да изодам едни добри 20-30 минути и потоа пак со велосипедот. Еднаш така се зезнав, одев до едно село малку подалеку од мојов град и ми пукна гумата. Пешки се враќав 2 часа... Инаку нормата за возење ми е до 40 минути, после ептен се уморувам и немам волја за враќање назад.
Велосипед, уживање, спорт, рекреација и основно превозно средство од Март до Ноември. Во последно време возам по кеј, наутро е свежо и тивко, навечер е магично и раздвижено. Нормата ми е 24км на ден, по 12 во правец, ќефови.
Дали користите велосипед, колку и колку ви украле, јас да, досега 2 пати ми го џапнаа и сум во план за нов. Ако некој продава нека ме исконтактира, моунтбике, голем може и половен но сочуван.
И ја возам велосипед, не ми го украле пошто го чувам в подрум.А знам има едни како ракавици со лозинки да го заврзеш некаде и не може да ти го земат
Женскииии.... сакам да отворам сезона на возење точак, ама треба да сменам гуми прво нели каде има некој сервис за велосипеди во Кисела Вода, некој локален?
ако има некој кој активно вози велосипед, го молам да ми пише лп, ми треба мала консултација околу купување на нов велосипед.