Имаш во Вучко знам доста луѓе што земале од таму и задоволни се... Исто така во Li - Ning. Имаше во Т.Ц. Веро ама го затворија за на друго место не знам дали има.
Исто така би требало во Вучко да има, исто така и во сите продавници за велосипеди, ролерки и слично.
Сакам да си купам ролери. Може некој да ми препорача некои добри, а да не се многу скапи? Квалитетот ми е поважен од цената.
Возев...ѓоа возев...ко се спуштив надолу по тоа улицата...арно што жива душа немаше...и овие не закочват(поубо кажано не знам да ги закочам речи симоно)и се акнав во едно паркирано комбе онака гушкајќи го се залепив...ај после оди од бандера до бандера од грмушка до грмушка од клупа на клупа и седни ваѓај(извади на битолски)тоа ролерите спасувај животот...
Како помала се имам изнамачено додека да научам. Па кога научив ги терав моите да ми купат, ми купиа, ги возев некое време и после кога пораснав запоставив..
Порано секојдневно возев по неколку часа и сега пак ми се јави желба. Препорачајте добри ролерки со силиконски тркала и пристапна цена?
Ролерки да, ама само на рамен пат. Инаку може да зголемат листовите на нозите што според мене не изгледа елегантно
Порано многу возев ролерки, многу ме релаксираше. Имам мерак повторно да ги ставам во функција ролерките, се надевам не сум заборавила.
Да не знае некој кај може да се најдат лагери и тркалца? Порано имаше во Орка спорт, сеа не можам да најдам
Хеу Уште кога бев мала имав желба да најучам да возам ролери. Но ја немав таа среќа, но желбата никогаш не ми престана. Многу би ми било криво ако не научам да возам ролери, па посакав да почнам со учењето (знам дека нема да биде лесно ама...) Се надевам некој од вас че ми одговори на следниве прашањ 1- Може ли со 17години да научиш да возиш ролери (мислам да не нè е предоцна?) 2- Можеш ли да се научиш само од гледање на некои видеа од јутјуб? 3- Какви ролери се најдобри за почетници?
Лесно е. Годините немаат везе. Можеш и на 40 и на 50 да научиш. Неможеш само со гледање, хаха, мораш да ги облечеш да пробаш Инаку од прво облакање ќе сфатиш како иде и автоматски ќе ти дое да возиш. Она на што треба да се навикнеш е да држиш рамнотежа, да не паѓаш лесно, и треба вежбање околу кочењето. Без разлика какви ролери, нормално силиконски тркала ќе си бираш, и као почетник носи си заштитници за колена, лакти и кацига.
Јас учев на 20 и нешто. Исто како тебе од секогаш сакав, па кога се вработив си купив. . Не ма гледање видеа. Облака ролерите и возиш, така се учи. Подобро за почеток на патека, по мазно е и нема многу пречки. Носи штитеници. Гледај со силиконски тркала да бидат.