И јас возам велосипед секогаш.. Понекогаш и на работа одам со него.. А за викенд го возам највеќе.. Супер ми е!!
Ајде форумџики предложете добар велосипед за низ град возење, женски до кај 15.000 ден. Разгледував неколку по нетов ама не се разбирам воопшто. Еве линкови со примери кои ми паднаа во очи: http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=59_100&product_id=861 http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=65&product_id=986 http://capriolo.com.mk/index.php/ve...d-capriolo-amsterdam-lady-28-ht-bez-18-detail Слободно дајте и ваши предлози.
Позади универзална има продавница за точаци цените се ок и квалитетни макс точаците да не ги купувате мн лоши коментари слушам за нив
И јас барам исто. Има еден Макс во Рамстор, околу 9800 испаѓа со картичката ама мене ми е многу голем некако, плус за Макс не слушам добри мислења. На велосипед.мк имаат исто убави, шарени околу 12-13000 но не знам какви се точно затоа што уште не сум ги видела во живо. Дали можеби ти некаде најде во меѓувреме?
Најдов на старо од друг град и го земав за 120 евра. Гледав насекаде и по сите страни на ново, ама не можев да си приуштам 500 евра да давам и плус немаше алуминиумски како што сакав. Пред сѐ сакав алуминиумски поради тежината, но џабе што е полесен кога самата корпа го прави потежок. Така да исто ти се фаќа... Иначе точно знам за кои ми збориш од велосипеди.мк и да ти кажам дека се супер и баш наменети за девојки бидејќи имам доста видено како ги возат низ Скопје. Но сепак најубаво е во живо да процениш.
Не знам точно, но зборуваат дека не биле направени од квалитетни материјали и дека не издржувале долго. Не сум имала досега Макс, така што не можам ниту да ги одречам ниту да ги потврдам овие мислења.
Аууу баш се изненадив за Макс. Само позитивни искуства имав слушнато до сега. Во Агротехна има голем избор на макс велосипеди, а Агротехна важи за добра фирма. Пред 15год. земав точак од таму уште го возам. Баш ме зачуди ова шо го пишавте, оти ги меркав периодов Максот..
Ако може помош, вие женските со колкава димензија рам и колку инчи тркала користите велосипед? Не се разбирам баш во ова колкав треба да биде