Не верувам дека ке најдеш ролерки за 1500, освен оние пластичните Јас имам ептен убави ролерки, околу 6000 ги зедов со се заштитници
Добро, а тогаш некој до 2000 ден. ако има негде на попуст да земам пошто сварно не стојам добро со парите во моментов па затоа?
Види во Орка. Јас си ги зедов 3 500, Спојлер ама уште пред две три години а мислам дека имаше и од 2000, 2500 ама тогаш. Сепак појди и види
ејј мн сака да воза ролерки , ама за жал сеуште се намам научено -.- иначе за цената да ви кажам една другарка си купи мн убави и не се пластични за 1600 .
Имате во Џамбо ролери,баш пред некој ден видов.Цената е околу 1500ден. Инаку омилено нешто ми е возење ролери
Да, па и јас ги видов и сакам да си купам ама мене ми е до квалитетот не за друго.Барем да ги носев две до три години.
Обожавам да возам ролери омилено нешто ми е може да се речи и хоби во лето, ама неодамна ги скршив и ќе умрев зашто не сакаат да ми купат нови ама ќе се снајдам јас за ова лето морам да си купам нови..
Леле, и јас обожавам да возам ролери. Преку лето велосипед и ролери ми се најголемата преокупација. Но, ми се скршија две тркалца, и се немам време да купам нови и да ги поправам....
Па мене ми изгледаа квалитетни.Ако имаш повеќе пари тогаш купи си некои докај 3.000 и нема утка.Не повеќе од 3.000 затоа што мислам дека тоа е премногу за ролери.
Јас многу сакам да возам ролери.Немам купено,а како помала една другарка ме учеше и така да знам малку.
A тие шо се во џамбо да не знаете кој број се? не се снајдов да дознаам, а и плус не видов механизам за поместување на бројот... мене ми се чини дека се барем 37-8..
Јас возам ролери од 4 години ! Со читањето и ролерите...од многу мала почнав и мило ми е за тоа еве возам 13 години и едвај чекам времето да е убаво да излезам....не пропуштам можност ! Ама задник !! И пол 4ти ролерки ми се ги купив пред две години и да сум здраваи жива не се откажувам
Се согласувам.Ролерите ти овозможуваат со малку пот да ти се затегнат задните мускули а исто така и претставува забава
Јас не мислам дека се баш квалитетни оние од 1 500. Околу 2 000 и нешто е друга приказна. Мене ми ги донесоа од Данска и стварно се квалитетни, сигурно се и поскапи, веќе 6 години има како ги возам - немаат трепнато. Пластиката е некако многу квалитетна и на толку трескање ми се нема скршено, само изгребани се малце. Пред да ми ги донесат овие си ропав по улица со оние со пластични тркалца. Сите комшии ги нервирав. Утре се надевам ќе биде убаво времето да возам, за матурската да се раскарам со целулитот.