јас сакам да си купам ролери пролетва.. ама за жал по слаба сум и нзм дали ке можам да управувам со нив? вие што мислите? дали има врска тоа ?
Обожавам да возам ролери.Не сум возела 1 година,бидејќи ми се расипани и овие денови планирам да си купам нови и едвај чекам да ги облечам и да се возам со нив.Многу ги сакам.
Кои делови од телото може да се обликуваат или зацврснат со возењето ролери и кои се придобивките од тоа?
Месецов возам ролери два пати неделно, по два часа Интересно ми е а плус имам придобивки за зацврстување на телото.
Pодолго време сакам да си купам убави и квалиетни ролерки ама откако нема веќе Salomon искрено не знам каде да барам ( во скопје ) . Eдинствено можеби во спорт M ама не сум сигурна дека има таму. предлог некој од вас девојки ?
Има ролерки во спорт М,инаку јас скоро си купив ролерки сеуште се учам да ги возам и многу ми е забавно.
И јас да се впишам во темава. Обожавам ролерки, на 12 годишна возраст значи тоа беше 2002 година си купив многу убави ролерки со силиконски трлачца за 1800 денари во една продавница во ГТЦ , сега на тоа место е отворена КАм маркетот. Мислев дека нема да издржат толку што ги земв евтино но да не ги подречам веќе 10 гпдини како ги имам и не м е ништо само од кочење ми се изеде цела кочница знаете на едната ролерка од позади што е , па би сакала да ве прашам дали знаете дали можеби некаде се продаваат делови за ролерки еве трлачца или кочници...
Јојјј ролерки па вака ги имам веќе 3 години ролерите розеви се со бело и ништо не им е досега супер се само кочницата и мене ми се истроши па дали знаете каде да си купам нова дали од каде што ги земав или .. ?
Кога се купуваат ролерки колку броја треба да се поголеми од нашиот? Дали 1 или 2 броја поголеми? Инаку многу сакам да возам, само што ми требаат нови старите ми беа подарени (затоа не се разбирам околу ова), па сакам прво да прашам со броевите како иде. Сигурно ќе ми кажат пред да ги купам во продавница, но не сум сигурна каде ќе купам, па поубаво ми е од сега да знам како треба.
Моите се 1 број поголеми и супер ми се. Така ме советуваа во саломот кога ги купував. Платени се околу 6000 денари, ама си вредат за сите пари. Ова им е 6 година како ги возам и ок си се. Само ми се чини дека е многу важно редовно да се менува распоредот на тркалцата, затоа што сите тркалца не се трошат исто. Јас тоа го правам еднаш на почетокот на сезоната. Моите си имаат цело упатство, клуч за оштрафување и дадена е шема кое тргалце од кое на кое место оди. Инаку обожавам да ролам, некогаш и сама не ми е проблем, ако немам друштво. Но ролам исклучиво на патека, по улици да одам ми е многу страв.
Нема потреба од страв сите сме паднале барем по еднаш , ништо страшно.. ако така размислуваш можиш да си ја привлечиш негативната енергија и да ти се случи тоа што не сакаш само пушти се нека те водат ролерите ако така може да се каже ех колку пати ќе налеташ на камчиња па што мораш еднаш да почниш јас се научив со пластични па после оригинални си купив сите сме учеле така
Мене минатата година ми купија ролери Е сега шо се случи кога се научив да возам така без страв Си реков ај ќе одам до продавница да си купам сладолед...и дека така како мала удолница е патчето и ко се забрзаа ролерите*јас демек пазам држам под контрола*ко се бапнав во едно комбе шо беше паркирано...како ластовичка бев си летав на земја де... Сега полека полека си се качувам и по скали со ролерите и слегувам,ама сеуште не возам многу брзо-ама има време ќе се научам да летнам како птица пуштена од кафез..хах
Одамна не сум возела ролери. Оттогаш имаат поминато повеќе од 13 години. Кај татко ми имам ролери со силиконски тркалца. Се мислам пак да почнам да ги возам.
Уффф возењето ролериии ми е нешто најубавото Обожавам ролери, значи премногууу сакам ролери, коа ми е досадно, викам друштво и се возиме )