1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возење ролери

Дискусија во 'Фитнес' започната од fejsbuk, 19 јули 2010.

  1. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Здраво!Јас сум Димитар од Скопје!Се зачленив на форумов откако ја видов темава за ролерки.Се надевам дека ќе наидам на добро и пријатно друштво тука.

    Да не должам многу!Имам во план да земам ролерки,но незнам од каде да земам.Морам да напоменам дека сум почетник или поточно предпочетник бидејќи досега не сум возел никогаш.
    Ја читав темата од почетокот и гледам дека некои даваа совети за Саломон.Немаше ни да се мислам од каде да земам,но за жал веќе се затворени Саломон,па мора некоја друга алтернатива.
    Гледав едни bladeruner веќе во екс Мега спорт до Ирски паб и во уште една друга мала продавничка во Скопје.Што мислите за нив како бренд,дали се добри,дали вози некој такви итн.
    ИСто така налетав на интернет дека постојат повеќе ролери како фитнес,агресив итн.Во која група спаѓаат овие Bladeruner agresiv,фитнес или некоја друга.Да напоменам дека планирам да ги возам постојано т.е барем 2-3 пати неделно.

    Мислам дека се овие тие што ги гледав
    http://static.kupindoslike.com/Roleri-B ... 562493.jpg[​IMG]

    Дали се овие оригинал или не.Бидејќи на сајтот http://www.rollerblade.com/products/?cat=bladerunner
    ги нема.Исто така ме интересира која е разликата помеѓу овие rollerblade и bladerunner.Како што гледам иста фирма ги произведува.

    На крај се разбира најбитното.Совет од каде да земам ролерки и какви.
    http://static.kupindoslike.com/Roleri-Bladerunner-broj-43_slika_XL_9562493.jpg
     
  2. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    редовно возам ролери , купени ми се од Словенија 120 евра , им нема рамни .. :)
    премногу си ги сакам , многу многу удобни за возење и некако убаво лежи ногата .. :)
    скоро секој втор ден сум на кеј со нив :)
     
  3. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Јас не сум возела ролери сигурно скоро 10тина години :tmi: А имам мерак да почнам пак, баш братучетка ми ми ги донира нејзините и се спремам кај и да е да се пробам. Не би требало да имам заборавено, а? :?:
     
  4. gricko-999

    gricko-999 Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    1
    Вака да ве прашам нештоо..Знам да возам ролери и сеа ќе си купувам али само едно ме предомислува.Дали може да се искриват нозете.Е сеа ја не би возела секој ден туку два пати во неделата.Дали со вочку возење може да ми се искриват.Ја стварно сакам многуу да возам али ова... :!: |( :sweat: :o
     
  5. Butterfly-Girl

    Butterfly-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Јас возев летото,ама не беше баш возење, не знаев да се качам на тротоар, не знаев да поминам низ некоја дупка или бурумче, и не возев бааш бавно ама не ни брзо. Сега ја чекам да дојде другарка ми, треба да се возиме, ама и она незнае баш затоа неа ја викнав, додека не се научам убаво нема да се возам со другите. Можно ли е да сум го заборавила и тоа од летото? :?:
     
  6. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.478
    И секој ден да возиш не може да ти се искриват. Ролерите се еден вид на рекреативен спорт од кој може да имаш само корист, т.е. зацврснување на мускулите, стекнување кондиција.... :)
     
  7. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Не си заборавила. :) Јас се немав возено 4 години и минатото лето се качив на нив. Првите 5мин се осеќав чудно, ко да сум забораила, мислев дека многу брзо летам ама после тоа си се вратив во нормала. Не се заборава толку лесно тоа :D
    А тоа што треба да доучиш е друга работа. Пробувај и ќе успееш :)
     
  8. Chocolate-me

    Chocolate-me Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Еве исто и јас .. немав возено ролери околу 4 години.Минатото лето/есен си купив нови и на првото возење ми беше некако чудно,ама се навикнав брзо.Претходно сум возела по удолници, угорници, сегдее а сега не се осмелувам баш.На една голема удолница пробав еднаш и успеав 8),ама сепак страв ми е уште да тргнам да се возам на попрометен пат. :D Летово сум во план да успеам во замислата :$ :lol:.
     
  9. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.785
    Допаѓања:
    17.746
    Си возам ролерки стандард секое лето.. Саломон - со силиконски тркалца имам мислам дека 3та година ќе им биде ова немаат гајле.
    Арно ја видов темава, да ги довлечкам до Скопје во ранец ќе треба, таман по кеј, разонода после учење :)
     
  10. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    59.333
    Да би требало да бирам помеѓу фитнес сала и ролери, дефинитивно ролери!
     
  11. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    1.478
    Девојки, каде има избор на ролерки? Јас видов само во една продавница на први спрат во гтц, а во другите продавници за спортска опрема таму немаше ролери. Каде би можела на друго место да барам?
     
  12. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    426
    Ролерки К2 имаш во поранешен словенија спорт во ГТЦ на приземје, зад ирскиот паб. Скапички беа околу 100 евра мислам.
     
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена летна активност. Возам два-три пати неделно. Кога сум сама побрзо возам, а со друштво ќе се зазбориме и споро оди работата. :D
    Би можела да извозам и 10км, ама многу ми е топло, а навечер не ми се вози дека не е доволно осветлена стазата. Ќе паѓам на секој чекор.. :lol:
     
  14. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Има и во проспорт СОРАВИЈА.Поевтини се таму доста.Лани ги гледав,ама која цена точно беа ќе треба да одам пак да видам.Како и да е минатата година паднав незгодно од велосипед и цел месец бев аут,но оваа сезона не се откажувам.

    Така да,доколку видел некој/а на друго место освен овие ќе замолам да пише тука
    Oсобено ме интересираат фила или roces
     
  15. B-O-N-I

    B-O-N-I Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    15
    Дечки штитниници за раце каде можам да најдам.....
     
  16. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Во џамбо имаш комплет за лактови,колена и раце за 170 денари.За парите се супер.јас ги земав само за торбичката која одеше со нив. :$
     
  17. Bradshaw12

    Bradshaw12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Дечки каде да најдам добри ролери во Ск? Значи во сите спортски продавници се кинески и се ужасен квалитет. Јас возев Саломон 5 години и веќе ми тропаат лагерите па морам да ги сменам ама сакам навистина добри и квалитетни да купам. Плс за инфо ако некој знае.. :)
     
  18. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    9.360
    Пол:
    Женски
    Паа квалитетни ролерки има во сити мол мислам на 2 или 3 кат има продавница за ролерки секако ако имаш доволно финансии.Најдобра марка на ролерки ти е Fila но се над 200 евра.Имаш ролерки од 100 евра и се добри за возење секако ако не сакаш да експериментираш со нив :P Има ролерки во мега спорт, спорт вижн итн.
     
  19. Pinafan

    Pinafan Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Да дадам информација за оние на кои им требаат квалитетни ролери.Јас набавив италијански по супер цена,па доколку на некој/а бара нека ич нека не шета.Нека ми пише порака и ќе ви дадам телефон од човекот.Штета за феминката што не можев да и помогнам.Касно видов,а она веќе беше купила по дупло повисока цена.
     
  20. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Јас си купив од Li-Ning околку 5000 ден. Немаат смрт :)