Девојки, од каде да си купам поевтин велосипед? Порано многу возев и во план ми е пак да се активирам.
Зависи колку е тоа поефтин. Поефтини ти се само оние велосипеди кои не се некоја позната марка и се со послаб квалитет. Баш во Вучко кај Универална ги забележав цените на велосипедите, имаше од 8000 па нагоре. Инаку другар мој си купил многу убав велосипед на старо од некој склад од Ченто, ги носеле некаде ос странство и имало баш нови и сочувани по цена многу пониска од нов да го земеш.
@baba Rada Стариот ми е расипан веќе со години го имам, околу 15000 ми го имаше купено татко ми. Па до кај 12 000 да биде, иако и тоа ми е многу моментално затоа што имам други трошоци, а потребен ми е велосипед. Ќе разгледам деновиве... Ви благодарам.
Поевтини велосипеди (негде 50/60 евра почетна цена) имаш во Ченто на почетокот и можеш да си направиш солиден избор
http://www.agrotehna.com.mk Максов и не е толку лош,другарче имаше и беше задоволен. Ако ти треба помош околу избор прашај.
Јас возам скоро секој ден до работа, ама блиску ми е, нема ни 2 км. Можеби има мало влијание на затегнување, а за слабеење малку се 3 и пол км дневно. Ама уживанција ми е. Особено кога ќе се дотерам, на штикла и на велосипед, ептен ми е мерак.
Јас сакам да возам велосипед, ама по велосипедски патеки. За жал во мојот град ги нема и кога возам велосипед најчесто по улицата возам.
Сакам да возам точак ( велосипед), ама ме интересира дали во Скопје може да се најде на одредено време, пример саат? Знам дека имаше едно време такво нешто, се плаќаше за пола саат/саат, дали и сега има места што даваат на одредено време? Фала за секоја информација.
Во врска со субвенцииве од град Скопје, дали има некоја минимална цена за велосипедот за да се исполнат условите за субвенцијата?
Здравооо. При купување велосипед, на што треба да се внимава? И ме интересира дали со нозете треба да стои на земјата или само со прстите да ја допира? Како се наоѓа идеален велосипед?
Кога ќе отидеш у продавница каде што работат искусни луѓе,ќе им ја кажеш твојата висина и они ќе ти кажат која големина на велосипед ти одговара
2 пати во неделата а некогаш и 3 возам велосипед по 10 км Си купив и поради условите морам да возам. Е сега можам да кажам дека нозете малку ми се затегнати напред . Сакам да знам кои мускули што се оформува при возење велосипед?
Секој мускул е активен при возење велосипед. Највеќе се оформуваат мускулите на нозете. Еве една слика да не биде продавам магла....
https://netpress.com.mk/prekinat-proektot-iznajmi-velosiped/ http://www.oxygen.com.mk/index.php?...hronoform=iznajmuvanje-velosiped&event=submit
Премногу сакам да возам точак место да сум по автобуси .. кога несакаш со кола се качуваш на точак , а ако те фати мрза си идеш со автобус и уживаш