Побрзо ќе купам точак од Алиекспрес(побрзо ќе стигне) отколку да чекам субвенција од влада. Мала шала. Иначе иам точак, купен од пред 10 години, брзински, неам пари да купам нов, но морам да си купувам додатна опрема. Иначе како почетник, почнав да возам по 12км на ден, со паузи. Топ ми е, само вака насабајле секоја коска и мускул ме боли Си се напив и парацетамолче ама хмм
Еее како не, имам viper по секакви патишта го возам секој ден 30тина км и топ ми е Имам другарка купи од тоа од рекорд што е 30тина илјади точак па не се покажа толку добар.
Јас кога купував ми рекоа viper се подобри од max, после други ми каажаа max е подобро од viper. Како и да е, за тие пари нема нешто многу избор. Само овие кинескиве
Феминки дали некој поднесе за субвенции оваа година? Ви имаат пишано маил освен оној автоматско за потврда што доаѓа?
Сакам да купам велосипед додека се ефтини. Буџетот ми е до 13.000 денари. Прво бев загреан за Маx ама во велориз и велосипед мк не ми го препорачуваат. Туку ми го препорачуваат Trinx како добар точак за секојдневни употреби . Што мислите некој искуство со Trinx велосипедите? Овој сум загреан да го земамж https://velosiped.mk/produkt/trinx-striker-k036-26-2/
Каде има најевтини точаци во Скопје? Небитно марка, не сум при пари, продавница некоја, макар и на старо да е, ми треба за повремено рекреативно возење.
Имаш на фб страници за користени велосипеди, увезени од странство итн итн. На Партизанска некаде спроти Лептокарија има продавница за половни велосипеди. Во вторник и петок на бувљак има ефтини....
Се отвори сезона, доволно е и тоа што во тек на денот како обврски ке ги завршам, не сум испод 40км, побрзо се стига до било каде низ градов, нема трошоци за паркинг... Само сепак треба да биде и подобар велосипед што на пример 400е половен да се земе се вади за 2месеци разлика со останат превоз и се останато...
Може ли препорака за каков велосипед да се одбере за покрупна жена? Како да знае дали да порача со 26" или 28", и дали е битна килажата на особата ? Ајде девојки помагајте да одбереме нешто за рекреација на постара женичка која и треба за да ослабе!