возењето ролерки преку лето ми е главна опцесија ..повеќето другарки возиме ролерки , дури сакаме и преку зима ( идеме на лизгалиште во Битола ) не сакаме да пропуштиме забава ..вистина е дека добро се оформува задникот ,,
обожавам да возам ролери, во лето тоа ми е главен спорт, а понекогаш и возење велосипед. И навистина после тоа убаво се чуствувам а и задникот се оформува убаво со восењето ролери
Едвај чекам да се стопли времево за да возам ролери на стаза. Иначе возам од трето одделение, имав од тие со пластични тркала, па кога возев мислиш трактор поминува, а ги добив како поклон од дедо ми за сведителство со сите 5 ки. Баш се релаксирам кога возам и оваа година сакам да си купам нови, па ај препорачајте ми некоја продавница, ама да не бидат многу скапи.
Супер се ролерите, ептен се рекреативни, ем ќе се прошетате, ем ќе затегнете мускули, ем ќе израдувате нечие окце. Сума сумарум, сите имаат полза од нив Јас веќе некое време барам да најдам од оние старите ролшули - роооолшуи, како ги викавме ко деца, на патика со 4 тркалца. Е тие ми се закон! И доста добро знаев и да ги возам Едвај чекам да се стопли па да се клизам по стазите, жжжжжц, жжжжжц, жжжжц - о комши, како е?! Слабееме а? Ако ако. Бандера, ргабууу! Една ластовичка. Две ластовички....
Јухуу едвај чекам да возам ! Како врват деновиве се повеќе и повеќе се како створени за возење Имам едни тие првите што се учев да возам на нив, имам спомнато и погоре ми се чинит дека колцата не ми чинат, па сега сакам да си купам нови, асални па да им се одкостам од возење. А на стариве да им сменам колца па резерва Да ве прашам сега, кај можам да најдам во кинескион да барам ли ? , има да се порача да ми ги пратат преку пошта од некој веб сајт или продавница претпоставувам за спортска опрема така ? И да ми кажите оргиналот колку чинат и кажете кои се поубави , моиве на времето ги зедов 5000 ден. ама не беа оргинал и ви имам кажувано со 3 пара чорапи ги возев дека големи ми беа
Неделава бев зафатена и неможев, а многу сакам да возам.... НО за тоа утрееееее одам на кејјјјј... уффф дел ден ке си се возам
mmmmm sega kako se zaipsav na fitnes so rolerki odam do tamu i se vrakjam. normalno koga e ubavo vremeto
ОБОЖАВАМ РОЛЕРКИИ ^^ Супер е што затоплува, изгледа сите ќе бидеме на стаза Инаку пред месец, 2 имаше и во Orka, Salomon и Reebok донесено многу убави модели, и таму можете да најдете тркалца и се што ви треба од опрема (штитници и сл.)
струмфрета93 ххиххии јас од 5 години ги возам (некаде околу 10 години и тоа се на силиконски т.е првите ми беа полусиликоснки) си купив едни од саломон во скопје пред 4 години силиконски ги нема да мрднат ама затоа не дадов 1000 ден (6100 ) два пати бев и на натпревар оваа година пак ке одам мислам дека
Многу сакам од мала да научам но не ми даваа од доам ама и сега сакам да научам ама нема од кој А и се плашам да не треснам на земјата
Ако имаш ролерки во двор или ако живееш во стан излези во маалото и полека полека учи се не е нешто сложно.. и кога ке се научиш да возиш исто како на патики да си.. иначе ако немаш ролерки позајми од некоја другарка колку да се научиш и натерај ги твоите да ти купат
Ми се плаче кога ги читам постовиве На 6 години почнав да возам ролшули, ми ги донесоа роднини подарок од Италија. На 7 години татко ми ми купи ролери од странство, беше на пат и ми донесе подарок ролери. Возев ден и ноќ. Надвор ги возев по цел ден кога ми ги донесе, а навечер, ги миев и возев по дома На 10 години добив нови ролери од моите ми ги донесоа од Германија, кои ги возев до пред година дена. Веке на ролери возење можам слободно да заборавам, за жал :'( Имам рамни табани од 17 години. Носев ортопедски влошки, правев вежби секој ден и се беше џабе, немаше никакво подобрување. Додека можев возев ролери со памук и завои на нозете, и со по 3 пара термо чорапи. Ама веќе не се издржува, првите 2-3 км супер, ама после ми се прават рани на нозете и неможам да станам :'( Ке пукнам од мака, 11 години на ролери и од еднаш неможам. Продолжив со возење точак, наместо ролери, возам летно време по 20 км, ама не е исто. Ми се плаче кога ќе видам на кеј девојка со ролери... ама тоа е...
Имам коски испакнати, мртви коски се викаат, тие ми сметаат мноооогу. Изгледаат како глуждот, само се многу помали. Ми се прави кожата на нив како плускавец и после ми пука, оди па вози после... Незнам ти дали имаш такви. Зошто и братучед ми има рамни табани ама нема такви коски. Незнам од кај ми дојдоа мене, ама си ги носам, мои си се, за жал...
Jas mnogu sakam vozenje rolerki ne zaradi slabeenje tuku zaradi zabava celo drustvo se sobirame i se vozime bas e zabavno ne vozam mnogu cesto ama sepak vozam... a nozete slabeat li da prasam ? [mod-kirilica:2vmchhul][/mod-kirilica:2vmchhul]
Па до некаде, но затоа задникот и бутините се затегнуваат и тоа многу И јас обожавам да ролам , малце стазата ми е подалеку па затоа не сум во можност постојано но штом најдам слободно време ги земам ролерките и трк на стаза