1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Возење ролери

Дискусија во 'Фитнес' започната од fejsbuk, 19 јули 2010.

  1. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Леле луѓе, јас си купив ролерки лани од Орка, многу се убави, сиво-розеви, само што... Не знам да ги возам. Бев на кеј неколку пати, се возев, ама онака со страв. А кога ќе ги видам некои летаат на нив ми се плаче. Моиве дома многу ми кенкаат, демек џабе ги платиле, кога не ги возам.
    Како така не ви е страв дека ќе ви се избаци некое каменче мало и да паднете на нос? ;(
     
  2. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Обожавам да возам ролери....уште од мала научив да ги возам....кога ни ја асфалтираа улицата постојано се возевме со една комшивка..После неколку години престанав..минатото лето повторно почнав заедно со две мои другарки скоро секој ден, еве сега едвај чекам да се згрее поубаво и повторно да почнам, татко ми вети дека ќе ми купи нови, бидејќи тие старите ми се пластични и жолти, ме е срам да ги возам :D
    Возењето ролери ми е нешто најубаво :P
     
  3. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707


    ако толку се плашиш ништо не правиш :) пробај прво со штитници почни низ двор нешто да се возиж и ќе се извежбаш па после ќе немаш гајле. Ти ако се плашиш толку навистина ќе паднеш. Многу е убаво да се возат ролерки и јас возам. Кога се учев и те како паѓав лом се правев ама сега неам гајле :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  4. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522

    Мислам дека не постои некој што не паднал возејки ролери, ако има некој таков секоја чест!!! :clap:

    Е сега има паѓање и ПАЃАЊЕ или само ке треснеш со газот на земја или ке скршиш нешто (не дај боже!)... Ама стравот најверојатно е до карактерот, а може и годините. Јас до пред три-четири години кога имав ролери не ни мислев што ако паднам или дали ке паднам и си возев без страв, ама затоа сега кога ке ги купувам новите ролери за некој месец планирам и штитници да си земам за колена и дланки! На некој може ке му бидам смешна на стаза ама јас ке ги носам додека повторно не се осигурам дека знам да возам, а тоа не се заборава исто како точак, така да после некој период ке бидам само со штитници за раце (порано ја имав напукнато левата, тоа ме болеше па несакам да знам како боли скршеница).

    Пробај и ти со штитниците и не мисли многу на камчињата повеке уживај во возењето!
     
    На n.a.t.t.y и esperanca им се допаѓа ова.
  5. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    И мене на почетокот ми беше страв, но потоа кога се опуштив немав гајле. :) Не е ништо ниту тешко ниту страшно, многу е важно е да држиш рамнотежа - значи, телото постојано нанапред, свиткана во колениците, така нема шанси да паднеш. Кога се учиш да возиш, пробај што подолго да се задржиш на едната нога, значи не да "одиш" или да "трчаш" со ролерките, туку да "лизгаш". Можеш да си пуштиш некоја побавна песна и да пробаш да возиш по ритамот... Најубаво е за тоа да си најдеш друштво. Исто, пробај да не гледаш цело време надолу, туку фокусирај го погледот на некои 6-7 метра од тебе, на патеката. :) Прашај слободно некој поискусен, така ќе научиш и полесно и побрзо, не се срами. Или ако сакаш викни ме мене, со задоволство ќе ти правам друштво, и така барам жртви за на стаза! :lol: Инаку за каменчињата, не се секирај, кога ќе го совладаш се ова погоре што го споменав, дури и да згазнеш на некое нема да паднеш така лесно, не се и некој голем проблем. Најважно е да се релаксираш и да ги насочиш позитивно мислите и енергијата! :)
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  6. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Ајде, кога ќе идеме? :lol: Ама да знаеш јас морам да се држам за некој дур да се пуштам инаку ништо од возењето.
    Готово, викендов одам на кеј, и во глава ќе ми биде твојов пост! :)
     
  7. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Само ти изрази желба, време ќе најдеме. :D Шала на страна, и јас планирав викендов да одам :) И немој многу да му ја мислиш, пушти се, само храбро и ќе успееш. Примени ги работиве и мислам нема да имаш никаков проблем. Ајде, па да не известиш како си поминала! :)
     
    На n.a.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Сакам да се научам да возам ролери!
    Колку пари се и каде можат да се купат?
     
  9. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Најдобро е да си купиш кога има попусти. Во Reebok, Salomon..тогаш се околу 5-6000.
     
  10. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Обожавам да возам ролерки и преку лето често ги возам. Знам да возам добро ама не знам финти да правам :D
     
  11. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Во средно и основно сите другарки купивме ролери и само се фрцкавме со нив :lol: ептен ни беше супер ем забава ем слабеење...сите 5,6 па и бевме згодни,убави кога ќе не видеа со ролери сите машки ги пленивме :lol: главни бевме...имам дома 3 пари ролери кои откако дојдов во скопјето не ги возам..се случи во прва година факс еднаш да ги провозам низ улица ама тешко ми одеше :( изгубив и кондиција за нив,порано со саати можев да возам,ќе се соберевме откај една, па кај друга ,па на кафе со нив секаде :lol: на кеј не сум била да ги возам пошто ми е далеку....и мака ми е што ми стојат дома и фаќаат прашина :(
     
  12. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    луѓе да не знае некој каде можам да си најдам силиконски ролерки за 1000 и нешто денари? :worried:
    Не барам некои пре квалитетни ама па не сакам ни при рпво возење да се распаднат. Знам дека имаше во продавницата Ловец, ама ја затворија таа во карпош 4, да не знае некој каде ја има на друго место оваа продавница слушнав дека во тафталиџе негде ама не знам каде точно? Ве молам навистина ми е важно кој знае нека каже :)
    (не сакам да купам поскапи бидејќи може нема да ги возам толку често па за џабе сум дала толку пари)
     
  13. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    ^
    Толку ефтини не сум слушнала дека постојат ниту пак видела... Минатата недела јас гледав ролери во сите спортски продавници што ми текна дека постојат во Скопје и најефтините на кои наидов беа во орка околу 3000. Еден најдобронамерен совет од мене, иако знам дека ќе ти ја расипам желбата, подобро не купувај воопшто ролери ако неможеш да одвоиш повеќе пари! Последните ролери што ги имав беа марка непозната, квалитет среден накај слаб и што ако ги имав кога неможев да ги возам зошто не ми беа удобни. Пола саат до саат и после тоа нозете не си ги чувствував ниту пак во следните неколку дена можев да облечам нешто на нога! Извини ама стварно е така :worried:

    Инаку јас мислам дека се одлучив кои ролери ќе си ги купам утре (конено) и многу сум среќна! Како мало детенце им се радувам :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Не се купуваат сега ролери женски ако не ви се фрлаат пари :) Јас зимото си купив преубави ролери, во најголемиот снег, ама од 7000 денари беа намалени на 3000. Не дека и 3000 е нешто многу ефтино ама стварно се квалитет, многу се удобни и многу полесно се вози од оние што ги имав предходно. Инаку од Salomon. Тогаш да сте купувале овие од 3000, ќе сте ги нашле за по 1500. Баш тој период кога беа актуелни скии и зимските спортови

    Јас прв пат се качив на ролери на 5-6 години, уште во школо не бев тргната и имам многу паѓано, имам две лузни на нозете од ролери. Абе тогаш ни страв ни ништо, се пуштам по удолница и директно во нечив двор се закопувам и немам гајле :D сега ми е страв, си возам нормално ама неможам да се опуштам така. А и ако треснам сега ќе биде од повисоко :lol: Лани пробав нешто да скокам, да се вртам, паднав и си ја заебав ногата, па ми помодре прстот, па ми падна ноктот, па на "операција" да го вадат....и сега ептен имам страв. Си возам само на кеј право и ми е гајле, уживам 8)
     
  15. ToRmEnTeD.LoVe

    ToRmEnTeD.LoVe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    50
    Никогаш немам возено ролери и искрено малку ми е страв кога ги гледам тие тркалца 4 подредени 1 зад друго...буу :$ Многу пати сум гледал деца како паѓаат, особено мали девојченца и некако...језиво ми е. Мислам дека никогаш нема да пробам нешто такво :lol:
     
  16. spanko

    spanko Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    522
    Ќе те мразам заради ова :lol: Јас утре ќе давам 6000 ти вакви муабети пред легнување ми правиш! Ама дека е вистина, вистина е!
    Умрена сум по квалитетни ролери, но никогаш не ги купив затоа што кардиологот ми забрануваше да возам, реално ми забрануваше да мрднам (како мала ми имаат правено операција на срце, пу пу добро поминало се сега сум сосема нормална речиси исто како ништо да не било). Но одкога се префрлив од детско кај возрасни сите следни доктори ми рекоа дека баш на срцето му треба активност постојана, но умерена, тоа не е проблем знам да се контролирам кога ќе се подзаморам да одморам.
    И така јас кога добив зелено светло решив да завршам со полагање и купувам! Да чекам уште едно лето, нема теоретски шанси, ќе треба да киднапирам некоја девојка на стаза да и ги украдам ролерките :lol:
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.164
    Допаѓања:
    23.019
    Пол:
    Женски
    просто ги обожавам ролерите,да можела секој ден би се возела иако заради нив носев лонгета две недели јас пак се качивв на нив :D :inlove:
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Купи си и со здравје да си ги носиш (да не ме начекаш мене па да останам јас без ролери :D )
    Баш ми е мило што ќе си возиш сеа, чим таква била работата ич да не ти е криво за парите, дај ги со ќеф и вози си цела пролет и цело лето и имај си квалитетни ролери
    Па може ќе се видиме на кеј, ако видиш убави црвени ролери - јас сум :D
     
    На spanko му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Си возам ролерки. Интересно е, но и корисно истовремено. :lol:
    Уживам во возењето. ;)
     
  20. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    сакам да возам и возам ама незнам што им е на мојте ролери ми прават плускавци од страната :^) :( :( :( :(